Горе во лентата со алатки кај што пишува Вметни оди на Спојлер и потоа не ставај наслов само оди на продолжи и пишувај во него
Кога ќе го напишеш текстот, ќе го селектираш и ќе притиснеш на ова Испратеното мислење можеш да го редактираш (промениш) само 30 минути после неговото испраќање.
се знае на почеток е интересна потоа каша, затоа немам трпение да гледам секој ден туку ќе видам однапред
Јас на поминување ја гледам, или од репризите по 10тина минути и пак сум во тек. Е до толку не се случува ништо важно и ново.
кога и да погледнам реклама или некоја сцена во филмов све несреќи им се случуваат, све по болници, еден момент нема среќен, не е реално толку несреќа да имаат
Навистина ептен е трагична серијата, уште кога гледаме како живеат во дом многу е тажно па уште и несреќи и смртни случаеви секоја втора епизода
Во дом живеат, а не се толку сами во животот, сепак имаат по некој да им пакости да им ги комплицира животите. Исто и јас мислам дека режисерот има претерано со тоа што скоро секоја епизода некоја од девојките е или во болница или во полициска станица.
И мене не ми се допаѓа тоа што се нешто им се случува,еден момент нема среќен.Па до крај уште колку работи ќе им се случат.На почетокот ми се допаѓаше сега ми станува напорна.
Spoiler Карма ќе ги стигне. Ќе бидат сиромашни и Назан ќе работи како чистачка, таа ќе се опамети ама Дефне цело време ќе прави глупости. Ќе и ги украде дизајните на Џемре и ќе ги испрати на натпревар како да се нејзини. После пак ќе го вратат богатството. Дефне и Серкан ќе се дознае дека се посвоени бидејќи Назан не можела да има деца. Дефне ќе биде измамена од трговец на луѓе која ќе се преправа дека и е мајка и ќе бидат киднапирани заедно со Ејлул и Џемре, едвај ќе се спасат.
Кога и како ќе се дознае што прави тетка и на Џемре? И што ќе се случува со мајка и на Мерал знае некој?