Се извинувам после волку време што ве навраќам на темава, ќе ве замолам за искуство со sludge и скратен цервикс, како се справивте имавте инфекција или нешто друго? Јас сум 20 недела и цервиксот ми е 20 мм, чекам резултати од брисеви и уринокултура. Лежам и сум во паника. Уште еднаш се извинувам што ве навраќам на темава. Но секое искуство ми значи многу.
Не се секирај, еве јас сум сега во трета бременост и повторно ја терам истата приказна – скратен цервикс, sludge и серклаж. ❤️ Во првата бременост имав цервикс околу 20–15 мм, со sludge во 19 недела. Ми дадоа антибиотик Сумамед 2 пати дневно, после терапијата sludge-от ми се повлече. Потоа ми направија серклаж и со него ја истерав бременоста до 38. недела, со планиран царски рез. Така што, не се плаши однапред. ❤️ Знам дека кога ќе го видиш бројот 20 мм и ќе слушнеш sludge звучи страшно, ама има и многу случаи каде што со соодветно следење и терапија бременоста продолжува убаво. Секако, кај секоја жена е различно и најважно е да си под надзор на гинекологот и да ги почекаш брисевите и уринокултурата. Само имај предвид да разговараш со докторот што побрзо за серклаж, бидејќи си 20-та недела. Најчесто се поставува до 24-та недела, па не би одложувала ако докторот смета дека си кандидат за него. Кај мене серклажот многу ми помогна и со него стигнав до 38 еве и со 3 бременост исто сега сум 33 недела а во оваа бременост серклаж напраив во 14 недела ❤️ Ти посакувам од срце сè да биде во ред и да стигнеш што подалеку. ❤️