cap·ti·vate (кап-ти-веит) - не може ка-пти-ве-ит http://dictionary.reference.com/browse/captivate?s=t
Abeja, прашањето ми е зошто е така? Знам дека се 3, изгуглав, прочитав. Го научив така. Само не ми е јасно зошто? Ако има некој што учел морфологија на англискиот јазик го проколнувам да има милост и да ми објасни. Не можам да заспијам.
Не дека сум го учила, не знам дефиниција има ли, но јас од искуство и логика ќе ти објаснам. Тоа што се слуша како еит, во англискиот говор, тие еи, се изговараат заедно ако ме разбираш, со звук измеѓу едното и другото или брзо се прелеваат една во друга да звучат како една самогласка, па затоа и зборот на слогови се дели така, по начин на изговор, без разлика што на напишано има две самогласки во него. Исто е за сите зборови што така се изговараат. Un-der-es-ti-mate, com-mun-i-cate, an-ti-ci-pate...
Дури сега видов. Обично зборовите се делат, колку самогласки толку слогови. Кога самогласката, во случајов е, стои на крај и е безгласна, односно не се изговара, таа се изоставува од броење на самогласките, така да иако во зборот има 4 самогласки, зборот се дели на три слога, бидејќи четвртата самогласка е, е безвучна-cap/ti/vate Дури во еден збор може и да има 4 самогласки но две од нив да се безвучни и зборот да биде во два слога, на пример зборот outside, самогласката о се изговара споено со u и звучи оу, самогласката е на крај е безвучна, така што остануваат две самогласки о споено со u, и i, па зборот се дели на два слога out-side Еве ти малку по детално како се делат зборовите на слогови, се надевам дека ти разјаснив за овој збор. http://www.phonicsontheweb.com/syllables.php
Ви благодарам женски на помошта. Abeja, баш "обично зборовите се делат, колку самогласки толку слогови" и ме збуни. Сега е појасно.
The aforementioned frequency is a submultiple of Ve(Ve=9 Vmax) or, in other words, a subharmonic of it. Ај помош и за ова
И ова Modeling the Gastric Mill Central Pattern Generator of the Lobster with a Relaxation-Oscillator Network
гореспоменатата фреквенција е аликвотен дел (делител без остаток) од Ve(Ve=9 Vmax) или со други зборови фреквенцијa пониска од главната/основната фреквенција.
Девојки,ајде ќе ве молам некоја од вас да го направи глаголот be во Present Continuous, Past Continuous,Present Pefect Simple и Past Perfect Simple за сите лица во еднина и множина. Итно ми требаат за утре.Ви благодарам однапред
Present Continuous: (to be in present tense + -ing on the main verb) I am You are He/She/It is We are You are They are (=> I am running.) Past Continuous: (to be in past tense + -ing on the main verb) I was You were He/She/It was We were You were They were (=> I was running.) Present Perfect Simple (has/have + past participle) I have You have He/She/It has We have You have They have (=> I have been running.) Past Perfect Simple (had + past participle) I had You had He/She/It had We had You had They had (=> I had been running.)
Има посоодветен збор на македонски од незадоволство да се преведе resentment? Чичо гугл вика незадоволство, ама не му одговара тој збор некако.
Па обично се преведува како незадоволство, лутина, безволност, зависно до ситуацијата, одн, реченицата.
на македонски превод : - average education years of the people - net increase (google вика нето зголемување ама некако не ми иде во табелата) знае некој ?
Просек на години на образование кај луѓето Зголемен профит (зголемување на профит), или дај ја реченицата за по детално.