1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ангелите на „Викторија Сикрет“ заминуваат во минатото

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Peanut Butter, 20 јуни 2021.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Е да, стварно ми е полесно одма у своја кожа, штом веќе не мора да изгледам ко Адријана Лима, туку ко Пријанка. :D
     
    На Ugly Duckling, GrimTheReaper, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    11.333
    Пол:
    Женски
    Само внимавајте кога сакате да одбранете една група на жени, голема е веројатноста дека навредувате други.
    И после тоа сакајте се какви што сте, ви паѓа во вода.
     
    На Daniela93, Mishela, mode-kristina и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    И мене исто... Преубав нов модел и баш почнуваат да прокламираат боди позитивити...

    Пријанка толку е природна и толку добро се чувствувала во своја кожа што морала дури и нејзината боја да ја промени....
    Гуглајте ако не сте слушнале, имаше темна кожа бидејќи е индијка, а ја избелуваше....
     
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    А мислите дека plus size моделите не се на некакви рестрикции?
    И Ashley Graham ако се здебели или пак ослабе ќе се најдат луѓе да коментираат. Под притисок се сите манекенки, не само оние слабите.
    Убаво е да се види диверзитет, ама верувам дека пак ќе има незадоволни. Зошто? Затоа што и тие плус сајз модели, со целулит и стрии, пак изгледаат многу поразлично од некоја просечна жена. А ако само стриите се мерка за диверзитет, so be it. Ако сакате да се оправда паролата "секоја жена е убава" од страна на вакви компании, тогаш треба да ангажираат девојки со алопеција, искривени заби, акни на лице и тело, физички деформитети. Или само килажата е проблемот?

    И во savage x fenty не гледам нешто да има од последново што набројав, освен што моделите се разликуваат во килажа. Другото си е исто.
     
    На deskarada, mode-kristina, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.652
    Пол:
    Женски
    Имаше на Americas next top model девојка со алопеција, Jeana Turner
    [​IMG]

    Има и со разделени заби, девојката што глумеше во 'too late' на The Weeknd.

    [​IMG]

    Има и со витилиго, мислам дека имаше и со акни, ама да ме утепаш не ми текнува како де викаше. Ќе дојде секоја имперфекција на ред, полека. Се почна со тежина пошто таа е најчесто коментирано нешто кај жените.

    Иначе јас стварно тоа го мислам, мене секоја жена ми е убава. Стварно сите ве сакам :D
     
    На WildMk, Amellie13, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Со витилиго Вини Харлоу беше на Викторијас сикрет. Не викам дека ги нема ваквите, ама реално се најмалце прикажани. Едно е Americas top model, таму се пријавуваат баш обични девојки кои понатака се надеваат на кариера. Ама во успешни и познати компании, за жал се помалце претставени ваквите "недостатоци".
     
    На mode-kristina и KateKane им се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Дека сите жени се убави, да, комплетно се согласувам бидејќи убавината е многу повеќе од симетрично лице и тело без целулит. Ама ај да бидеме реални, кој ви стоеше на ѕид како тинејџерки, Бекам или Jonah Hill? Не знам што е страшно да се признае дека некои луѓе се попривлечни (физички) од другите. Тоа не го кажувам јас, тоа го кажува статистика, симетричните и фит луѓе полесно стануваат ѕвезди дури и кога не се квалитетни во својата професија. Викторија Сикрет беше препознатлив бренд токму по ваквите модели и мене ми нема смисла нивното постоење поинаку.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.886
    Овој:D
    upload_2021-6-23_8-58-27.jpeg
     
    На GirlRose, 9797, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Во 2019 немаше ревија. Тоа беше голем показател дека нешто не беше како што треба. Ни јас не сум за да се промовира обезноста. Не поради естетика, напротив мене секоја жена ми е убава на свој начин, туку поради здравјето. Но какви модели и да одберат, нема да им се погоди на луѓето. Им лепат секакви етикети. За вкусови не се дискутира. Ех, да беше само Каролина Куркова жртва на body shaming откако качила некој килограм на ревија. Данската манекенка Нина Агдал беше исто жртва. И самата изјавила дека ѝ велеле дека мора да ослаби. А една што била многу дебела, што морала да седи на две седишта во авион. Тогаш ѝ се восхитувале, но откако ослабе, ѝ рекле да се фрли од мост. А повторно не е слаба, туку сега е како Ешли Грејм, најлесно така можам да ја опишам. И ајде угоди им.

    Мене не ми менува ништо дали ќе ги има ангелите или не. И зошто да не се доведат нови и поразлични модели? И дебелите, и слабите, и ниските, и високите имаат право да се чувствуваат убаво во својата облека. И тие имаат право да се облекуваат убаво.
     
    На Annath, Hellobeautiful, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Па не се должи да го претставуваат мнозинството.Ете најискрено, манекенството е професија и од секогаш било резервирано за одреден тип на жени, исто како што за да бидеш на пример стујардеса треба да имаш стриктно определен начин на носење на фризура и лак за нокти, така и тука има критериуми според кои некоја ќе биде модел.

    Викторија сикрет си е бренд, они си имаат право да си изберат какви модели сакаат, тие не ги поставуваат стандардите, туку се дел од индустријата и влијаат на нивно офрмирање ама во никој случај немаат главна одговорност како што преувеличувате тука.

    Општествените стандарди се збир од многу повеќе влијанија и моментално многу повеќе влијание врз стандардите на убавина имаат модели што се Кајли Џенер копија отколку модел на ВС.Овие вториве барем ќе те мотивираат да станеш да вежбаш, овие првиве најмногу што можат да те мотивираат е да си инјектираш ботокс.

    Плус, сите зборат за килажа, а што не се буни некој зошто сите модели се убави, ајде бе во име на промоција на селф лав нека најмуваат грдички, со неправилни црти, крајно нефотогенични, може? :D

    Уствари јас немам проблем да компаниите си користат различни типови на жени во кампањите, мислам океј нормално дека треба да нудат широк опсег на броеви за да има избор за сите, ама да, ми смета уривањето на нешто што постои со години само за во име на инклузивност да се поставуваат нови стандарди.Сите знаеме дека кога ќе здосади боди позитивити ќе дојде нешто друго.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Најголемата иронија тука е што сте против рибрендингот бидејќи промовирање обезност е нездраво, а ако размислиш две секунди ќе сфатиш дека понездрава работа од третманот кои го добиваа манекенкиве не постои на светот. Па уште читам ангелите биле пример на фит девојки и инспирација и мотивација за вежбање и не знам што. Инспирација беа за огромниот спајк на eating disorders ама терајте го филмот. Јебало ве здравје ако го спомнувате само кога не ви се допаѓа како изгледа некој. |(

    Што се однесува до компанијата, нека пропаднат for all I care. Доволно штета направија. Цела таа култура на бруталност во ,,индустријата" редно е полека да изумре. И за среќа умира. Од иста причина пропадна и antm и така треба да остане.
     
    На Dust, WildMk, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. И не знам зошто толку се запнува биле убави, со прави црти на лицето, симетрични, фотогенични...

    Леле луѓе една нема убава, баш со убаво лице, заби како за на реклама... или им се разделени или им се гледаат горе непцата или им се криви... Нели тоа им е работата да бидат убави?
    Косите на повеќето им се надградби, имаат бубуљици (погледнете ја прво Џенер), 99% се со вдлабнатини на образите, пропаднати, со предолгнавести лица...
    А кога ќе ги исфотошопираат ништо од ова. И каде е тука реалноста?
    Нека покажат какви лица реално можат да имаат жени со 45 кила! Сигурно не со такви подигнати јаболкници....

    И тоа е во ред! Ама има многу поубави девојки на улица! Секоја втора е поубава. Доста толку се величат...
    Нека ни дозволат да ја видиме реалната страна. Нека им ги покажат коските на колениците и ребрата на стомакот и грбот кои се неизбежни кога имаш 45 кила, нека ни ги покажат испиените образи, нека ги покажат нивните здравствени проблеми, изостанати менструални циклуси, проблеми да забременат, опаѓање на коса и веѓи...

    А не ем совршено тело, ем совршени лица...на исфотошопираните слики нормално... Ништо не е совршено, а најмалку овие жени... И сите треба да го знаат тоа.
     
    На 9797 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Е ова е веќе школски пример за љубомора.
     
    На Frosty!, BlackNight, 9797 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Баш би ја изразувала на форум со луѓе со 200 различни мислења на кои моето баш ништо не им значи.

    Не е љубомора, мое мислење е. Зошто мора сите да мислиме исто?
    Сум во круг на луѓе што се дел од индустријата и како модели и како модни креатори кои селектираат модели и знам многу и имам дискутирано со нив многу, многу на темава... Затоа имам баш, баш строги мислења по основ на ова прашање.

    Едит: Не ми се губи време да гуглам не толку фотошопирани слики од нив за да видите ама можете сами
     
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас со 45 кила читајќи го постов:
    emoji.png :D

    Во секој случај, не би одела од крајност во крајност. Поентата е да го напуштиме она верување дека постои само еден единствен начин да се изгледа секси. Мене ми се убави на изглед и ангелите, и Зара моделите за кои се збори дека се рамни како даски, и Ешли Греам. Не е zero-sum game убавината. Барем во последно време престанува да биде. Сè може да биде убаво ако се изгради соодветна естетика околу него. Ми нема смисла да направиме 180 и сега да се расфрламе со погрдни зборови за манекенките.
     
    На KateKane, WildMk, Frosty! и 6 други им се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам со 45 кила кон постот. Реално ништо од она лошоно што го наброја го немам:. Не знам зошто вакви напади и предрасуди кон слабите жени.
     
    На WildMk, Cherry333, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Веројатно е ефект од долгите години пласирање само Викторијас Сикрет тела како стандард за убавина, а и сличниот речник насочен кон жените со вишок килограми. Па сега као демек баланс. Разбирам ама не оправдувам. Јасно е дека начинот на кој ангелите стигнале до телата е главно нездрав, ама тоа не е причина да им се прави шејминг на телата. Ни предебели ни преслаби луѓе нема да го напуштат нездравиот начин на живот со tough love, со години се покажало.
     
    На KateKane и mode-kristina им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Ова со коските на колениците да можиш уште 200пати ќе го пишиш.
    Знаеш дека има куп на девојки кои се слаби и слаби од шо не можат да се здебелат и читаат тука по форум? Знаеш дека е потрешко од се здебели некогаш човек отколку да ослаби? И не знам шо толку предрасуди кон слаби жени.
    Ако гледаш така сега сите "обични смртници" се исфотошопирани по фб на инстаграм па да не зборувам, филери на уста, надградби на коси и слично и? Јас лично не би ставила, ама треба да ги хејтам како ти погоре?
    Точно секоја жена треба да се прифати каква шо е, ама немој да ми кажиш дека обезноста е здрава да се промовира.
     
    На Nane2356, Cherry333, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    4.495
    Пол:
    Женски
    Офф топик, НО никоја од ангелите на VS нема и немала 45 килограми. Ова веќе го напоменуваш неколку пати, а е неточно. Ја споменавте Каролина она има околу 66 до 68кг, во врвот на нејзината кариера не била под 60. Потоа запнавте за Ирина која никогаш не била Ангел на VS туку дел од ревиите и едиторијалите, она има од 57 до 60кг исто и Адриана Лима. Да не ги наведувам сите, но факт е дека се високи 175+ и вежбаат редовно, па затоа имаат тонирани мускули што ги прави да изгледаат послабо, од оние кои не вежбаат.

    И кога мислам дека вежбаат редовно, се мисли на вежбање 2 до 3 пати дневно, со посебен режим на исхрана и со тренери кои се вистински професионалци за да се дефинираат мускулите. Но факт е дека 1 недела пред ревиите се на течна диета, а 1 ден пред ревиите пијат само вода. Дали ова е правилно?
    - делот на тренирање неколку пати дневно е сосема ОК тоа го прават и спортистите,
    - но изгладнувањето секако дека е ПРЕМНОГУ ШТЕТНО и ОПАСНО, особено ако се има во предвид колку долго траат модните недели.

    И немојте да пребарувате на нет за нивната висина и тежина, бидејќи сите ѕвезди не само на Холивуд и пошироко си додаваат cm, а си одземаат kg. Така да на секој резултат од google додадете 3,4 кг а одземете 3,4 cm, кај некои и повеќе.

    Ова го кажувам бидејќи имав прилика да сретнам неколку модели и инстаграм инглуенсери во NY и LA во нивните продавници. И да и тие се луѓе исто како јас и вие. И тие се жени и пред се трпат критики од други жени. Пред се се многу харизматични и фотогенични, но како и сите ние не се совршени.

    И тие имаат акни, целулит, флеки, лузни, пори, влакна, стрии и се што имаат останатите луѓе. Единствената разлика помеѓу VS и обичните жени е се следниве 2 работи:
    - зад нас не стои тим од професионалци од козметичари, фитнес тренери, нутриционисти, фотографи и сл.
    - и зад нас не стои индустрија која има за цел да прави "совршени жени" бидејќи guess what луѓето се во вечна потрага по тоа што не постои т.н. совршенство.

    Во врска со ребрендирањето на VS сакам, треба и мора да се вклучат жени од сите големини, возрасти, бои на коса, очи, кожа и сл, колку повеќе разновидност толку подобро. НО како и досега тие а и остатокот од модната индустрија го прават она што го бара популацијата, т.е. она што е во тренд, а тоа е истотолку штетно како и предходното.

    Излез од зачараниот круг во потрага по совршенство не гледам, барем не во догледно време. Но ако ништо и тие, и јас и вие, и сите останати треба да научиме да се сакаме, да го почитуваме и негуваме нашето тело, да се грижиме содветно и ич, ама ич да не ни чуе што е во тренд и кој што ќе каже. Телото не е тренд па да правиме експерименти како ќе ни текне.
     
    На CurlyBlossomGirl, Frosty!, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    https://people.com/style/victorias-secret-model-romee-strijd-swarovski-wings/
    Не знам кои се тие изгладнети луѓе што носат крила од 12 кг, качени на штикли и притоа изгледаат како од списание. :D

    https://www.google.com/amp/s/www.da...-Alessandra-Ambrosio-admit-not-easy-ride.html
    Или па крила од скоро 30 кг, додека си бремена.Стварно се неухранети и загреота.:D
     
    Последна измена: 23 јуни 2021
    На andromedae и Guns N` Roses им се допаѓа ова.