Искрено, 100 пати почнав да ја читам и 100 пати ја оставив. Многу ме нервира кога за една чипка ии завеса ќе почне да пишува и се развлекува на 15 страници, па сум заборавила всушност до каде е моментот, каде се наоѓа ликот?
Ах во колку рекордно време сум ја прочитала Ана Каренина. Ова дело ми беше за обработка на факултет, и во еден ден ги исчитав 2та дела. Кога би имала повеќе време би ја зела да ја читам пак, на раат. Знае Толстој да се занесе малку повеќе во описите, но сите описи си се на место. Ми се допаѓа и тоа што е паралелен роман, истовремено раскажува за 2 љубовни пара. Дефинитивно овие руски класици се нешто волшебно и нешто што вреди. Не ми се верува дека на денешницава ќе се најде друг писател кој би одвоил многу години од својот живот за да напише олку обемен роман.
Летово бев во Русија.Ги посетив куќата на Ана Каренина и куќата и прекрасниот дворецот на Лав Николаевич Толстој.Навистина беше прекрасно и навистина сакам да отидам пак. Оттаму си ја купив и книгата Ана Каренина и навистина е прекрасна.
Ја читав еднаш во средно, еднаш на факс, кога би имала некогаш повеќе слободно време,пак би ја прочитала.
Книгава ми има оставено огромен впечаток! Ја прочитав за рекордно време, а за Толстој што можам да кажам освен дека е најголем и најпознат писател низ целиот свет!
Ана Каренина е прекрасна книга. Толку ни е прикажана реалноста на денешното време преку книгата, што додека ја читав, на моменти помислував дека тоа мене ми се случува. Толку многу ме занесе книгата, што не сакав да заврши. Искрено, Каренина не ја гледам само како лик од книга, туку како да е вистински човек. Нејзината храброст, ми остави голем впечаток. Многу пати додека ја читав книгава, подзастанав и си велев во себе дека книгава е прекрасна. Колку и да пишувам, нема да можам да кажам колку ми го смени животот една книга. Топло ви ја препорачувам!
Колку дела има оваа книга ? Јас мислам дека ја немам прочитано барем колку што ме држи сеќавањето, па ако ја најдам во библиотека обавезно ќе ја земам.
Зависи од изданието, некаде се четири мали книги, некаде се две. Јас таа што ја имам читано беше со меки корици во маслинеста боја, тесна и мала, и беа четири книги. Сигурна сум дека ја има во библиотеката, побарај ја.
Една од моите омилени книги. Добра идеја и приказна, и уште подобра реализација. Секако, кој друг ако не Толстој
Ана Каренина е книга која секој мора да ја прочита. Всушност не знам што сум читала пред да ја причитам книгава. Мислам дека беше една од првите класици кои ги прочитав и ми стана пример како треба да изгледа една книга. Ја читав во два тома, не знам точно кое издание, но се сеќавам дека едната ја завршија во многу интересен момент и едвај чекав да отидам до библиотека за другата. За ликот на Ана, од почетокот мислењата за нејзиниот лик и нејзиниот карактер ми се менуваа, но еден впечаток ми остана од моментот кога реши да му се предаде на Вронски па се до крајот - беше крајно себична и хистерична меѓу другите особини (повеќето лоши според мене). Имаше многу други особини, но себичноста ме нервираше. Дури, мислам дека од себичност Спојлер се самоуби. Се и се изнатрупа детето, другото дете, дали го сака Вронски, љубомората, ОПШТЕСТВОТО и едноставно и беше претешко да среди се па си олесни. . Се прашувам дали ќе ми се смени мислењето ако ја прочитам сега повторно. Друго нешто што ми остави впечаток, косењето на тревата. Моментите кога Толстој успеал да напише 50 страни како главниот лик коси трева и од тоа да ја напише целата филозофија на животот. Иако умрев од досада на тој дел, мислам дека тоа е всушност големината на книгата.
Луѓе де бе, ми ја уништивте книгата. Ја земав денес од библиотека, и двата тома. Отворив овде да прочитам некоја критика, како ви се допаднала и ОП уште на првата страна спојлер. Сега нема да ми е до толку интересна, штом знам како ќе заврши. Друг пат прво ќе ја прочитам книгата па после ќе отварам на форумов да читам, па стварно не е фер вака. За повеќе книги и серии има спојлери. Страв да го е човек да отвори. Ќе ја прочитам, одамна имав желба за оваа книга но никогаш не ја земав. Денес баш со намера да ја земам Ана Каренина бев до библиотеката. Сигурно нема да зажалам значи. Ми се допаѓаат руските класици, особено од Толстој и Достоевски.
@Jenniffer обично по ваквите теми посветени на конкретни книги има многу спојлери, слободно се коментира за содржината. Така што не ти препорачувам да ѕиркаш пред да дочиташ некоја книга Јас многу пати сум налетала на спојлери низ интернетов, дури и на goodreads, затоа само кратка содржина читам и поминувам да ги видам оценките. А од коментарите ги читам само првите реченици Знам дека сосема друг впечаток ќе имаш сега за книгата кога веќе знаеш како ќе заврши, ама во секој случај верувам дека ќе ти биде едно убаво и пријатно читање. Па после намини во темава да оставиш коментар со импресии
@Jenniffer Воопшто нема да ти се уништи книгата, и јас го знаев крајот пред да ја прочитам па сепак уживав. Друг пат не отварај теми пред да ја прочиташ книгата, особено не толку популарни класици
Ја прочитав првата книга, но потоа имав обврски и читав книги потребни за факултетот и не ја прочитав втората, но секако ќе ја земам и неа од библиотека. Не ми се допадна нешто премногу, но доволно за да се заинтересирам и за вториот дел, што ќе се случи понатаму.
Јас сум допола на првиот дел, ама уште во првата реченица бев како маѓепсана. Во првите моменти Стива ми беше омилен и покрај неверството, а особено го обожував неговиот однос со Матвеј. После како да го подзаборавив. Левин дефинитивно омилен. Најмногу го сакам поради одбивноста кон градските луѓе и општо градот, потоа поради што е самокритичен и доследен на својата љубов кон Кити. Си го претставив како идеален господар на својот имот и илјада пати посакав да сум таму. Главната хероина, Ана, на почетокот за мене беше нешто необично, посебен лик, поинаква од сите останати. Ми се допадна можноста да се заљуби во Вронски. Но ми се допадна оваа можност затоа што мислев дека е невозможна. Кога навистина се случи и кога Ана според мене премногу си дозволи, почнав во неа да гледам неморална личност што ме разочарала. Вронски на почеток не го поднесував зашто го гледав како пречка меѓу Кити и Левин, а потоа го засакав како заљубен, но сепак културен и воздржлив човек. Најубавата сцена што си ја представив во главата беше моментот кога Вронски и вели на Ана: јас патувам за да бидам онаму каде што сте вие (или нешто слично). Во таа сцена врне снег, наоколу има луѓе и светла, а двајца на кои љубовта им е забранета стојат еден наспроти друг. Но, незнам како да објаснам, нивната љубов ми изгледаше почиста и поискрена, пред премногу да се зближат. Љубовта на далечина ми беше поубава. Што се однесува до Алексеј Александрович, не знам беше ли тој слеп или се трудеше ништо да не види. Мене во одредени моменти ми падна жал за него. Сигурно не е толку гаден колку што го сметаше Ана. Илјадници пати посакав да сум во тоа време, во некој руски бал, на излезам на голем балкон и да врне снег. Културни и симпатични луѓе да танцуваат околу мене. Сакав да станам пријателка со Кити, да и речам Левин многу те сака (хаха), па потоа двете заедно во придружба на кнегињата Шчербацкаја да одиме на неговиот имот на село. Ех.. Фантазии.. Во друго време да се родевме, не во ова.
Сакам да ја читам кажете ми колку дела има? Мајка ми ми ја земала од библиотека и делов кој јас го имам има околу 435 страни. Колку дела има зошто некој викаат 2 а некој 4?Или зависи од која издавачка куќа е?