Anastacia ( Anastacia Lyn Newkirk ) e американска пејачка и текстописец родена во 1968 година, позната по својот моќен вокал . Го носи прекарот "Малата дама со моќен глас '' ,бидејќи е позната по нејзиниот мал раст а силен вокал. Дамава ја обожавам , има не глас туку гласиште ама штета што толку не ја експонираат ..Оваа година го објави својот петти албум ама секако е препознатлива по хитовите I'm Outta Love , One Day In Your Life , Boom , Why'd You Lie To Me , Left Outside Alone, Sick and Tired , Everything Burns , "I Belong to You" , Paid My Dues , Not That Kind , You'll Never Be Alone , Heavy On My Heart ... Има соработувано со Eros Ramazzotti, Ben Moody, David Morales , Michael Jackson , Annie Lennox , Tiesto .
Hа мајка ми омилената пејачка. Mногу си ја сакаме, си ја слушаме, и си ја гледаме. Oд детството ми е еден најголем спомен, нејзиново цеде се вртеше 24/7: Eден извонреден глас, одлични песни, откако се подизгуби или фамата околу нејзе стивна, ја подзаборавив. A секако дека паметам куп нејзини песни, да не кажам, ретко правела утка, или јас не сум чула утка од нејзе. Hово од неа не знам дали има, но мои омилени се: Pieces of a dream, Paid my dues, I'm outta love, Not that kind, One day in your life, и еве една ќе постирам: http://www.youtube.com/watch?v=gJPcABso ... ure=relmfu Mа одлична е.
Всушност по очилата и беше препознатлива но одкако го корегирала видот повеќе не носи .. И мене ме подсеќа на детството па деновиве 24/7 се опивам со нејзинот глас ..А особено сега се заразив со http://www.youtube.com/watch?v=dcl5fnHw-CQ