Спојлер Главниот карактер е Ана Олифант. Нејзиниот татко, г-дин Олифант, одлучува дека Ана треба да се образува, па затоа тој ја пушта во интернат во Париз. Таа не се радува на оваа одлука, затоа што веќе има добра работа, лојална другарка, дечко и фамилија во Атланта, но нема друг избор освен да оди. Сѐ додека не стигне во Париз и не го запознае презгодниот парижанец Сент Клејр кој има неодолив акцент. Но тој е зафатен, исто како и нејзе, што тоа станува проблем за Ана. Таа запознава и неколку пријатели - Мередит, Џош, Рашми. Ана дознава дека Сент Клејр има сериозна врска и дека исто така нејзината другарка Мередит има чувства кон него. Ова е приказна за Ана и нејзините доживувања во Франција, измешаните чувства за тоа што да прави со момчето кое ѝ се допаѓа, има исто така и конфликти со пријателите, нејзините фамилијарни проблеми, има драма и лудости. Ми беше многу интересно додека ја читав, ова е едно лесно четиво кое сигурно ќе ви се допадне.
Да многуу добра книга е интересен живот испреплетеност тинејџерство најдоброто собрано во една книга..