Дали некој бил во скоро во Амстердам и ако бил што треба да имам од документи покрај биометриски пасош.................сакам да патувам во декември и да останам 1 месец..........
Со Македонски биометриски пасош мислам дека не ти е потребна виза за во Холандија, само ти требаат малку парички. Јас во Холандија бев службено на 7 дена, бев сместена во Ротердам и плаќав отприлика 60тина евра од вечер, а одев до Амстердам за шетање и ноќен живот. Амстердам е многу скап за разлика од другите градови во Холандија (една вечер многу се напив и не можев да возам да се вратам до Ротердам, па морав да преспијам во хотел, платив дупло!), а и многу е преценет и “извикан“, на пример Франкфурт воопшто не заостанува со секс туризамот само што таму нема излози, туку едни црвени фенери кои ти го означуваат влезот на таква куќа и цените за услугата се пониски. Имам пишувано и во темата за Азија - Тајланд, Патаја и Бангкок имаат многу подобар ноќен живот и проституција бе, Амстердам е многу скапо, за 20тина евра во Тајланд ќе те “масираат“ еден саат, а ваму на излогот ќе ти земат 50 евра за 15тина минути отприлика и пази, ако не се договорите уште на почетокот што сакаш и колку ќе те кошта – ќе ти каже напумпана цена откако ќе заврши и мораш да платиш, ако не ќе ти викне полиција! На ред лајт дистрикт имаш околу 30.000 излози со проститутки, и ќоро и сакато ќе видиш, дебели, грозни, никакви ама има и мнооогу убави и згодни девојки, еве јас што сум женско па им се дивев на убавината и ги гледав подзината, скоцкани девојки (имаше и мнооогу млади девојчиња) се гледа дека водат грижа за себеси, за формата, ова она.... Абе прават се за да привлечат муштерии, ти свиркаат, намигнуваат, се смешкаат, ќе си дофрлате од улица, па јас со неколку застанав муабет да си направиме, фини девојки... за малку ќе се подадев, влакно фалеше за да ме заведат позади завесите... а видиш спуштена завеса некаде – се офајдила девојката. Шала на страна, им цвета бизнисот, девојка од излог не е испод 500 евра на ден сигурно. Штом има женски, фала богу дека има и машки курви, организираат машки стриптиз по клубовите па ако ти се допадне некој – можеш да си го прибереш, горе доле на иста цена се со девојките, ама пак зависи како ќе си се договорите и што ќе правите (прво ќе треба да го почастиш коктелче, од најскупите, си вадат процент и на пијалоци). Марихуана на секој чекор, имаше една како трафика за марихуана во вид на полициска станица, види иронија! Првиот впечаток многу ме разочара, тргнав со кола од Ротердам во 9 сабајле и за 2 саати стигнав во Амстердам, на плоштадот што да видам, тиква пијани и издрогирани се влечат по земја, избушени по цели раце шетаат како вампири, минатата ноќ имало некоја забава па уште не се освестиле, цели улици пливаат во ѓубре и повраќаници, леле викам кај стигнав што е ова... Веќе следната вечер се беше чисто! Настрана секс туризамот, Амстердам е многу убав град и има што да се види. Таму во јужниот дел на градот има многу културни споменици (со исклучок на единствената спомен плоча у свет посветена на хомосексуалците!), има многу храмови, музеи, како на пример музејот на Ван Гог, има еден со делата на Рембрант, Еврејски музеј, музеј на бродовите, има и музеј на науки и технологии што на мене не ми беше интересен и не го посетив, музејот Мадам Тисо и нормално, каков музеј заборавив? Музеј на марихуаната и хашишот, и таков има меѓу другото. Интересно е да се види и најмалата куќичка на светот, мислам дека беше широка само 2 метри, малку поширока од влезната врата, тука некаде беше и куќата/музеј на Ана Франк, каде што ги поминала последните неколку години од својот живот. Нај нај најопасно превозно средство е точакот! Она што е кравата во Индија, тоа се точаците во Амстердам, нема шанса да ти закочи некој, само нервозно свират и те шишаат. Наццкан град ми се виде Амстердам и без многу природа (со исклучок на периферијата), единствено имаат еден парк кај што се наоѓа музејот за филмовите и таму се одржуваат претстави на отворено (не присуствував на некоја претстава). Еееее малку ако искочите од Амстердам, има едно селце во периферијата и таму може да уживате во природа. Цвеќиња, ветерници (голем дел од нив се мнооогу стари ама сеуште работат, зелени по боја), е тука може да видите и како се прават оние познати Холандски кломпи (ги имаше на оној цртаниот филм со Каспер, мене од таму ми останаа во глава) ги има во различни облици и бои, али мнооогу скупо бре, не си купив кломпа! Меѓу другото, Амстердам важи за многу модерен, современ и “отворен“ град, ама во другите места низ Холандија не е така, баш се конзервативни.
Тоа селцето се вика Зансе Шанс, и е исклучиво туристичко место. Таму не живеат луѓе, туку само работат. Бев и во работилницата за кломпи, гледав и како се изработуваат. Прекрасно место е, само зеленило, ветерници, вода, кломпи и кашкавал И мнооогу туристи За Амстердам немам што да додадам, Pirana многу убаво опишала. Можам само да додадам кој е во можност да ја посети Костер Дајмондс. Овде се обработуваат дијаманти и се прави прекрасен накит.
Е па тоа е....погоре е се убаво напишано. Јас ја посетив и фабриката на Heineken и интересно беше! Можеш да си нарачаш пиво и да ти напишат некој мотив или пак твоето име! Има многу секс музеи ,секс шопови,лалиња.......Убав град е Амстердам и пак би го посетила,ете ако имам шанса нареден пат ќе одам и до Занзе Шанс!
Амстердам го доживеав како град во кој се проаѓа. Имашe излози на дуќани уредени креативно тематски ( ноќен клуб со џез свирка) за продажба на музички инструменти или улица на уметноста во која секој простор е галерија. Најмногу ми падна во очи модерната уметност. Можеше да се видат многубројни слики на млади уметници во кои доминираат женски ликови инспирирани од стрипови или еден лик од аниме кој се појавуваше скоро во секоја од сликите облечена во партизанска униформи или некој друг мотив. Во една од галериите беа изложени слики и предмети од дрво, гипс и орцелан изработени во форма на мачки. Таму можеш да видиш на тротоар испоседнати ученици кои држат час по ликовна уметност и ги скицираат прозорите типични за градбите наАмстердам. Мене лично ми делуваше тој дел од Амстердам надреално. Не е битното дали то некому му се допаѓа или не, но ќе се најде некој детал во таа буица на идеи шо ќе те фасцинира. Друго, хајнекен и баварија, мора да се пробаат со кашкавал Гауда, тие се заштитни продукти на Холандија. Цената на едно пиво во шише Баварија се движеше од 3 до 5 евра ,зависи од локацијата на барот. Што поблиску до центар, поскапо. Поради близина со Англија, врие од туристи англичани, така да англискиот јазик доминира. За да се види што повеќе од градот најдобро е да се направи една тура со бродче низ каналите пропратено со туристички аудио водич и ќе дознаете многу работи за каналите, градбите, ширењето на градот историјата итн. бидејќи во многу погледи Амстердам е уникатен. Додека го шетав градот, го имав она чувство дека се е збиено, куќите слепени, колите паркирани на раб на каналот а нема ограда, имаш толку место колку да се разминеш со другиот така што навистина остава впечаток на хаос,меѓутоа улиците се доста средени, ознаките за точаци,пешаци, возила се читливи,семафорите со светло и звук ти го сигнализираат правото на премин. Замерка за градот немам освен што врмето беше променливо, со ветер и дожд па цело време шетавме со чадори. За ноќниот живот, Пирана убаво опишала, дека овој град дише ноќе посебно на Red light district, на која можеш све и свашта да видиш. Секси шопови, музеј на секси играчки, целата улица со црвени светилки а називите во стил Moulen rouge, Cabarе. Девојките од излозите никако не даваат да ги сликаш, а извадиш апарат бегаат се вртат ,тргаат завеси или од некаде некој бодигард се појавува. Амстердам го препорачувам и вреди да се посети но во период од мај до септември, инаку во останатиот дел од годината претежно е ветровит и врнежлив.
Препренајубав град. Немавме ниту една лоша случка, многу убава архитектура и прекрасна клима. Имаше и врнежи, но сепак беше искуство кое вреди повторно да се доживее. Не ти треба виза, само малку повеќе пари.За седум дена обајцата потрошивме се на се 1.000 евра. Но, не жалам. Планираме пак да отидеме Евтин смештај има во Зибург - кампот. За него плативме 150 евра.
Утре патувам за Америка со пауза во Амстердам од 5-6 часа. Како може да стигнам до центарот на градот од аеродромот, со што и за колку време, ако може ваши искуства. Исто ме интересира што може и вреди да се посети за тоа време. Фала однапред.
Ако слетуваш на Schipol веднаш до него е местото од каде тргнуваат автобуси за Keukenhof градината на лалињата, прекрасен парк, надвор од Амстердам. Зависи и кое време слетуваш, за толку малку време можеш евентуално да прошеташ низ центарот без посета на знаменитости. Провери си автобусни линии од аеродром и назад.
Зависи каде..имаш на многу места опција да резервираш ама скоро секогаш ќе најдеш место и онака.. Ама ако знаеш точно време јас би резервирала.. Сепак за амстердам ако одиш туристички, ич не би ти препорачала кола ама тоа е мој впечаток од пред 3-4 год
Со кола само да стигнеш до градот и да ја паркираш на едно место за цело време додека си таму. А низ градот да возиш со кола не би препорачала. Ако резервираш онлајн ти е поевтино.