Труднички муабети па кога толку те задржале бар и дневница требало дати дадат ти цело работно време па тоа се е стока да ги испукаш и око да не ти трпне брееее
Правев амниоцентеза, кај др. Ана Донева на ГАК, добро поминав, без последици, освен што и мене успеа од трет пат да ме боцне, сум имала силни стомачни мускули? ОК, чекаме резултати.
зомби со солзи во очите (од среќа) го прочитав твојот пост и се пронајдов во него. Јас по цели денови се молам за моето бебенце и непрестано и бесконечно верувам во Господ дека ќе ме слушне и ако тој одлучи да биде се во ред со нас така и ќе биде. Јас сеуште немам правено аминоцинтеза, чекам да дојде вторник и да одам на комисија на ГАК и да видиме што ќе се одлучи. Јас сум ЗА да се направи ова испитување и да се стави крај на сомнежите за неправилен развој на бебушко. Си викам што биде нека биде!!!
бас ме интересира како помина резултатот се надевам дека се е во ред и дека господ ке ти помогне а ако биде поинаку така требало да биде тески се овие стресови ни на дусманот не му ги посакувам умирав дури ги цекав резултатиме ама ете било за мене после аминоцинтезата секоја недела лезев на болница значи после 4 месец секоја недела по неколку дена поради аминоцинтезата и затоа болки породилни добивав кога влегов во 9 ти месец на почетокот се роди мојата принцеза иста на мамичка и кога ја зедов во прегратка и реков ти си мојот борец и фала ти господе со ми даде сила да издрзам за мене била,сега бебушот ми имат два месеци и толку многу се гордеам со неа и кога се породив и правеа реанимација зосто срцето престана да чука,ама таа не ја остави мамичка знаесе колку многу се намачив за неа,сега се си е во ред си растеме и си се гушкаме после борбата двете со ја поминавме се добро се заврши.
Здраво фемина мајки...Во 14-та недела бев на 4д ехо и скрининг , докторот беше загрижен заради резултататот, и ми препорача да направам амницентеза, јас сепак сетав дека ми треба второ мислење и веднаш закажав Плодност-Битола , утре сум на преглед... ве молам кажете ми што значи амниоцентезата,како оди процедурата дали е многу болно и што ми прават...И самиот резултат кој е лош, само тоа ми беше кажано умирам, од страв ....Ви благодарам
Со амниоц. се испитуваат хромозомски пореметувања, на пр. Даунов синдром. Со многу тенка игла се зема примерок од плодовата вода и се испитува дали има хромозомско пореметување. Кај нас обично се испитуваат 4 кои се сметаат за најчести. Процедурата не е комплицирана, ама бара искуство и прецизност од лекарот кој ја изведува. Прво на ЕХО се гледа каде е плодот, и потоа цело време се следи на ехо состојбата, затоа што се внесува многу долга игла внатре во матката за да се земе примерок од плодовата вода, па се гледа да не се мрдне бебето на пр. Се работи во стерилни услови, значи се става стерилна прекривка на стомакот како за операција и цела друга опрема е стерилна, нормално, па ризикот за инфекции е скоро 0. Штом лекарот се сомнева по извршено ЕХО, најверојатно го мерел нухалниот набор кај бебето. Но ова само претпоставувам, секако. Од друга страна, во што и да се сомнева, најдобро е да се направат испитувања. Амниоцентезата денес е многу посигурна отколку порано. Сега се прави со многу потенки игли, што е многу важно за затворањето потоа на местото каде што е вметната иглата. Ризикот од спонтан абортус по процедурата е релативно мал, од 0,05 до 1%. Најдобро е да се прави од 16 до 18 недела. Пред 15-та недела велат дека ризикот од спонтан абротус бил поголем. Во однос на болката, не боли воопшто. Велат дека во 99% точно открива можни проблеми кај плодот и сепак е најсигурен начин за дијагностицирање вакви работи (затоа што не е статистички тест, како некои други, туку се испитува преку ДНК на бебето). Ти посакувам сите испитувања да ти поминат со лесно и резултатите да бидат добри. Ти гледај помалку (ако можеш) да се нервираш и да се јадеш самата. Знам како е, го поминав и јас тоа и како на игли бев, ама труди се свесно да ги вртиш мислите на друга страна, колку можеш.
Бидејќи е објаснета постапката за аминоцентеза нема да се повторувам. Јас правев во Сиситина кај др Петровска и поминав супер.Постапката трае 1 минута и не боли (обична инекција повеќе боли). Не ми рекоа воопшто да лежам само да не дигам ништо тешко. Инаку и јас бев преплашена пред да правам аминоцентеза и верувај дека одлуката можеш само ти да ја донесеш. Ризик постои и да правиш и да не правиш аминоцентеза. Ти посакувам со лесно да поминеш и само убави вести да слушнеш!
Verba фала ти многу на поддршката....Како што напишав бев на закажаниот термин во Плодност и фала му на бога се помина во најдобар ред....не ме болеше,траеше кратко и секако тука можеби има удел и стручноста на лицата кои да не испадне дека ги фалам но тимот на Плодност навистина се покажа супер,грижата беше на ниво а најважно од се односот кон мене........
здраво мајки, сакам да прашам дали некој има искуство со NIFTY тест во Македонија? тестот е замена за амниоцентеза со сигурност над 99%.поентата е што е неинвазивен со земање на венска крв од мене(мајката) и се испитува днк на бебето што е во мојата крв.Се испитуваат даунов синдорм, едвардс, патау,секс хромозоми и пол на детето.јас сум во ризик група и незнам што да правам?Амниоцентезата ми е страшна, една пријателка имаше доста компликации дури и во приватна болница и затоа сум успаничена .Тестов ми го препорача докторката, а исто и една пријателка во Данска го има правено.Докторката ми кажа дека веќе и кај нас конечно дошло нешто вакво,а јас имам плус и уплав од игли и страшно сум уплашена
Jас го правев овој тест..подобро од овој тест здравје,само ќе кажам.Bоопшто не се двоуми измеѓу класичниот тест амниоцентезата или овој,каде каде е подобар овој тест,ама и доста солен(ама ќе речам вреди за сите пари).Cите хромозоми ги испитуваат,што мене ми беше многу битно ..за три дена првиот резултат го добиваш(што воглавно би ти кажале кога би правела амниоцентеза,а подоцна за недела дена другиот дел од тестот(хромозомите и чив ген детето носи).
Ако имаш можност да го правиш, воопшто не се мисли. Мене не ми е јасно зошто овој тест кај нас не е поддржан од фондот. Јас кога правев амниоцентеза, прашував за овој тест и ми кажаа дека е прилично скап, околу 1000 евра Навистина штета. Инаку, јас многу лесно поминав со амниоцентезата, немав никакви компликации. Чекањето на резултатите ме уништи. Мене ме прелажаа во ГАК и не ми ги дадоа шприцевите со течноста да ги однесам во МАНУ каде што резултатите би биле готови за 3-4 дена. Така што би им дала совет на сите што во иднина ќе прават амниоцентеза на ГАК, земете си ги шприцевите со течност (ако треба и на сила) и носете ги во МАНУ, чекањето на ГАК (30 дена) исцрпува психички.
Дали амниоцинтезата секогаш се плаќа толку скапо? Постои ли можност специјалист да ти даде упат за истото како задолжително и услугата да ја покрие фондот? An-na ти во Македонија живееш? Овде ли ја плати амниоцинтезата 1000 евра? Многу е ова, корисно е ама луѓе не можат да си го дозволат.
^ Не зборев за амниоцентезата Абеја, на ГАК со плави картони е 900 денари, само што како што пишав погоре резултатите се чекаат долго време ако одиш преку ГАК. Има опција во ГАК да ја направат процедурата и од таму со шприцевите (ако ти ги дадат) да одиш во МАНУ каде што за резултат се чека 3-4 дена. Разликата од МАНУ до ГАК е во тоа што различен метод на тестирање користат. На приватниве клиники центата мислам дека беше околу 15 000. Ова погоре што го пишав е сосема поинаков тест, кој што е релативно нов, неинвазивен и навистина е штета што не е покриен од фондот. Да не зборувам за предноста што овој тест, како што пиша Гласна, се прави 10-12 недела, па ако недај боже нешто не е во ред со плодот, многу е побезбедно да се изврши киретажа тој период, отколку кај амниоцентезата каде што процедурата се прави најрано 17 недела. За цената не сум сигурна дека е таа, мене така ми кажа докторката. Ако некој има посвежи информации, нека сподели.
Во Систина оваа услуга е 17500 денари, доколку сте со RH негатив треба да примите инекција која спречува крварење и сето тоа е 20000 денари. Резултатите се чекаат точно две недели. Меѓудругото освен оваа прцедура, препорачливо е да се направат и неколку испитувања преку крв и се работат паралелно со амниоцинтезата.Тоа се пет маркери кои освен што ја покажуваат моментална ситуација на антитела за текковната бременост, тие се и за генетички истражувања. Моја лична препорака е каде што ја правите амниоцинтезата во нивната лабораторија да го оставите примерокот... имајте ги во предвид надворешните влијанија кога таа течност ке ја извадите на плус 30 степени и кога они ке почнат да ја работат... тоа е само сугестија, изборот е ваш... Уште еден мој совет, ОБАВЕЗНО пред да ви вадат од плодовата вода, мерете го притисокот, барајте крвна анализа во која ке се проверат леукоцити, густина на црвени крвни зрнца, ТРОМБИОЦИТИ, и протеини, и секако протеини во урина. ако и само ако е се во ред продолжете со процедурата... се надевам дека барем малку ви помогнав и со лесно
Погрешно сум те разбрала An-na. А не ме чуди во Систина да е 17.500,00 амниоцинтеза, се е поскапо на приватно. А мислам дека амниоцинтезата е подобра за дијагностицирање. Nifty тестот е толку скап бидејќи тука нема лаборатории кои прават такви испитувања и крвта ја праќаат во странство (Германија а можеби и на други места). Тоа се клинички студии, наши здраствени установи соработуваат со други светски установи, затоа е толку скапо, тука влегува транспорт, прием, испитувања, плаќање за лабораторијата, па достава на резултати, тие цени не се како нашите. Сакам да кажам дека тоа што е илјада евра не значи дека е подобар од амниоцинтезата, која ете ја имаме и кај нас и ја покрива фондот.
и те како тестот NIFTY е каде каде подобар од амниоцентезата,детално се проверуваат сите хромозоми(со амниоцентезата не сите),сите генетски предиспозиции се испитуваат(со амниоцентезата не),днк на партнерите и така ти го откриваат чив ген носи детето(по детално можам подоцна да објаснам) без разлика каде го прават тестот,самиот тест како тест чини многу,јас кога го правев овој тест платив скоро $1700 во приватна клиника ,иако во нивна лабараторија го правеа(ова за надвор од MK зборам),значи не игра никаква улога испраќањето на тестот од една до друга локација/град.