1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Амуљани (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Dream-Girl, 20 јули 2019.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Остров Амуљани e единствен населен остров на Халкидики, со површина од 4,5 km 2. До островот се доаѓа со траект од пристаништето Трипити за околу 15 мин. возење. Цената е околу 2 евра по лице и 10 евра за автомобил. Во летните месеци траекти поаѓаат на секој пола саат. Со своите 600 жители кои, воглавно се занимаваат со рибарење и туризам, припаѓа на општината Стагира Акантус. На островот има неколку таверни,, рибни ресторани, барови, мини-маркети и продавници.

    Плажи: Амуљани е познато по преубави песочни плажи и добрите временски услови без ветер. Иако населено, го карактеризира недопрена природа. Самото село нема градска плажа, освен мали ували, но сите останати се во близина. Секоја од нив убава на свој начин, а до сите можете да стигнете пеш или со локално „такси„, приколка која ја влече магарец, со цена од 2 евра по правец. Со бротчиња можат да се посетат околните острови Дрениа, Тигани и Понтики, каде што можете да уживате на нивните плажи и да ручате во некоја од таверните. Убавините на островот, беспрекорно чисто море и рајските плажи, фантастичните рибни специјалитети и љубезните жители се причина за зголемен број на посетители.
    (преземено од интернет)

    Гледам во последниот период доста се нуди местово и доста го работат нашите агенции. Ми делува баш убаво за фамилијарен одмор, убава чиста вода и мирно место. Па ме интересира какви искуства имате, дали водата е навистина чиста како што изгледа, топла ли е, што има да се посети итн. :)
     
    На mileystar и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    За мене повеќе од 1 ноќ на островот би било измачување..
    Мало, брдовито, нема многу избор ни за јадење ни за шетање..
    Водата е убава ама и аутанот е слаб..
     
    На duffi, Animali и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.128
    Пол:
    Женски
    Исто ко Даст.
    Ден -два на плажа може.
    Ама одмор таму Не.
    Како пуст остров ми се виде. И многу "сув" некако. Нит зеленило,нит убава природа нешто.
    Плажата стварно убава,ама сум видела и поубави плажи , и тоа поблискичку:)
     
    На duffi, Animali и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Преубаво изгледа на сликите:D:inlove::inlove:
     
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    7.315
    Пол:
    Женски
    Јас имам позитивно искуство од таму. За со деца е измислено. Плитка и чиста вода, има паркче со лулашки, мало луна луна паркче, аптека и неколку маркети. Нема многу за шетање, ама па и со деца што не седат на едно место освен парк да се истрчаат и не ти треба друго.
     
  6. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    И јас ќе кажам дека е стварно преубаво и се согласувам со останатите феминки,не ми е баш за одмор,цело време да се биде таму,пошто е мало местото.На еден ден бевме таму и беше рајско,водата е кристална, и така некако беше мирно иако имаше многу луѓе.Вреди да се посети :inlove:
     
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    Јас бев пред 2 години таму и не ми се допадна. Во споредба со другите места во Грција ова некако ептен пусто ми се виде. Плажата е убава, а се друго (n)
    Сепак индивидуално си е тоа, има некои и што сакат да одмараат на такви места. Ама мене ќе ми се здосади уште третиот ден.