1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ангелите на „Викторија Сикрет“ заминуваат во минатото

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Peanut Butter, 20 јуни 2021.

  1. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Ме интересира, зошто би сакала да изумре?
     
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Разгледај на гугл да видиш какви пре згодни plus size модели има, има умот да ти зајде. Според кои прописи и правила само Ирина Шајак, Адриана Лима и слични на нив се поим за убавина?
    Отвори ги очите малку пошироко, не биди толку Judgemental!!!
     
    На WildMk, sweet-cherry, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    На Savage X Fanty и цените им се по прифатливи и квалитетот е многу по добар.
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda, Leat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Затоа што целата таа Викторија Сикрет индустрија е ужасно нездрава и фејк. Изгладнување, забрането јадење било што последниот ден пред шоу, јадење памук....
     
    На WildMk, mode-kristina, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Тоа не знам, не сум била дел од шоуто :P. Прашање до женските членови, дали некогаш сте посакале да изгледате како тие модели? Јас да, не мислам дека убавината е сѐ во животот, но значи, особено во социјалниот и љубовниот живот.

    Да упростам, кога би бирале меѓу телото на Ashley Graham и Adriana Lima, кое би го избрале?

    Има, се согласувам, но за мене поубави се овие другите, тоа е мој став, тука сме да разменуваме ставови.
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2021
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Модните парчиња се носени од секакви жени, не само од Ирина Шајк лајк модели високи 180 цм а тешки 55 кила.

    Слаби и ниски балерини има зашто би било физички невозможно некоја крупна да ги прави тие движења, во моделингот се работи чисто за естетика.
    Не е физички невозможно некоја дебела/ ниска да ја носи облеката на Викторија' с сикрет само не би било естетски привлечно според моменталните стандарди за убавина.

    А зошто тебе тоа ти значи било што не знам...освен ако не си мажјак кој го боли за долна облека.
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Нивото ти е одвратно. Јас сум поборник за здраво живеење, сметам дека претераната дебелина не е ок и дека не би требало да се промовира. Ми се допаѓаат Ангелите, сметам дека се мотивација на многу девојки за да се посветат на својот изглед и да спортуваат и не гледам ништо лошо во тоа.
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2021
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    И ја сметам дека претераната дебелина не е ок, не од естетски туку од здравствени причини.
    Исто така сметам дека претерана слабост, не е здрава.
    Колку што најдов на нет Ирина Шајк има 49 кила на 178 цм висина.
    Тоа здраво е за тебе?
    Има bmi од 15.5, а за нормално се смета од 18.5 до 24.9, што значи дека она спаѓа во категорија неухранетост, што е секако нездраво, ама ти слабо нешто покажуваш загриженост за тоа.
    Од друга страна слабо глеам нешто модели со 165 висина и 60 кила, кои пак би имале некој оптимален bmi, а освен тоа има многу повеќе девојки со отприлика тие димензии.
    Значи не се работи за здравје, туку за нешто друго.
     
    На WildMk, sweet-cherry, Veta и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Не сум ја мерела и сум против анорексични модели, мене Ирина Шајк конкретно ми изгледа здраво, не ми изгледа како скелет. Инаку, знаеме дека не им е целта да промовираат здравје, туку облека. Мене лично ми се мотивација.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Имаат... али не знам зошто жена толку би се тревожела што ќе ја тргнеле Ирина Шајк и ќе стаеле некоја друга???
     
    На mode-kristina и Leat им се допаѓа ова.
  11. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Зошто сум фан на Ангелите и зошто си тепам време и си дискутирам на форумов од досада. А тебе речникот ти е нула и се служиш со навреди, наместо конструктивно да дискутираш. Ама од што сте либерални, никој не смее да има различно мислење.
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Ајде биди конструктивн(а) и кажи ми како бми од 15.5 е здраво, пошто ти нели беше многу за загрижен(а) за здравјето?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Не е здраво, шо има тука да докажуваме. Јас кажувам дека мене лично ми биле мотивација да спортувам, еве јас не сакав да се прифатам таква каква што сум, со целулит и решив да спортувам и да јадам здраво за да немам, моделите ми беа мотивација во смисол, ако тие можат, зошто јас не би можела. Јас сметам дека има нешто позитивно во сето тоа, не дека тоа ми е целта во животот, ама ете, желба ми е да изгледам убаво, има ли нешто лошо во тоа?
     
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    За да бидеш здрава и/ или да изгледаш убаво стварно нема потреба да имаш 49 кила на 178 цм и бми од 15.5 така да тресеш глупости.
     
  15. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Читаш така како што ти одговара.
     
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Читам така ко што си пишал.
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ангелите на Викторија Сикрет изгледаа екстра, не им требаше ова.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Затоа што е конзумеристичка измишљотина.
    Секоја сезона има нова мода.
    Целта е да произведуваат и продаваат нови алишта.
    Ако нема различна мода секоја езона, од шо мака би купувал нови алишта секои 3 месеци?
    Ти се кинат ли на три месеци алиштата?

    И тоа го има во сите индустрии.
    Порано кога се правеше производ целта беше долго да трае.
    Како се зголемуваше бројот на луѓе на планетата, со тоа бизнисите, корпорациите, слободниот пазар, капитализмот и профит дривен системот, мораа да најдат начин како да продаваат повеќе и повеќе.
    И го решија со тоа што им го намалуваа векот на траење на производите.

    Друга финта.
    Розовата како женска и плавата како машка боја, се производ на ПР на модната индустрија, со цел да продаваат повеќе облека за малите деца.

    Пред 100 години, имало сијалици кои траат 2500часа.
    Денес, нема сијалици кои траат подолго од 1200часа.
    Расталкај, ќе видиш како светот се менувал и како се промовирал и одржувал конзумеристичкиот систем низ годините.

    итн итн...
     
    На sweet-cherry, Kitten, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.821
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе ги променат стандардите за убавина кои сами ги наметнаа, па која и да е позадината на се' ова. Како изграден бренд можеби ќе имаат влијание врз масата, а со тоа во иднина и ние ниските/слабите/дебелите би се сметале за убави. Ако зборот убавина можел да има различно значење низ историјата, зошто да не и сега. На луѓето треба да им наметниш за да прифатат нешто различно, во случајов наметнувањето не ми пречи.
     
    На theowndemon, WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  20. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    "Ако тие можат да изгледаат така, зошто јас не можам"...Реченица што ми падна во очи!

    Не можеш затоа што и они не изгледаат така! Една постара манекенка која своевремено била дел баш од Ангелите во еден мотивациски говор кажа: " И јас не изгледам како на сликите во магазини".

    Дали сфаќате дека тоа што го гледате не постои? Една огромна измама... Дали сфаќате дека секоја ама буквално секоја од тие манекенки имала правено зафати? Еве Кендис што изгледа можда и најприродно од сите прогуглај и ја устата и забите какви и биле! За други да не коментирам.
    И после сите тие операции и зафати, после тоа изгладнување, претешка шминка и на лице и на тело (фејк тен, фејк стомачни, фејк облини со шминка, криење на стрии), и пак на крај после фотошоп тие не изгледаат како на сликите. А некои и покрај се ова пак не се ништо посебно за мене лично.

    Како може тоа нешто да ми продава? Зошто да гледам слики од жени што не постојат? Зошто да се восхитувам на личност којашто ја нема, измислен лик ко од цртан филм. Кои се тие жени? Модели за што треба да ни бидат?

    Обични закачалки на кои висат крпчиња кои поради изгладнување имаат закачено 300 болести. Зошто би следела, лајкувала и би се восхитувала на таква појава?

    Баш ми е драго што пропаѓаа и ги отстранија, многу добро и за менталното и физичкото здравје на идните млади девојчиња и за самите модели. Тоа во никој случај не се здрави личности... А патот по кој оделе да стигнат до таму ич нема да го коментирам, во еден Црнокрак се знае како се просперира, а не па во светски рамки...

    Дајте да бидеме малку пореални и пофини кон себе! Со секоја една фотошоп слика на некоја си манекенка на нас и нашите ќерки им се наметнува порака дека не сме/се доволно добри. Сами си правиме па патиме од ниска самодоверба, плачеме пред огледало и стискаме стомак и со 52 кила....
     
    На sweet-cherry, Annath, fana и 12 други им се допаѓа ова.