Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ана Каренина (Лав Николаевич Толстој)

Дискусија во 'Книги' започната од sesilija, 27 март 2011.

  1. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Книгава ми е лектира за трета година, ама сеуште ја немам прочитано.

    Едно прашање до вас, да не знае некој отприлика колку страни има? Ја најдов во шкаф кај баба ми и има книга I, II, III и IV, што заедно зафаќа околу 900 страни. Ќе се мрднам од толку читање :D
     
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    :!: Прекрасна книга..
     
  3. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Книгава е нешто што мора да се прочита, интересна е и лесно ги поминав тие 900 страни посебно пред крајот на книгата и не сакав да заврши толку ми стана интересна,
    иако знаев дека ќе заврши несреќно (го гледав филмот пред тоа) се надевав дека нема да се случи самоубиството :lol:
    Инаку омилен лик ми е Левин :)
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    ^^ Стави го мислењето во спојлер, го откриваш самиот крај на книгата!
    Он топик - се решив да ја дочитам летово, претходно ми беа почнати и прочитани неколку глави. Долга е, ама убава е.
    И морам да бидам искрена дека поинтересно ми беше да читам за Левин и Кити отколку за Ана Каренина. :)
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Е ова е уметноста во пишување која ја има кај големите руски класичари. Деталите играат толку голема улога. Чуствуваш и се соживуваш. Прекрасно дело. Читајки ја полека но сигурно интересот се зголемува, така да на крај и не изгледа толку голема. Секоја личност со свој маестрално доловен карактер и особености. Во еден момент ви е небитен пролазен лик, за во другиот да стане клучна појава која ја оправдувате. Не е само Ана Каренина целата приказна, но тука е суштината. Би рекла дека Ана и Вронски наспрема Левин и Кити се две врски кои го покажуваат спротивното, успехот и пропаста, погрешното и правилното, и тоа како се градат вистинските меѓучовечки односи и вредности. А тука е бракот помеѓу Стјепан и неговата жена (заборавив како се викаше :$ ) кој е синоним за врска која едноставно "опстојува" и покрај сите недостатоци од морална основа и заради семејството.
    Ако коментирам за Ана би рекла дека е комплициран лик на кој не се останува рамнодушен. Читајки ја книгава размислував за нејзините постапки и би рекла дека се што правеше беше со добра намера (според неа), нејзиниот живот не бил лесен но го направи потежок за многумина. Колку што е одлучна, цврста и стабилна толку е слаба, колеблива и подложна на туѓи влијанија кои ни сама не си ги признава. Спој на спротивставености кои носат неспокој и неможност да се согледа реалноста.
    Искрено оправдувајки или осудувајки ја и не е битно. Таа е тоа што е без разлика дали имала избор за поинаква иднина и колку и да се апсурдни некои постапки сепак тоа биле други времиња.
    Совршено дело во кое ништо не се додава или одзема.
     
    На Hopeful, Donatella, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Колку страни има ?
    Сакам да ја читам сеа за распустов..
    И се купува на делови или ?...
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Џуси, види погоре ти е напишано, околу 900 страни е, јас ја читав ко што ја имала Кертин, 4 книги, помали, со зелена корица.
    Ја имаше лани мислам на акција со дневните весници и беа два дела, првиот бесплатно а за вториот се плаќаше.
    Тоа издание го видов пред некој ден и во една книжара, ама можеш да ја најдеш во било која библиотека книгата, ако навистина имаш желба да ја читаш.

    И ве молам немојте да прашувате колку страни е книгата, жими се` се вреѓам, па јас ако е под 250 не сакам ни да ја почнувам, а вие :^)
    Ако сакате да читате руски класици спремете се за многу страни, ако не, не ни почнувајте :!:
    Е така :)
     
    На cresa-jagoda, Hopeful, tigerlady и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Прашав за страните зашто многу споро читам дали ќе ми стигне цел распуст:)
    И да имам желба да ја прочитам :)
     
    На Gordana10 и sesilija им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Првиот том има 416 страни :) ја имам книгата,всушност кога ја даваа порано со весник, иако претходно од многу од одамна ја имам прочитано, не сум баш воодушевена и не би ја прочитала повторно :)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    книгава и воопшто рускиот реализам омилени. Ана Каренина како лик и не до толку, ама затоа Левин... :)
    според мене тој е вистинскиот јунак на романот.


    инаку од тие што се продаваа со весниците се 2 тома по 415 страни.




    `` Љубовта е живот. Се што разбирам, го разбирам бидејќи љубам.``
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    „Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ - оттука започна да се гради мојата слика за семејниот живот во тогашните кругови на руската аристократија. И неверојатно е со колку малку зборови, Толстој успеал да ни даде толку суштински приказ на нарушениот семеен живот како резултат на вонбрачните врски кои не биле реткост во руското општество. Всушност, во тоа време браковите се темелеле врз материјален интерес кој секогаш бил во преден план, а овој роман е отсликување токму на таквите петрогратските и московските семејства.
    Толстој ја има неверојатната способност да ги претстави ликовите на толку едноставен и природен начин, а притоа да ги изгради во толку сложени карактери со многу спротиставени особини. Беспрекорно ги преплетува нивните животи и ни ја доловува вистинската слика на руското општество, кое освен високиот углед и луксузниот живот има и една друга, поинаква страна. Паралелно ги одвива нивните приказни, а притоа ги надополнува ликовите едни со други. На моменти се запрашувате всушност дали Ана е главниот лик, и дали би била тоа што е без Вронски, Алексеј Александрович, Левин, Кити и сите останати ликови кои го надополнуваат нејзиниот живот.

    Ана Каренина е безвременски лик.
    Доволно храбра за да ги прекрши моралните принципи на високото општество, и доволно несреќна за да скршне од нејзиниот веќе одреден животен пат, макар и по цена да го загуби нејзиното семејство. Таа нејзина несреќа останува незабележана и можеби потсвесно поттиснувана, се до нејзиното запознавање со Вронски. Оттука започнуваат да испливуваат на површина вистинските чувства, започнува да се јавува нејзината искрена желба по нешто кое никогаш го немала - вистинска љубов. Ана е доволно спремна да ризикува се што градела во својот живот, само за да има среќен и хармоничен брак.
    Тука започнува вистинскиот заплет. Борбата да се заштити угледот кое го има семејството, обидот да се задржи почитта која ја имаат во очите на руската аристрократија, желбата одново да се оформи и онака распарченото семејство во кое бракот постои само на хартија.
    Ана е лик во кој се споени многу спротивставени карактерни особини. Нејзините постапки и размислувања на моменти кај вас ќе предизвикаат восхит, а на моменти разочараност. Нејзината храброст и дрскост, наспроти нејзиното поголемо вреднување на љубовта и копнежот отколку на бракот и мајчинството.
    Толстој не ја осудува својата хероина, туку тоа им го препушта на своите читатели.
    Ни сервира доволно комплициран лик чии постапки ќе не стават во дилема и пред се внатрешно преиспитување - дали вистинската љубов и страст се вредни за прекршување на моралните принципи и откажување од семејството?
     
    На Elena69221, eliesaab, Little-one и 9 други им се допаѓа ова.
  12. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Ја читав лани и колку само си уживав додека ја читав :x од школо брзав да стигнам порано дома за да читам. :tmi:
    Оваа ја шо ја читав беше поделена на прва и втора книга вкупно околу 700 страници.
    И сега за жива глава не ми текнува како заврши......ај нека ме потсети некој што се случи на крај. :geek: Е ова се случува кога читаш по 4 дела месечно... :|
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.404
    Допаѓања:
    250.385
    Ана Каренина ми е една од омилените книги.
    Јас сум обожавател на класицизмот. За мене тое е литертаурата во вистинко светло.
    Темата за Ана Каренина вооедно ми беше и најубава во средно, а започнуваше исто како и постот на Ана Каренина-феминката ;) .
    Ана од каде ти е текстот?
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Сама си го составив :)
    Вчера Сесилија ме покани во темава, за која искрено не ни знаев дека постои :tmi:
    Не го владеам баш форумов изгледа...
    Па синоќа се распишував, впрочем да си го оправдам корисничкото име :)
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.404
    Допаѓања:
    250.385
    Прекрасен ти е текстот, ме посети на мојот од пред 5 години.
    Уште паметам што сум пишувала :$ .
    Ако го најдам ќе го постирам ;) .
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.098
    Пол:
    Женски
    аах, јас бев меѓу првите благословени генерации кај нас во школо на кои не им беше задолжителна лектира (зборам ради големината не за друго, мислам два тома :shake: ). Но, ете на распустот после четврта година си ја прочитав раат.

    Впечатоци...ми се допадна иако не го очекував тоа. Предолги, но сепак убави и живописни описи, не требав да се мачам да си ги претставам сликите пред себе.

    Ми беше премногу жал за Ана, не само за нејзиниот трагичен крај, туку и за целиот нејзин живот. Толку кревка, сепак мила личност. Толку тажен и празен и (да не и' беше детето) сигурно неподнослив живот од самиот почеток. И да, како и во многу други општества од минатото, и ова е такво во кое лицемерието победува, а неверството е повеќе од очекувано затоа што:

    1. Љубовта во тоа време била на последната листа на приоритети за брак “прифатен од општеството“ и

    2. Развод во тоа време било еднакво на скандал и едноставно непоимливо.

    Така да, и тука, како и во многу други дела, општеството е главниот виновник за сите трагедии.

    Од суровоста и студенилото пак на нејзиниот маж ми се темни. Ете таков, надвор сите си мислат „ауу што фин домаќин човек“ а дома не носи ниту трошка топлина. Способен дури и сопственото дете да го користи како предмет за манипулација со други луѓе.

    Вронски... шо да речам за него пак...премногу слаб карактер и неговиот натпреварувачки дух е она што го тера да прави катастрофални пропусти. Јас воопшто не добив впечаток дека тој вистински и длабоко ја сака Ана, туку му беше интересна додека беше, условно речено „недостижна“ а потоа за момент се олади.

    Е сега одиме на мојот омилен

    [​IMG] Константин Дмитриевич Левин. [​IMG]

    [​IMG]

    За него имам пишувано на друга тема како лик и не сакам да се повторувам. Совршена слика за тоа како еден пријател и сопруг треба да изгледа. Има една доблест која ретко се наоѓа во денешно (или пак било кое друго време) а тоа е широкоградоста. Не си ја труе душата со негативни емоции, ниту еднаш не помислува на одмазда, цврсто стои зад онаа која ја сака, но сепак и' го дава потребниот простор. Во една реченица: Човек кој предизвикува воодушевување. И да, Коста и така ми е омилено машко име и ако имам син, не само што така ќе го крстам, туку и ќе го воспитувам во негов дух.
    Инаку, не знам дали знаете, дека Толстој го искористил ликот на Левин да се претстави самиот себеси, неговите гледишта и ставови. :)
     
    На eliesaab, Elena69221, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Го најдов првиот дел од Ана Каренина и ќе почнам со читање :)
    Одвај чекам :D
     
  18. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    книгава е преубава ја имам прочитано
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ги обожавам класиците, а посебно руските.
    Ана Каренина никогаш не ми била лектира за во училиште но ја прочитав кога бев 8мо одделение мислам :^)
    Се сеќавам дека тогаш имав голема одбивност кон Ана, поради нејзиното неверсто и поради тоа што Вронски и беше поважен од нејзиното дете.
    Се мислам да ја прочитам пак, да видам сега, после толку години какви чувства ќе ми побуди :)
    Сепак тогаш сум гледала многу поинаку на работите, сега е подруго, и искуството си го прави своето :)
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    да ова е дено од најубавите дела кое и мене кога прв пат ја читав ме фасцинираше