1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Амиши

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од happygirl, 25 септември 2011.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Побарав низ форумов, ама не најдов ваква или слична тема.

    Лично мене, од секогаш ме интересирале Амишите како луѓе и нивниот начин на живот, нивните размислувања и ставови кон истиот. Сега гледав еден филм со таа тематика, и се сетив да ја отворам темава. Најпрво, еве краток вовед во тоа, кои вусшност се Амишите.

    Историјата на амишите почнува во 17 век во Швајцарија, кога и настанала сектата што се отцепила од анабаптистите. Меѓу многуте и различни верски заедници и верувања што денес постојат во Америка, најмногу се издвојуваат претставниците на христијанско-протестантската секта амиши. Тие живеат во технолошки најнапредната држава во светот, но во свој посебен свет. И денес тие патуваат со коњски коли и кочии, одбегнуваат да користат предмети што работат на струја, во нивните домови нема телефони, компјутери ниту пак светилки, јавуваат светските агенции.

    Носат едноставна облека во темни бои. Од околу 200.000 амиши во светот, 99 отсто од нив живеат во САД, а другите се во Канада.

    Првпат вниманието на јавноста го привлекле во средината на 80-тите години од минатиот век, кога е снимен филмот „Сведок“ со Харисон Форд. Денес најпозната заедница на амиши живее во округот Ланкастер во Пенсилванија, каде што е и снимен филмот „Сведок“, па поради тоа тука можат да се видат и многу туристи што доаѓаат да ги фотографираат мажите и децата облечени во црни капути и со жолти сламени шешири, и девојките и жените, кои носат долги фустани и бели шамии.

    Откако ќе се оженат, мажите пуштаат брада, која никогаш не ја бричат дури и ако наполнат 90 години, што е и вообичаена старосна граница, зашто тие се хранат мошне здраво и имаат едноставен начин на живеење.

    Тоа е патријархална заедница што почива на строги правила во која мажите јадат пред храната да им биде послужена на жените.

    Историјата на амишите почнува во 17 век во Швајцарија, кога и настанала сектата што се отцепила од анабаптистите. Подоцна заедницата се проширила и во Германија. Тие решиле да се одвојат зашто сметале дека Анабаптистичката црква не е доволно строга и нивните верници не живеат чист и скромен живот.

    Откако биле прогонети во 1693 година, тие заминале во САД. И додека Америка се индустријализирала, тие продолжиле да живеат од својата плодна земја, верувајќи дека Господ сака тие да живеат токму таков живот.

    Децата на амишите одат во посебни школи во кои има една училница, а земјоделството се' уште е главниот извор на приходи на заедницата. Тие се многу побожни, строго ги почитуваат библиските заповеди и не ги користат модерните изуми.

    Да се стане амиш е право на избор, но ретки се тие што ја напуштиле таа заедница. Тинејџерите можат да избираат дали ќе се приклучат кон заедницата или ќе живеат како повеќето млади во светот. Но и меѓу нив работите се менуваат, па сега постои заедница што се нарекува „нов ред“, кои на пример користат автомобили. Интересно е и тоа што бројот на амиши во Ланкастер во изминатите пет децении се зголемил дури за три пати.

    Сепак, тие продолжуваат да живеат надвор од општествените текови, но плаќаат даноци зашто законски се обврзани на тоа. Но, не гласаат на избори и не користат здравствена заштита, немаат пензии и не ги пуштаат децата во државните училишта.

    Се' до 80-тите години на минатиот век амишкиот пацифизам и старомодниот начин на живот за многу Американци бил туѓ и неразбирлив, но денес ситуацијата е обратна. Со денешното брзо темпо на живот многумина Американци се привлечени од едноставната филозофија на живеење на амишите.

    Значи, времето како да застанало во светот на Амишите.

    Па, ајде да ги слушнам вашите мислења на темава. Ако некој/а има интересни информации за овие уште поинтересни луѓе, би биле добредојдени овде. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • images (2).jpg
      images (2).jpg
      Големина на фајлот:
      9 KB
      Прегледи:
      484
    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      10,7 KB
      Прегледи:
      480
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8,3 KB
      Прегледи:
      479
    На Sephora, Magnolija и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Еј мене многу ми се интересни овие, еднаш ги даваа на Опра, дури мислам дека сакала таа да проба да живее како амиш, ама не и дозволиле заради камерите. :D Си веруваат бе, си се држат до тоа што го мислат, не отстапуваат така лесно. Не знам како успеваат да одолеат на искушението на врвна технологија, олеснет живот, разни лекови... Ако им чини, супер.

    Инаку, мислам дека не може да бираат дали сакаат да ја напуштат заедницата или не. Имам читано за случаи каде што родителот е лут и се откажал од своето дете затоа што ги напуштил Амишите. Хм, можда грешам. :?:

    Баш симнав еден филм, по препорака на Џули, во врска со една Амиш девојка, планирав да го гледам деновиве. Стварно ме интересираат и мене овие Амишиве, по емисијата на Опра ги гуглав. :D
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Многу ми се интересни. За нив прв пат слушнав пред околу една година од еден филм. Заборавив како се викаше филмот :^) Жените беа облечени како млекарки. Сите. За мажите веќе кажавте.
    Мое мислење за амишите. Се чудам како издржуваат да не живеат како остатокот од светот. Со струја, телефон, компјутер итн. Понекогаш им завидувам затоа што не се завлезени во лудоста на интернетот на пример. Ние не можеме да замислиме ни неколку дена без интернет, а тие никогаш не користеле. Па, некогаш помислувам дека нивниот начин во поглед на тоа е многу поздрав и поубав.
    Интересени се во секој случај. Има многу интересни податоци за нив, многу простор за споредби и размислување.
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Па и јас откако го изгледав филмот The Shunning, ја отворив темава. Одличен филм за овие интересни луѓе.
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Во Америка имаме пријатели каде во нивната куќа девојчиња амиши им чистеле три пати неделно, велат дека почесен народ немало од нив
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Прееска ја читав статијава за нив, ми привлекоа внимание, па веќе 1ч истражувам повеќе информации за нив, така стигнав и до темава. :rofl:
    Screenshot_20211106-203627_Messenger.jpg
    Линк: https://www.fakulteti.mk/mobile/new...kazha-amishite-mutirale-zatoa-zhiveat-podolgo

    Навистина интересни и уникатни. Како да си живеат во свој посебен свет.
     
    На happygirl, elimkd и Elenpelen им се допаѓа ова.