Ја следете ли оваа серија? Ја даваат на фокс лајф мислам, ама јас на компјутер ја гледам. Има излезено 2 сезони и секој Вторник ја има и на интернет торенти. Би рекла е многу слична на ЦСИ, само што оваа ми е далеку покул. Главна улога е актерката од Очајни Домакинки Dana Delany. За глумење, има од мене чиста десетка, предобра актерка. Црнецот ми е дефинитивно омилен, а и овој со очилата е многу смешен. Ви ја препорачувам да ја следите оваа серија ако сте фанови на серии во кои главна тематика се неразјаснети убиства..
Телото како доказ. (Body of proof) Јас редовно ја следев. Сега сум во исчекување на новата, трета сезона од 19 Фебруар. За содржината како што веќе кажа, лесна детективска-инвестициона серија. Започнав да ја гледам колку да пополнам време измеѓу другите, ама ја зазгледав, не е лоша. Актерската екипа е добра. На почетоков си реков дека за главна глумица можеле некоја 5-7 години помлада , ама женава добро си ја врши работата. И јас ја препорачувам.
одлична е!! Меган ми е царица ... искрено им се дивам на такви жени ... камо да ги има повеќе... едвај чекам нова еп
Обожавам вакви криминалистички серии, за гледав на фокс,мислам дека уште ја има ама репризи последната епизода ми беше најинтересна Меган ми е омилена ама на моменти и многу смешна
И јас се приклучувам на дискусијава. Серијава ја следам редовно на фокслајф. Меган и целиот тим БРАВО! Интересна е, мислам дека овие повеќе ги користат доказите кои ги имаат него ли криминалните досиеа и слично и баш затоа ми се допаѓа оваа серија повеќе од некои други. Морам да признаам дека Меган е екстремно храбра бидејќи многу често и се спротиставува на Кејт, нормално со причина. Кејт се плаши од државните институции а Меган и останативе не.
И јас ја загледав на Фокс Лајф, ама епизодите ги испомешав, а со тоа и настаните. Поим немам ни која сезона ја даваат моментално. Затоа решив да си ги симнам сите сезони и да ги гледам. Првата сезона ја најдов на замунда, ама останатите се расцепкани по епизоди. Има некој safe линк од другите три сезони во пакет со сите епизоди?
Ја имам загледано серијата и просто превртувам очи кога ќе се фали оваа Меган. Не ја сакам неа со нејзиното глумење, па така и серијава.
Зависник сум од серијава моментално ја гледам на AXN. Меган е неверојатна инаку обожам вакви филмови со убиства и криминал.
sakam da ima novii epizodi i se nadevam skoro da ima... znam deka e canceled od ABC ama mozhe nekoj drug da ja prodolzhi!!
Одамна беше снимана и прекината, знам кога ја гледав пред околу 1 година, барав на интернет дали ќе ја продолжат, и мислам дека некаде прочитав дека нема шанси и некој од актерите имаше мислам нешто кажано за тоа, стварно штета, одлична серија и квалитетни актери и ликови.