Короната нека си оди, Ангели серија ко серија ќе си заврши, а и никој лошо не гледа од неа, ако толку не ни се допаѓа можиме едноставно да ја игнорираме, да смениме канал или били како. Камо да би можеле и со болеста така, иако мислам дека серијата не мислам да е толку опасно лоша.
Па да така си е..па кога веке сум ја почнала да ја гледам, сакам да ја догледам до крај. Гледам лошо тоа што мајките си ги оставаат децата во дом за маж, и тоа што како мајка и на кадер си го удави детето, и тоа што кемал злоупотребува деца што може керки да му бидат и ако е само филм. Филмот си е супер, само тие работи не ми се свигаат во филмот
По мое, сакале да прикажат некоја сурова реалност која им се случува на луѓето. Можда не им се случуваат толку лоши работи на личност како што им се случува на девојките, туку во смисла дека има вака оставени дечиња во дом, има деца кои живеат во дисфункционални семејства, деца кои се злоупотребени итн.
Серијата е многу поучна и носи убава порака. Но досега веќе покажаа се, сите ги стигна некаква казна, и Назан, и Месуде и тн. и веќе се изгуби смислата, почнаа глупави случки само за да ги влечкаат епизодите..
Епа тоа е до крај на серијата. Се сложувам со тебе за тоа колку почна да се влече. Можеле да скратат, вака почна сѐ во круг да се врти. Сега пак ќе има нова драма, па пак по болници, по затвори.
Не ја гледам серијата редовно, така на менување канали,ама секогаш налетувам на Атакан и така бааги красиво момче билооо
Само малку улога му дале. Сега баш Кемал ќе го докрајчи и толку. Али после кога ќе се појави новиот дечко на Ејлу и тај ќе биде за плакнење очи.
Ептен глупости го претераа безвезе, оној лудакон удира по колата овие седат, наместо да бегаат. Онаа Дефне идиотка ептен.
Спојлер Мислам дека тој што го правеше кафезот за Кемал, ќе види во весник дека Кемал ја има киднапирано Ејлул и ќе оди во полиција да кажи.
Овие Зехра и ќерка и се многу непотребни и антипатични ликови. Кога ќе се појави? Може слика да ставиш?