Убаво си кажав дека не гледам веќе, кај пуштив кај се зезнав. Пак умирачки па и деца закопани аман. Треба режисеров психијатар да го провери, ова е вон секоја граница на нормално во серијава.
Ова со децава закопани ја надмина секоја граница на психозата на режисерот на серијата, мислам што е претерано, претерано е
Ништо чудно за неколку години да пишат дека режисеров е некој психопат. Навистина не знам што му требаше ова со децата. Мислам во ниедна Турска серија немало до сега волку бизарни работи.
Со тоа веќе ги преминаа сите граници, сосема непотребна сцена. Изгледа на режисерот му снемало идеи па се глупирал и ставал вакви сцени, катастрофа...
Ама го скратија филмот. Не ја покажаа сцената кога Маџиде ја ослободува Кадер, ниту пак кога Еждер ја бркаше низ шумата. Само дадоа како Маџиде му кажува дека ја ослободила и одма после Кадер во полиција.
Синоќа не ја гледав сцената со онаа мајка и дете што беа заглавени во шума и нели дојде еден со автомобил. Што се случи поточно?
Девојчето го киднапираа, а тој човекот имаше тетоважа на раката. И сега го бараат бидејќи и тоа девојче што го најдоа во шумата биле од исти човек киднапирани. Бујна фантазија. Не знам зошто киднапираат девојчиња и такви работи.
На крај десет ќе излезат киднапирани. Веќе претераа со децава, трауми им ствараат на овие што гледаат. Серијава не е никако стабилна, тежок психички хорор...
Овие сцени со киднапираните деца им се непотребни и несоодветни, небаре ова е CSI.Нек си снимат CSI Истамбул и нека тераат работа. Разбравме, Ејлул ќе си фати дечко цајкан, работи со исчезнати деца и неговата професија не е предмет на серијалов. Ги мотам сцениве и овие и оние со Серкан. Па, мислам ту мач. Еждер, односно Аждер со онаа мрачнана музика во позадина, језа да те фати. Ич не морам да гледам, знам он ќе следи. Криминалов им е како добро утро на овие.