1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ангел Чувар - Марија Трифуновска

Дискусија во 'Канта' започната од Mariuccia, 20 јули 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Во овие денешни околности што се изменети од луѓето, некако се престана да се мисли по линијата на предрасуди и како повеќе да не се сака да се игра истата стара, патетична игра за лагите што важат за светост и за светоста што всушност претставува страв, ужас и срамота. Во таквите моменти често, кој би посакал до себе да има некој, кој би бдеел над него во секој поглед на вечноста како Ангел - чувар. Се јавува потреба од некој на кој целосно без отстапки може да му се верува. . . Таков Ангел чувар има и младата Доротеа, главниот лик во романот, во ликот на своето домашно милениче, кучето Џеки. Со неговата загуба светот на Доротеа наполно и целосно ќе се сруши, а таа немо и изгубено ќе стои пред својата душевна провалија. Стои во недоумница дека следниот нејзин чекор што ќе го направи, ќе ја спушти надолу. Таа знае дека и покрај се мора да продолжи со животот само не знае како . . . Романот обработува повеЌе теми кои се секојдневни во животот на младите денес (недоволно се ценат работите кои навистина вредат, кога имаш се бараш уште повеќе, гордоста најголема препрека на патот на љубовта а некогаш и причина за губење на вистинска љубов . . . ) Јунаците во Ангел чувар го прифаќаат животот со сите негови убави, благородни плодови, иако можат да бидат предмет токму на најсуровите одмаздувања, какви што може во животот да доживее секој човек. Во нивните души се таложи пепелта на немирот, која ги истргнала од љубовта што ја чувствуваат. Но, сепак врз таа пепел се провејува надежта со сите нејзини убавини и примамливости. И тогаш тие стануваат потчинети на своите занеси и стремежи, а кон чие достигнување остануваат немоќни и пленици на сопствените илузии. Таков е ликот на Доротеа која ќе продолжи да живее иако во нејзината душа владее пустош и таа не може и не сака да живее сама, туку со она нејзино што го изгубила. Пред се тоа се нејзините најдобри другарки, нејзината изгубена љубов и секако нејзиниот Ангел чувар, без кого и понатаму не може да го замисли својот живот во суровоста на овој свет, преполн со лаги, лицемерство. . .

    ,, Уште еднаш ќе ве прашам:
    - Дали некогаш ви се случило да добиете се што ќе посакате, а да сфатите откако се ќе изгубите?
    Јас сум Доротеа. Се се случи минатата година. Тогаш широко ги отворив моите сонливи очи и ја видов реалноста . . . И тогаш ја затворив мојата душа и ја заробив довербата, нечиста што излегуваше од луѓето.,,

    Ако сака некој да ја купи книгата нека ми пиши порака, цена: 150 денари :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.