babylove овошни кашички

Англиски речник

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Hipster, 31 јануари 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Имаме многу добри теми за правопис на нашиот мајчин јазик, но англискиот како најупотребуван и сегде присуден јазик, јас барем си ги имам како втор и го користам често.
    Убаво би било да се постираат тука прашања во врска со превод граматичка конструкција на реченица или некој нејасен поим кои не сте можеле да го најдете на интернет или пак не ви е доволно јасно...
    Имам едно прашање, со кое со една другарка долго време се препираме, за British English конкретно-
    hello mate-Мајт или мејт(Hello friend)
    јас сум сигурна дека е Мејт, а она тври дека се изговара мајт :?:
    И сега???
     
    На Doozy и Hopeful им се допаѓа ова.
  2. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    380
    Изговорот повеќе тера накај ,,е,, милион посто. Слушнeтe на гугл транслејт ако не...
    едит Сега јас слушнав, мејт вика дури и таму
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    сум го слушала гугле, ама ич не го љубам јас, не се потпирам на него, за какви прости зборови каков превод ми има дадено :x
    Aма и јас така мислам дека е, на еден филм британски 10 пати го враќав назад тоа мејт :D
    Некој од англичаниве, има на форумов нека се јави на рецепција ;)
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.687
    Допаѓања:
    59.170
    Ах, таман ќе си легнував, зошто вака ми правите. :D

    Тоа МЕЕЕЕЕЕЕЕЈТ е типично ирско ако не се лажам, а не е баш англиско. Фелоу (fellow) јас мислам дека е троа повеќе англиско. Транскрипцијата на македонски би му била чисто МЕЈТ, за да се олесни изговорот за нашето поднебје. На англиски би требало да се изговори некако меѓу А и Е, со повеќе навала накај Е. Како во Битола викаат ПАЕСЕ за педесет, е такво е тоа Е. :D

    Едит - Ама дефинитивно не е МАЈТ. :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    498
    Еве овде слушни пак, со Е се изговара. Оксфорд е речникот, апла британски :D
    http://oald8.oxfordlearnersdictionaries ... ary/mate_1

    Од друга страна еден пријател од Јужна Африка викаше "Хај мАјт". :D
     
  6. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    380
    Да, грешат многу на Гугл, ама повеќе за другиве јазици... За англискиов се поточни :^) .
    И јас мислам како што рече Дузи, нешто измеѓу е изговорот, aмa повеќе накај ,,е,,.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    ахахахахаххаха, тебе и те чекав :* , :rofl: знаев дека ќе ја одлепиш некоја најзелена :lol:
    Оваа не е од африка, од Јужно ново лисиче е ама исто како од африка да е, блесава :lol:

    Јеее ај вин
    Сега ќе и се лигушам утре на факултет :D
    Фала на одговор имате од мене еднааааааааа зелана крушка :lol:
    [​IMG] :P
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Супер е темава, браво! Навистина ќе ни биде корисна на сите.

    mate се изговара мејт, со фонемска транскрипција изгледа вака /meɪt/.
    Според Ofxord Advanced Learners' Dictionary, изговорот е сличен и на British English и на American English, само што во American е некако понежно да речам и на крајот после т се слуша и како едно х - воздухот што се ослободува при изговорот; додека пак во British не е толку нежно, малку поостро е, а вокалот е ист, се изговара /еј/.

    Според мене овој речник злато вреди. Секогаш кога се двоумам за нешто таму барам и се ми станува многу појасно. Сите употреби на зборовите се наведени, има и да се слушне како звучи изговорот итн.

    Еве и линк од online речникот: http://oald8.oxfordlearnersdictionaries.com/
     
    На Doozy и Hipster им се допаѓа ова.
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.599
    Мејт се изговара, мАјт е на британско-англиски
     
  10. Daniella

    Daniella Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    39
    Како професор по Англиски, ја потврдувам констатацијата на ЖенскатаВоЦрвено :)
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Епа како професорка би ми било убаво да појасниш.
    МАЈТ ИЛИ МЕЈТ!
    Како се изговара???
     
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    5.144
    Ај не зафркавајте, „мајт“ се изговара со британски акцент, сигурна сум. Мислам, како што кажа Дузи, тоа е некако помеѓу А и Е, ама дефинитивно е повеќе кон А.
    Еве слушнете пример:
    http://www.youtube.com/watch?v=mPwGi181VPM
    Американците не го користат овој збор, а „мејт“ е на австралиски акцент.
     
    На Daniella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    9.933
    Пол:
    Женски
    Абе Дузи,не заебавај,во Битола се вика ПЕЕСЕ не паесе...Хахахахах пеесе бе :D И во германскиот јазик има вакви работи,оние со дифтонзите шо се зборчињата :D Иначе ете,објасниле погоре како било точно.Леле а да слушниш во Бугарија како збораат англиски :o :tmi: Ми иди да се убијам! Роби Уилијамс, Ема Уотсон,ууд....аааааааааааааааааааа!

    Иначе Мејт со виличење треба да се изговори :lol: Меѓу А и Е :D
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    После се, заклучив дека е дефинитивно ае, само е тивко се слуша. Нешто измеѓу а и е ама додека да го изговориш ќе се стемни |(
    Ама не е чисто МАЈТ со нагласено А(изговор како might)
     
  15. Daniella

    Daniella Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    39
    Еве како професионалец, ќе ти одговорам вака: зависи од говорното подрачје.
    Како прво, зборот Mate не е карактеристичен за американско говорно подрачје туку за британското, а за британците е специфично тоа што користат зборови кои не се чести во американскиот вокабулар (оној кој најголем број од луѓево го знаат) така да, да скратам, правилен изговор на Мate е мАЈт (британски акцент).
     
    На Hipster и k.i.m им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.687
    Допаѓања:
    59.170
    Не го сеќавате вие тоа АЕ, научени сте. :D Ама го има, гарантирам. :D

    Инаку во Бугарија така изговараат затоа што транскрипцијата им е таква. Даблвју е У секогаш. Кантри музика кај нив е К'нтри ако не се лажам. :D
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.654
    "Мајт" можеби на некој тежок Бритиш акцент, ама "Меит" е правилниот изговор.
    Нешто слично како и со изговорот кај CAN'T, секој си изговара според говорното подрачје.

    Mate /meɪt/ (http://en.wiktionary.org/wiki/mate#Pronunciation)
     
    На Hipster и Hopeful им се допаѓа ова.
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Mate според RP (Reseived Pronunciation) на Standard English (изговорот, акцентот на стандардниот англиски јазик), не се изговара како мајт /mait/, туку како мејт /meit/.

    http://oald8.oxfordlearnersdictionaries ... onary/mate
     
    На Doozy и Artemission им се допаѓа ова.
  19. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    84
    како се вика у стело на англиски? :D Барам фустанчиња за матура и се ми дава некои широки, балеринести |(
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Можеш со tight да пробаш (буквален превод тесни),за уз тело не знам кој израз е и дали воопшто го има.