Амниоцентеза

Дискусија во 'Бременост' започната од zombi, 24 декември 2012.

  1. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    Здраво на сите барав ваква тема бидеќи ме интересира ама не сретнав ако ја има веќе слободно кажете. Пред три недели бев на амниоцентеза. Бремена сум 5месец и од дента кога ми ваѓаа плодова вода вечерта одма болки добив и така на секој два дена јас добивам болки. Лежев два дена на болница пак заради болки па ме интересира дали некој има слично искуство, колку е тоа опасно, а слушнав дека имало и ризик од предвремен пораѓај и др.работи. Поз до сите.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    133.643
    Пол:
    Женски
    Zombi, биди стрплива, знам дека ти е итно. Ако има членка на форумов со искуство од амниоцентеза, сигурна сум дека ќе пише :) биди смирена, ќе биде сè во ред. Се надевам дека контактираш и со матичен гинеколог и ги следиш неговите совети. Мирувај и не се нервирај, знам дека не ти е лесно, ама ќе помине.
    Амниоцентезата е инвазивен метод кој си има свои ризици, но ако е изведена како што треба, од стручњак, нема никаков проблем.
     
  3. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    Фала за одговорот ми беше битно дали тема како тема е достапна за другите и дали ја читаат се надевам дека некој ќе ми пише :?:
     
  4. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    35
    Jas poradi amniocinteza go izgubiv bebeto. Ako imas bolki pravo na ginekolog da ti dadat apcinja protiv kontrakcii i strogo miruvanje i nemoj da se vednes, digas tesko.
    Ajde se nadevam se ke bide najdobro.
     
    На Jokiiniki и Aleksandra1977 им се допаѓа ова.
  5. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    на братучетка ми и правеа амниоцентеза ,Димитров и ја правеше во Ремедика во петти месец она сама побара пошто неможеше долго да забремени па потоа спонтан а и дека повозрасна мислам на 38 год остана пак бремена и немаше никакви проблеми се помина во најдобар ред и со неа и со бебето. поздравче и само позитивно :*
     
    На Aleksandra1977 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    kalina1 mnogu mi e zal za bebeto tvoe,steta sto bese neophodna da ja napravam sve makite mi pocnaa posle nea,se nadevam deka bebusot ke izdrzit i onaka premnogu stresovi doziveav ovaa bremenost i bas sega koga so bebusot e se ok pocnaa bolki :worried: se nadevam se ok ke e....
     
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    184.361
    Пол:
    Женски
    Јас правев амниоцинтеза кај Д-р. Хаџи Лега на ГАК. Првиот пат докторката не успеа да извади од плодовата вода па ми рече да дојдам пак по една недела. Кога дојдов дома одмарав цел ден и имав непријатно чуство и контракции цел ден. Плус бев многу исплашена а и нервозна дека ќе треба повторно да одам. Следниот пат не ме болеше воопшто постапката а и дома кога дојдов немав никакви болки но сепак дента лежев и одмарав.
    Се надевам ќе ти поминат болките а резултатите ќе ти бидат добри.
    Поздрав.
     
  8. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: Пресреќна сум денеска резултатите после цели 3 недели стресни,напнати,поминати во солзи за иднината на мојата принцеза,повторно се родив денеска све е во ред со резултатите,никави болести,никаква аномалија,а проблемот беше циста на главчето и наборот на вратчето подебел од нормалното.ФАЛА ТИ ГОСПОДЕ милион благодарам ми падна товар од душава,утре конечно ќе го видам на ехг без солзи среќна,ќе го земам првото цд да го гледам пошто предходно не зедов колку сум среќна што не се откажав од него од самиот почеток кога ми рекоја да го абортирам -јас одам до крај реков-ми се исплате вербата во господа ми даде сила ќе издрзам се сега можеби и болките сега ќе престанат-ПРИНЦЕЗА НА МАМА ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ТЕ ВИДАМ :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Senjorita14, LaBella, StEfAnIjA-84 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.794
    Јас имам правено амниоцинтеза во 18 недела од бременост. Сигурно ти ги кажале можните компликации од неа (јас правев во Ремедика и пред постапката морав да потпишам изјава дека сум запозната со постапката и со моќните последици од неа, штом ти даваат изјава да потпишеш за да се заштитат самите, јасно е). НО, исто така е важно и дека компликациите се многу ретки. Како што ми објасни лекарката, сега се прават со мнооогу потенки игли и многу попрецизно, па со самото тоа и компликациите се многу поретки. Мене ми рекоа дека првиот ден може да чувствувам некои контракции, зашто сепак, колку и да е тенка иглата, поминува низ матката за да стигне до плодовата вода. Ми рекоа да внимавам дали случајно истекува нешто, ако истекува, веднаш да одам на лекар, оти во тој случај најверојатно се работи за плодова вода. Исто ми беше кажано дека треба да се следи температура и сл заради опасноста од инфекции (иако се прави со стерилна опрема која буквално пред мене ја отвараа со сите др. придружни мерки на зголемена претпазливост). Ако имаш било каков проблем треба да одиш на ехо, таму најдобро ќе се види се. Мене кога ми земаа примерок од плодовата вода во исто време ме гледаа и на ехо, за да не се случи нело бебето да мрдне и да го повредат. Сакам да кажам, ги преземаат сите потребни мерки за постапката да помине што е можно побезбедно. Од друг случај, кој го најдов на интернет пред јас да правам, жената имала контракции после амниоцинтеза, и тоа болки имала цели 3 недели, ама на крај се завршило добро и си родила здраво право бебе. Во секој случај, после ваква постапка, при секој проблем се оди на гинеколог. Обично нели велат кај тој што ја правел амниоцинтезата, ама ако не можеш таму, јави се кај твојот лекар, ќе те прегледа, може да ти направи и анализи на крв и урина да види дали е се во ред, случајно да не дошло до некаква инфекција, ќе ја проверува количината на плодова вода итн. Важно е и да не се заморуваш, лежи деновиве, релаксирај се и ако мислиш дека има било што невообичаено, оди на преглед.
    И опушти се, се ќе биде во ред, зошто да не биде? :)
    едит: Гледам во исто време сме пишувале, супер за прекрасната вест, уживај сега и опушти се, да не те чувствува бебушот напната. Погали го мешето и од мене :hug:
     
    На Aleksandra1977 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  10. Aleksandra1977

    Aleksandra1977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    103
    Амниоцинтеза ДА или НЕ

    Во 14та недела од бременоста сум и најитно треба да одлучам дали да одам или не на амниоцентеза. Прочитав дека е висок процентот на спонтани абортуси предизвикани од процедурата (околу 15%). Така да, ако имате било какво искуство Ве молам за одговор, секој совет ми е драгоцен, а се надевам дека ќе им биде добредојден и на другите трудници кои што се во недоумица. Исто така, ме интересира која е цената на ГАК со сини картони.
     
  11. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    755
    Амниоцинтеза ДА или НЕ

    Како што имам читано Амниоцинтезата е испитување со кое низ стомакот на трудницата со тенка игла се зема плодова вода а оштетувањата се скоро невозможни. Испитувањето не боли, затоа стравот е непотребен. Сепак 3 дена по амниоцинтезата се препорачува одмор, бидејќи во тој период можни се компликации. Најчеста компликација од испитувањето е абортус, иако до него доаѓа многу ретко, во 1 % од случаите.
    Еве одговор од жена која применила аминоцинтеза, го ставам во спојлер за да не биде многу долго.
    Ива- И јас имам правено амниоцентеза и тоа во двете бремености, поради тоа што во фамилијата на сопругот имаат заболен од Даунов синдром. Иако медицината кажува дека ова не е наследна болест, стравот беше присутен.
    Инаку самата постапка не е болна, но кај 1% можно е да предизвика спонтан абортус. И замислете на првото тестирање за малку ќе бев во оние 1%. Земањето на плодовата вода не беше болно, траеше неколку минути, се беше во ред, но после 10-тина минути одеднаш добив толку силна болка во пределот на јајниците, мислев дека некој со нож ме пресекува. Од силната болка ми се фати грлото, не можев да им кажам на докторите што ми е. На раце ме однесоа на кревет, ме приклучија на инфузија, ми ставија инекција дијазепам и ноќта ја поминав во болница. Всушност тоа беа породилни болки, со таа разлика не се појавуваа на периоди, туку траеа без престан. Утредента се смирија, последици немаше за среќа, само што ми порачаа беше дека ќе треба да лежам до крајот на бременоста. Не знам дали поради тоа , но јас се породив во 35 недела, ми пукна водењакот а немав болки.
    За среќа, во втората бременост немав никакви проблеми, се си помина во најдобар ред.
    Значи се е индивидуално и никој не може да предвиди што ќе се случи. И покрај тоа јас ја препорачувам амниоцентезата за сите жени од сите возрасти, бидејки живееме во едно не "здраво" време.
     
    На Aleksandra1977 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    И јас да си ја кажам маката, се спремам психички за амниоцинтеза во вторник и многу ми е страв. Се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе ми кажат дека е девојче :)
     
    На MacenceEna и slavica999 им се допаѓа ова.
  13. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Зошто ќе одиш на амниоцинтеза? Имате некој во фамилија со даунов синдром или слично? Мислам дека не е баш препорачливо онака да се оди за Just in case.. Зборував и со матичната, вика ако нема реална причина за да се мислиш, тогаш немој да одиш.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    4.917
    и јас истото би те советувала доколку немаш потреба да одиш не оди. Но нели секој си знае за себе :tmi: тука сме само да дадеме совет ;)
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. love4ever

    love4ever Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    37
    nesa,јас и ти сме тука некаде со термините,2-3 дена разлика :)
    Сум слусала за многу неубави работи сто се слуцувале по правењето на амниоцинтеза, така да,ако немас некоја реална прицина,не оди :!: Јас не планирам да одам.
     
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Знам свесна сум за ризикот, ама бидејќи ми е трета бременост, 36 години и пропуштен преглед во 12 недела морам да одам. Др ми рече да не ризикуваме, а ептен му верувам, и затоа се решив.
     
  17. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    127
    Штета што си го испуштила скринингот на крајот од првото тромесечие. И да и јас сум слушнала дека во подоцнежна бременост препорачлива е амниоцинтеза... дај боже се да е ок и да ти се оствари желбата за девојче :makeup:
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    Бидејки си на возраст од 36 години пожелно е да си ја направиш аминоцинтезата али пази распрашај се точно која недела се прави аминоцинтеза за да не кикснете нешто инаку е нормална интервенција од 15 минути со тенка игла се влева дирекно во стомакот и се вади плодова вода под надзор од ехо апарат и да, се случуваат спонтани али тоа е многу мал процент значи добивкатае поголема од ризикот и недај боже се случува спонтан ако интервенцијата ја врши некој квази доктор затоа ке одиш некаде каде што сметаш дека е добар лекар
    Едина грешка ти е што си го пропустила скринингот во 12 недела али сигурно имаш причина зошто е тоа така
    Немаш потреба од нервози и мислачки се ке помине во најдобар ред и ке си бидиш мирна кога ке знаеш дека се ево ред со твоето бебенце
    позд и пиши ни како ке поминеш
     
    На nesa и loki.c9 им се допаѓа ова.
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Еве ме и мене после направена амниоцентеза и втор ден во кревет. Не поминав како што очекувавме со докторот, мораше 3 пати да ме боцка и сега се ме боли. Др детали (шалтерски) не ви ги објаснувам зашто само кај нас е тоолку неорганизирано. Во ГАК бев во 8 а дома стигнав во 15 :(
     
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    184.361
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    ^Мене само заради амниоцинтезава не ми се останува повторно трудна. И мене ме боцкаа два пати ама не одно по друго туку во две различни недели. Првиот пат имав болки и контракции а вториот(успешен) пат не ми беше ама баш ништо.
    Со среќа за резултатите.