1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ангелите на „Викторија Сикрет“ заминуваат во минатото

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Peanut Butter, 20 јуни 2021.

  1. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Имаш право, искрено, ова не сум го размислувала на овој начин. Но, сепак не сум за тоа да се заменат со другата крајност на предебели модели, зошто и тоа не е некој здрав role model.
     
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме веќе за наметнати стандарди и на Пријанка описниот лик и е сменет од почетокот на кариерата до сега, така што кога си дел од светската сцена мора да се прилагодуваш на тие стандарди, како да изгледа ликот, телото. Сега се наметнува и еден друг стандард оверсајзед модели( што според мене исто така не е здраво, како штп не е здраво и анорексични модели), а ЛГБТ па толку е презастапено во секоја сфера што веќе одбивно станува.
     
    На ElenaOfRivendell, CurlyBlossomGirl, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.076
    Затоа е модна индустрија де, за да биде модерна:D
    Само не знам дали подосадни беа со Џенер- Хадид моделите, или со овие новиве, јер новиве уште ги немам видено:yawn:
     
    На andromedae, mode-kristina, Leat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со сите погоре, јас пак ќе кажам мојот коментар беше посебно за моделите форсирани до сега ама тука се препознаваат и новите што ќе ги буткаат и сите славни личности. Искрено многу го презирам Холивуд... Една огромна лага и мизерија!

    Со сексуализирање на манекенките најголем проблем во светски рамки направија токму Викторијас сикрет бидејќи првенствено манекенките не требало да бидат совршени, преубави, изоперирани(зборувам за ревии) туку само да бидат преслаби за да влезат и у најмалиот број и во све во што ќе пливаат ама никако со убави лица, баш напротив, за да на ревијата секој гледа во облеката, а не во жената што ја носи.

    Викторија Сикрет од нив направија "секс симболи", правеа реклами во кои поминува некој си исфотошопиран скелет и позади него 10 мажи со подзинати усти и постојано некој вика "wow, wow"... Со сила сакаа да наметнат нешто и успејаа, за жал, да ја сменат перцепцијата на жените за себе, а на мажите за убавина.

    Јас кога ќе му покажам слика некоја на мојот брат пред и после операции манекенка или старлета или глумица он се чуди, на почеток не можеше да поверува и после се буниме зошто мажите не споредувале со невозможни тела... Затоа што и на нив само тоа им се пласира на Инстаграм, а ние жените кликаме лајк.

    А и ги подесуваат како сакаат, на една слика манекенско тело по кое никако не сфаќам зошто се лудува и зошто викаат убавина од призма на мажите кога тие тела се најмаженствени-рамно даска и од напред и страна, а мажите тоа не сакаат и после на друга слика заносна прелепотица со лепршава коса си ги крие баш онака сочните цицки или позира со задник у преден план, а јасно е дека со 45-50 кила на висина од 180 едвај кожа имаат, а не масти или мускул за во задник....

    Е тоа не може да биде стандард за убавина!
    Ако продолжи ова и за Чопра и сите други, пропаднаа... Џабе става пониска жена со 158 висина ако и неа ја фотошопира, и праи песочен часовник тело или и брише стрии... Џабе е!
     
    Последна измена: 22 јуни 2021
    На Amellie13, sweet-cherry, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Компанијата пропадна уште пред неколку години кога тој што беше директор или нз што даде една изјава.. Одма ќе ја најдете, сите ги изнервира. Сега трчаат по трендовите демек инклузивни се.. ама очигледно е дека мотивацијата е од финансиски аспект и ништо друго.
     
    На WildMk и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Од сите работи кои не чинат во модната индустрија стварно ова најмногу ти пречи? :D
     
    На WildMk, Annath, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Пресмешно ми е ова "моделите од Викторијас Сикрет" биле нашминкани, фотошопирани, изгладнувани, немаат допир со реалноста. Ко демек, сите други модели баш реално изгледаат :D. Викторијас Сикрет беа препознатливи по презгодното тело, да не се лажеме, и јас лично не гледам ништо лошо во тоа.

    Сте се фатиле за некои естетски зафати, па секоја втора жена у вашиот живот веќе има некаква корекција а не па модел чија професија е да изгледа убаво. Ако треба да пропадне VS, тогаш нека пропаднат и буквално сите други модни индустрии, затоа што секогаш ќе бидат ван реалност и нешто што "обичните" нема да можат да го достигнат.

    И ова што вметнуваат ЛГБТ лица не е новост на 2021, туку и во 2019 како модел за Викторијас Сикрет стана Valentina Sampaio.

    Victoria's Secret hires Valentina Sampaio, its first openly transgender model - CNN Style
     
    На ilenaki, Ambitious, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  9. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    А што е тоа презгодно тело?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    За мене лично, слаби, високи, стегнати.
    Еве нека не е ни за мене, сакаш да кажеш дека не беа згодни Ангелите?
     
  11. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Последното шоу со нови лица што беше, мнозинството преслаби, сосема различно од пред десетина години.
    А постарите ангели, како Амбросио, Кендис, Миранда Кер и други, се друга прича.
    Ни Викторија Сикрет не беше тоа што беше последните пати.
     
  12. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Мене не ми беа бидејќи ги имам видено на слики во облека.
    Голи и со фотошоп се онака океј, баш манекенско тело што мене естетски не ми е ништо посебно.

    Ама во фармерки погледни ги, каде се тие облини?

    Како изгледаат во секојдневие и без фотошоп е какви се тие реално, на слики за реклами се жени што не постојат, измислени за да продадат, со тела што ги има само на таа фотографија, а надвор од неа не постои ниту тоа тело ниту таа персона.

    Патем, реков и претходно манекенско тело ми нема женственост. За мене згодна девојка може да биде со било која висина, со негувано и одржавано тело, со средни облини.
    Не пренавежбана или набилдана, ниту пак без задник и без гради и без струк и колкови како што изгледа секоја една манекенка!!!
     
    На fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Океј ама се фаќате конкретно за овие од Викторијас сикрет. А реално, сите модели без фотошоп и во фармерки не изгледаат така како на писта, реклами. Во тој случај, не гледам зашто толку се трн во очи баш моделите од VS.
     
  14. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Во право си ама не кажав дека само на нив се однесува ова.
    Важи за сите... Јас реков дека дури и не само модели, иако они најмногу, ама мене и целиот Холивуд ме нервира во тој поглед...

    Најмногу Викторијас Сикрет поради тоа што почнаа генерално да ги величат манекенките, другите носат облека и не им се потенцираат лицата и телата толку многу туку акцент е на тоа што го носат, овие ги сексуализираа, од секоја една се обидоа да направат бренд и секс симбол, а не девојка што носи облека.
    Сакаа да ги претстават како идеал, како жени како кои мора да имаш и тело, но и лице за да бидеш класифициран како убав.
    А такви жени како кои се наметна да бидеме и самите не се такви...

    Тоа го кажа еднаш и Синди Крафорд и една друга манекенка. И самите рекоа дека тоа на сликата не се они, дека и они не изгледаат така, а тоа не е здраво ни за самите модели.
    Моментот кога им ставаат фотошоп на сликите на нив им праќа порака: " Не си доволно добра, мора да те средиме", а на обичните жени, девојчиња, тинејџерки: " Не си доволно добра, мораш да изгледаш како тие на сликите".... а тие на сликите не изгледаат како себе...
    И на крајот на денот сите се тажни, разочарани и незадоволни од себе.
     
    На Estranged, WildMk, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Луѓето прават секс симболи од секакви професии и категории, мислам повеќе глумици и пејачки се прогласени за секс симболи отколку манекенкиве од VS.
    Не можат баш да бидат претставени како идеал, бидејќи идеалот е субјективен. Ништо не ни се наметнува да бидеме, освен ако самите ние дозволиме. Може не сум компетентна да коментирам затоа што ете, после гледање на видеа од моделиве, не се опседнувам со помислата дека морам да изгледам така. Свесна сум дека тоа е професија, дека не се такви во слободно време. Ако сакате да бидат "relatable", било кои модели, тогаш да им упаднеме дома додека вечераат и да ги видиме како шетаат од кујна до вц по пижами. Едино тогаш би биле во допир со реалноста и слични на oстанатите.

    Затоа пак ќе кажам и не планирам да се повторувам. Секој нека си гледа и поддржува она што му одговара, ако на одредена публика не и се допаѓа VS, нека прати некои други брендови и компании. Нели сите имаме право на различно мислење? Мене искрено ми беше криво кога ги откажаа модните ревии пред 2-3 години, стварно уживав кога ги гледав.
     
    На Ambitious, Daniela93, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Па очигледно повеќето не размислувале како тебе и почнале да стануваат посвесни.

    И затоа ги откажаа ревиите, и затоа дојдоа пред банкрот. И јас мислам дека е предоцна и дека нема да се спасат.
    И драго ми е поради тоа!
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.076
    Одлични клиенти за останатите индустрии, пластика, козметика, тиреков-мирече.
    Шо корист од некој што е задоволен од тоа како изгледа|( Се знае, сите треба да имаат таков нос, такви гради, таква уста, такви веѓи...Северна Кореја, ај лав ју:inlove:
     
    На WildMk, Annath, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Па така де, различно мислење :D. Не ми менува во животот дали ќе има или нема пак ревии реално. Али кога имаше, уживанција беа.

    Eдит: може поконкретно да ми кажеш за што "повеќето различно размислуваат" од тоа што ја го имав пишано? Пошо конкретната причина колку што знам за банкротот на VS нигде не ја ни спомнав.
     
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    E ова. Огромни скандали ги тресеа, прво тој CEO што им беше му беше другар на Епштајн, веројатно со него беа заедно во синџири со проституција, малолетничка порнографија и сексуална експлоатација. После тој гревот што ги менаџираше кажа дека во Викторија Сикрет нема никогаш да вработат трансродова жена затоа што за него тие жени не биле вистински жени. Па искочи и вработена од кај нив и кажа како сексуално ја злоупотребил и тоа им беше последната шајка која ги закова.

    И сеа нормално дека прават напори да не си го изгубат брендот ама нема назад. Прво нивните конкуренти многу паметно изиграа кога видоја дека модата не треба да е само жена која е закачалка за алишта па си направија истата таа мода да е достапна и интересна и за обичниот човек, а потоа почнаа да вработуваат модели од секаков калибар со што ја направија почовечна.

    Што и да пробаат сега не можат да си ја опорават репутацијата. И не Меган Рапино да ја викнат (ја изгубив сета почит за неа), кој сакаат нека го викнат нема да го поправи тоа што тие се вмешани во секс скандали, мизогинија и ужасно третирање на моделите. Џабе им е, кога светот виде колку е саатот кај нив.
     
    На Bozica1980, WildMk, butterfly6223 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.076
    И, разбравме дека сите прават се за пари?
    Шо вика еден- за пари, само чоек нема да отепам, за се друго може да се договориме:D
    Фино резиме, инаку:nod:
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.