Колку е глупава Кадер и таа се полакоми по парите, одма почна моите пари богата сум...Џабе кога ќе остане без нив.
Спојлер: Кадер Еждер и Маџиде мислам ќе и подметнат да потпише документ во кој им препишува се на нив
Значи освен на оваа Зехра не се сеќавам на друга да ме има толку нервирано во некоја серија. Женава значиии
Не ја поддржувам Мерал за тоа што го стори, ама да не претерува оваа Кадер? Не убила човек па во затвор да оди, а и почна веќе да ме нервира, многу е наивна.
Мерал е всушност како во стапица од страна на Зехра,бидејќи Мерал е многу наивна и на крајот е од сите осудувана. Јас мислам доколку не беше зехра Мерал немаше да постапи така бидејки е наивна не знае за такви злобни интриги.Целиот циркуз го водеше Зехра...Зехра правеше скришно и од Мерал подмолни работи, нели го замени тестот за днк без да знае и самата Мерал што и се дешава (Монентот кога Маџиде ја однесе Мерал на фризер со цел да и украде прамен коса) но на Зехра злобната никад неможе нешто да и промарши и секад беше експерт за збрки и измами. А Мерал многу пати сакаше да каже а и на самиот почеток бидејќи ја гризеше совеста. Мерал така убаво се закашка што потоа неможеше да се извлече од таа беља и на крај пак не успеа да признае на време и искочи како да е прав крадец. А Зехра згора на се сега и се смее башка и ја наклевети, иако целото масло е нејзино дело. Мерал е всушност жртва,она и на самиот почеток не знаеше дали е таа внуката а и сакаше тест да направи но Зехра за се ја спречуваше така што потоа стана доцна и беше принудена Мерал да живее со грижа на совест. Налет шо е само филм но јас многу мразам некои личности коа се обидуваат да ја искористат таа наивност кај некои добри луѓе и на крајот они добрите испаѓаат виновни иако се отепани за себе не па на друг за да му наштетат но сепак добриот секад на крај иде у затвор. Барем во филмовите. Многу ќе ми беше мило Зехра да идеше у затвор.
Кривично дело е, но Кадер од поодамна ме нервира, многу се занесува и арогантна станува. Ништо подобра нема да биде од Мерал, а од друга страна е наивна и не знае ниту да располага со парите, а не обезбеди ни консултант, па овие двајцата мафтаат со неа како сакаат. Само не знам дали веќе 18 има навршено, би требало да има старател над оставината. И Ејлул ми е станата одбивна, а за гласот немам коментар, па тоа смеењето ужас. Откако почна со моделингот стана премногу самосвесна до размери на ароганција. И на Џемре смеењето исто (ова за надсинхтонизацијата) ме иритира. Дефне пак ми е најзабавна, штета што и заврши ,, љубовта,, со Еждер, баш беа за пукање сеир.Зехра е како пијавица, крвопиец, ужас. И да , Зехра треба да оди во затвор, ја наведуваше Мерал на криминал, соучесник беше, но и изнудуваше пари и има поголема вина.
Се сложувам со сето ова посебно за Дефне ми е толку многу забавна ...а исто и Џемре ми изгледа како најстабилна од самиот почеток се до сега и не ме нервира воопшто за разлика од Кадер и Ејлу
ни мене не ме нервира, не сум го заприметила нешто посебно и стварно е преубава, бар по мој вкус, она па Кадер, па Дефне, па Мерал, па Сонѓул и ако мора Џемре хаха
Ејлул е убава, нема збор, мене таа и Дефне ми се нај, на Дефне фигурата ми е . И Сонѓул има убаво лиценце, а Џемре прекрасни очи. Но, карактерно Ејлул не ми се допаѓа во последно време, умислено и претенциозно делува. Гласот што и го позајмуваат, викањето ми се иритантни.
Спојлер Ќе се појави таткото на Дефне и Серкан кој ќе биде многу лош човек. Ќе сака да ја силува Кадер и она во самоодбрана ќе го турне од тераса и ќе почине. Девојките и Назан ќе и помогнат да го прикрие убиството, мислам дека Серкан ќе дознае и ќе ја пријави Кадер. Девојките ќе бегаат од полицијата ќе направат сообраќајка, Сонѓул пред да умре ќе и каже на полицајкана Фадик дека она го убила. Ама овие пак ќе одат во затвор како соучесници 2 години.
Да не знаете случајно зошто Ејлул (Biran Damla Yilmaz) и девојките од домот (Hazar Motan,Çağla Irmak,Aleyna Solaker,Gökçe Akyıldız) во реалниот живот се скарани?