Заврши Омилената и единствена добра тинејџерска серија Никогаш,никогаш нема да ги заборавам,бидејќи со нив пораснав.Ги пратев 4 години. 4 години се дружев со Ангелчињата ,4 години учев се повеќе и повееќе, 4 години не пропуштав ниту една епизода. Ми станаа омилени уште од првите епизоди, сеуште ми се омилените и ќе ми се. Кој што сака нека каже ,ама од Ангели научивме многу работи кои ни помогнаа или ќе ни помогнат во животот.Не` научија како да се снаоѓаме во секакви ситуации,да бидеме храбри,издржливи и силни,да се бориме за љубов и мир,за нашите права и подобар свет. Сите овие години ,додека ги гледав најомилените плачев и се смеев,тагував, се радував. Уште од сега сфаќам колку ќе ми недостигаат. Но,сепак се` има крај. Иако веќе нема да ги гледаме секогаш ќе бидат дел од нас. http://casi-angelesmacedonia.blogspot.c ... _4686.html
Еве ни заврши омилената серија Ангелчињата се вратија дома, го спасија светот од уништување Ах, камо да беше вака и во вистинскиот живот, заедно сите да се бореиме за подобар свет, сите да се сакаме како браќа меѓусебно Но, како што гледате светот во вистинскиот живот е сосема поразличен за разлика од оваа прекрасна приказна со поука Денеска наместо да си помогнеме меѓусебно, ние гледаме колку повеќе да си наштетеме меѓусебно Затоа е направена оваа приказна, за да може да ни ги отвори очите, да видиме што остана од прекрасниот свет што го имавме Но ретко кој може да ја види убавината и маѓијата од љубовта, другарството, братството Сите зборуваат дека оваа серија била полна фантазија и глупости Но, дали нешто друго ако не серијава може да ни ги отвори очите, да не разбуди, и да видиме како светот полека се уништува од нашата секојдневна злоба, лицемерие, и малоумност.
Единстевената серија шо може да ни покаже и докаже колку луѓето во денешно време се злобни и лицемерни, колку сакаат да им наштетат на луѓето околу нив и да ги уништат, наместо да им помагаат и да ги сакаат е Ангели. Сите викаат дека серијава беше промашена глупост и дека се беше фантазија, ама всушност тие ни покажаат дека треба да издржиме, да се опираме, да останеме да останеме заедно шо и да се случи, да не се менуваме кон полошо, туку да се сакаме такви какви шо сме. Ако не беа тие немаше да видеме колку сме сакани и дека треба да го цениме тоа шо го имаме, а не да ги отфрламе и делиме луѓето. p.s. Може ли некој да ми објасни во која епизода oд третата сезона и како умре Хуан Круз?
Ајде да се собереме и да пишеме на страната на сител да ја репризираат бидејќи стварно имаат вредна поука која треба сите да ја имаат на ум. Сега додека пишувам се сеќавам на првите епизоди како со нетрпение чекав да почне ( тогаш ја даваа за време на распуст). Навистина ќе ми фалат сите од нив
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... fBTBkKqeak таја музиката што е оклу 48 минута ми е многу позната, но не можам да се сетам од кој беше, ве молам кажете ми , ве молам.
"Она што вика аааaaa " Од Нико и Тијаго : Таа не е мртва значи... Мар: Дека е жива? и Jаз: La Turra некој од таму: Que? Mar: No, no decia urra urra hahaha на овие колку сум се смеела Највеќе од се (после Мар и Тијаго) ќе ми недостасуваат смешките
Девојки ми текна, во последната епизода, Нико велеше кога ги испраќаа со комбето да заминат во ИДНИНАТА повторно, тогаш Бруно во позадина рече дека ова е заплет ( а заплет е насредина, расплетот е крајот ) и друго што рече Бруно е дека историјата на CASI ANGELES е бесконечна... Искрено овие зборови ги запомнив и се надевам дека со ова сакаа да кажат дека ќе има и друг дел, каде што одат сега во иднината, каде што тргнаа со комбетоо Се надевам ќе го гледаме детството на Бруно хахахха
Јас искрено не верувам, сите актери си имаат свои проекти и тоа важни проекти, сите тргнаа по својот пат.. А Гастон (Рама) е во Њујорк.. Така да не верувам да има продолженија.. И сите убаво си кажаа. ЗАВРШИ Cаsi Angeles!! Готово е И тоа пред 3 години заврши Немаме друго решение освен да ги следиме и сакаме нашите омилени актери нели? .. Ако пребарате добро на интернет, ќе видите дека секој од нив е дел од некој важен и сериозен проект.. вреди да ги следите и да бидете горди на нив
Да да да A ако го сакате филмот за Тееn Angeles (El Adios 3D) во Македонија пишете овде тоа што сите го пишат - "Queremos verlo en Macedonia!" Ајде
Франка е од 2та сезона таа го тераше Лука да убива и беше шеф на Сиело абиерто организацијата, а Хуан Круз е од 3та сезона тој сакаше да ја убие Пас и не се сеќавам точно мислам дека Тијаго некако го уби.. Јас на Тера веќе пишав.. btw.. Queremos verlo en Macedonia!!!
Многу ми недостигааат... Дајте линк од таа страната Тера па да им пишам и јас пак... Незнам дали вие се сеќавате ,ама јас се сеќавам дека последните епизоди од 1-та и 2-та сезона ги репризираа два пати ,а сега ниту еднаш А да беше некоја од турскиве серии досега 10 пати ќе ја репризираа.