1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Амниоцентеза

Дискусија во 'Бременост' започната од zombi, 24 декември 2012.

  1. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    111
    Да се пријавам дека бев кај Котларова на втор скрининг по препорака од форумов. Докторката е детална и секој орган детално го објасни. За жал кај едното близначе ми константира 4 софт маркери. Јас и маж ми во ШОК! Нема што не пречитав овие два дена и навистина незнам кој пат да го фатам.

    Софт маркерите се 1. SUA или папочна врвца со една артерија
    2. Ехоген фокус или голф топче на срцето
    3. Циста или cyst plexus choroid во главчето
    4. Дилатираниот бубрег

    Иако овие софт маркери изолирано незначеле ништо, докторката е загрижена бидејќи се појавуваат дури 4.

    Женското близначе ми е за 1 недела поназад, а машкото неколку дена понапред.

    Иако имам правено пренатален Qualified 180 со 12% фф докторката ми кажа за двојајчани близнаци најдобро е панорама, затоа што со Панорама се знаела точно фф од секое близначе а вака неможеме да знаеме со точност од кое близначе со колку фф учествува во овие 12.

    Да напоменам прв скрининг го правев кај Димчев и се беше во ред. Во 15та недела повторно бев кај него на преглед уште тогаш женското беше помало но тој воопшто не беше загрижен.

    Сега имам препорака за амниоцентеза и итно закажав кај Димчев, меѓутоа многу ми е страв од амнио да не го ставам во ризик и другото близначе :(
     
    На Ladyme и BubamaraM им се допаѓа ова.
  2. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    170
    Во Систина ќе правиш и амниоцентеза?
     
  3. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    111
    Да, прво ќе се консултирам со докторот за ризиците ама секако препораката на докторката беше таму да правам
     
  4. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    170
    Ич да не се секираш за тамо, ќе видиш за помалку од минута завршуваш. Имаат посебно ехо со специјална сонда за амниоцентеза - така ми објаснија. Мене Гордана ми правеше, ама и Димчев беше тука, излези - влези. Почекуваше да завршиме за да продолжи со негови пациентки.

    Околу тебе ќе има и сестри и доктори, јас бев многу уплашена, не ме оставаа ни сама да станам од кревет, на стол ме зедоа за во друга соба и постојано беа тука. Иако бев ок кога заврши постапката, пак за секој случај не ме оставаа. Дури за во вц ме придружуваа.

    Жално е што мораме да го тргаме ова, ама веќе кога дошло, ќе се издржи. Стави си во глава дека правиш се што можеш најдобро за бебињата.

    Да се надеваме дека навистина тие проблеми немаат значење.
     
    На Ma4ence11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    111
    Фала ти многу што ми објасни детално. Овие денови се преплакав и полошо не памтам да сум се чувствувала.
     
  6. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    170
    Знам, истата бев. Кога ќе правиш? И што и да те интересира да прашаш слободно пиши.
     
    На Ma4ence11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    111
    Во вторник сум кај Димчев па ќе договориме кога
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.