1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аминокиселини

Дискусија во 'Фитнес' започната од Anely, 7 април 2011.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Вака само што почнав да одам на фитнес значи само неколку дена и сакам по некое време да почнам да пијам аминокиселини. Знае ли некој како се пие тоа пред тренинг, после тренинг и колку помага во топењето на мастите?
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ке набиеш мускулна маса, МОЖЕБИ ке се намалат масните наслаги, ама ке си ги туриш бубрезите.
    Мислам дека нема фајде од тие чуда, бидејќи посакуван резултат можеш постепено да си добиеш.
    А и не знам женски колку користат вакви работи. Знам за мажи, и тоа што сакаат во рок од еден месец да станат билдери.
    На оние што им е потребно да земаат, во однос на работа (да речеме професионални бодибилдери и сл.) им се препишани од доктор.
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Еве некоилку работи што треба да ги знаеш за аминокиселините:
    Човечкиот организам е сложен систем кој е создаден од органски и неоргански молекули. Основна градива единица на молекулите се аминокиселините.

    Аминокиселините се одговорни за азотниот баланс задолжен за зголемување на мускулна маса а при редуцирано хранење имаат изразен анаболен ефект.
    Според потеклото постојат повеќе видови на аминокиселини:

    1. Млечни- направени се од калциев казеинат со ензимна обработка. Погодни се за прием во време на изградување на мускулна маса.

    Направени се од лакталбумин и лактоглоболин. Карактеристично кај нив е високата содржина на БЦАА (аминокиселини со разгранета врска) и глутамин. Тие се многу добар избор и се погодни за користење во секој период од подготовките на атлетите.

    2. Говедски-(од говедски црн дроб). Во говедскиот црн дроб содржан е добар аминокиселински профил кои придонесува за зголемување на силата и мускулната маса.

    3. Јајчени-имаат висока биолошка вредност и се погодни за ставање на мускулна маса.

    4. Соеви кои не се толку ефективни како предходните два.

    5. Комбинирани со исклучително висока вредност.

    6. Фармацевтски кои се направени по фармацевтски пат. Профилот им е според степенот на разградување на протеинската молекула и според формата па според тоа се групирани по следните видови:

    -Аминокиселини со 100% слободна форма на кои усвојувањето им е максимално брзо и се наоѓаат исклучиво во капсули.Пр.Амино 2222 капс. на Optimum Nutrition се пример за тоа.

    -Хидролизирани протеини-кои веднаш се претвораат во аминокиселини.

    -Протеин во таблети-пример за нив е Амино 2222 таб.на Optimum Nutrition каде има во секоја таблета по 2 гр. чист протеин.
    Аминокиселините можат да се примаат преку:

    -таблети кои е најпопуларна форма за лесен и брз прием на аминокиселините.

    -капсули- се искористуваат аминокиселини во слободна форма, БЦАА , есенцијални и др.

    -течни - погодни се за користење пред и после тренинг. Нив исто така ги земаа луѓе со проблеми со хранопроводот.

    -аминокиселини во прав се тие кои што организмот најбрзо ги усвојува.


    Друга група на аминокиселини се оние со изменет профил или со точно определен состав.

    -БЦАА-Аминокиселини со разгранета верига се користат пред и после тренинг и имаат силен антикатаболен ефект.

    -Аминоесенцијални-содржат само незаменливи аминокиселини. Внесувајќи ги со исхраната ја зголемуваат биолошката вредност. Тие се многу потребни при непотполно и еднообразно хранење. При земање на аминокиселини потребно е да внесувате неколку видови. Кога тренирате за маса треба да му ги осигурате на телото потребните калории-со гејнер и после земете аминокиселини. Пред тренинг најдобро е да се земаат аминокиселини со брзо дејство најдобро течни. Најдобри пред тренинг се БЦАА.



    За да се обезбеди внес на незаменливите аминокиселини треба да ги внесуваме преку текот на денот преку храната кои што е богата со нив.
     
    На MarchelineAmaru и Anely им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Незнам нешто посебно за аминокиселините, ама знам дека се продаваат во Скопје во Вингфитнес, баш имам каталог од таму и пишува кога да се употребуваат, колкаво количество треба да земаш.. Има и жени што земаат вакви работи ама најверојатно се во помал број од мажите. Сепак, мислам дека е најдобро да одиш на лекар и да се советуваш со него и да го прашаш дали воопшто смееш да земаш, чисто да не ти наштетат на организмот..
     
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Значи никој да не ве лаже дека со Амино ке набиете мускули :) Просто кажано,амино се пие за одржување на мускулите ДОДЕКА топите сало. Бидејки односот на согорувањето масти-мускул е 1 спрема 3 (значи повеке мускулгубите него ли сало) се зема амино за да не се изгуби мускулот. Во спротивно еве еден пример, ако правите кардио (највеке така се горат мускулите нели) редовно и повеке од 30 мин повеке мускулите ке ги оштетите него ли салото што ке го изгубите. Уште еднаш ке кажам-Аминото може само да ви помогне, рачунајте и дека убрзува метаболизам и ке приметите какво е потењето со амино а какво е без. Од друга страна,исто така немој некој да ве излаже дека ке си го пореметите нешто организмот,бидејки аминото не е стероид (амино и самиот организам лачи нели), туку е суплемент (додаток) во исхраната.
     
    На Lepotajce, kikkki и glosipgirl им се допаѓа ова.