А што е тоа анален ботокс? Дали е тоа она обелување на анусот со помош на киселина како што им прават на порно ѕвездите или пак станува збор за ставање силикони на газните образи? Или нешто трето?
Сега читав Анален ботокс - разубавување на аналниот отвор. Ма кое разубавување??? Како да ќе ми го гледа секој.
Кој има вишок енергија, време и средства да ги троши во пумпање на својот анален отвор, слободно. Мене не ми пречи.
Дечки, имaте пoгрешнa претстaвa oкoлу тoa штo е бoтoкс. Бoтoксoт не пумпa ништo, сaмo ги пaрaлизирa мускулите. Бaрaв пo гугл и пoвеќетo гo кoристеле oвoј зaфaт пoрaди тoa штo си имaле прoблеми сo aнaлниoт oтвoр. Oвa пoстoи уште oдaмнa и не е некoјa гoлемa филoзoфијa.
Ботоксот се користи за лекување на анални фисури (многу болна пукнатина во зидот на аналниот отвор, честа последица кај хроничен запек). Инекцијата ги „замрзнува“ мускулите за да и даде време на кожата да зарасне и да се регенерира. Слични резултати се добиваат и со терапија со нитроглицерин. http://www.webmd.com/digestive-disorders/tc/anal-fissures-botox-injections-topic-overview
Темата е отворена за понатамошна дискусија и воведот е надополнет со кратко објаснување за третманот, за да не дојде повторно до забуни при дискусијата. Ве замолувам да се оградите од коментарите кои не се во склоп со оваа тема, за да не дојдеме до ситуација да се бришеме повторно.
Ги опушта или ги зајакнува мускулите? Ако е волуменско значи ги зајакнува? Тоа е одлично ако постои, прв пат слушам. Имам во фамилијата оперирани од хемороиди и сега имаат проблем од слаби мускули на аналниот отвор. Ако може да се појачат, тоа е одлично. Некој има инфо каде се прави во МКд?
Прашај во систина, мислам дека и они употребуваат ботокс при интервенции на хемороиди и фисури, ама сепак ботоксот е за опуштање, парализирање на мускулатурата, да не доаѓа до грчење...кај некои пациенти после оваква операција со примената на ботокс имаат несакано исфрлање на фекалии, неконтролирано протекување.
Каков парадокс е да се биде доктор за разубавување на анус Ни баба да не може да се пофали со достигнувањето на внукот
Мислам дека е забрането ставање на вулгарни слики, полови органи, слики кои што се пресочни за дигестивниот тракт, така да преостанува сами да прогуглате, да видите и самите како изгледа таа интервенција на анален отвор. Поентата ми беше, кога ќе помислиме дека се е измислено, тогаш естетската хирургија ќе избаци нов бисер, кој ете, таков па наидува на широка примена и популарност. Што е следниот изум останува да видиме а ние што не употребуваме ботокс, ќе одиме со збрчкан шупак