1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анализа на песни - Помош!

Дискусија во 'Канта' започната од Simonna7, 27 ноември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Одамна сум дел од Фемина а посебно дел од форумов, меѓутоа пред некој ден дури решив да направам личен профил. Навистина сум импресионирана од љубезноста и културата на сите девојки и се надевам и јас ќе бидам добро прифатена :) Е сега ми е потребна помош.. Стварно сум труп за анализирање песни па ќе побарам помош од вас.

    Алегорија
    Таа е убава жена со раскошна става
    чии што плетенки во виното се дават.
    Отровите на крчмата ништо не и можат,
    ни љубовните канџи на нејзината кожа.
    Смртта и Развратот ги пречекува со смeа,
    во своите пакости го почитале в целост
    тоа величествено и исправено тело.
    На султана има мрза, нa божица чекор,
    верува во уживања како Арап некој;
    меѓу раширените раце, врз градите свои,
    го повикува светот со поглед да се пои.
    Знае, таа девицa што не може да роди,
    - а сепак нужна за светот натаму да оди, -
    дека убавината на нејзиното тело
    и дава прошка дури и за најбесрамно дело.
    Чистилиште и Пекол не и се знајни нејзе
    и кога ќе дојде часот во Ноќта да влезе,
    право тогаш во лицето на Смртта ќе гледа
    како новороденче - без на каење следа.


    песната е на Шарл Бодлер. Доколку имате можеби други анализирани негови песни, може и нив. Итно ми се потребни девојки..Благодарам однапред. Поздрав
     
  2. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    ве молам.. ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Никој не е труп во анализирање песни |( Загреј го столот и ке успееш. Пред време се откажуваш.

    Имаш 18 години. Во тоа за матура има се од а до ш. нема ништо тешко. Ајде потруди се. Најлесно е да се расплачеш и да бараш помош.

    И добре дојде на форумот од пред неколку дена упс вчера :* :* :*
     
  4. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Благодарам teddybear, добре ве најдов :). Еве веќе почнав сама да пробувам, не е толку тешко, само треба едноставно да се внесеш добро за да стигнеш до она што поетот сакал да го каже. :)
    Сепак ако некој има готови обработки на песни или пак што и да е и ако не го мрзи нека ги стави..можеби некогаш на некој ќе му се најдат во животот :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.