Искрено англискиот јазик го замрзев уште во основно, бидејќи ни беше факултативен,а редовен германски, кога дојдов во средно се соочив со таков проблем и незнаење на јазикот што од кортен морав да го учам, башка што професорите во Борис беа строги и надигнати дури ишеги играа со нас што незнаевме да гукнеме, тогаш јазикот ми стана уште поодвратен, но за инат толку многу се трудев и го научив. денес иако добро го владем англискиот има антипатија кон него.
Англиски почнав да учам кога беше брат ми 4то и му беше во редовна настава, сама си ја земав книгата разгледував и учев. Кога стигнав и јас 4то исто ми беше во редовна настава и го учев нормално а на курс немам заминато ниту еден час а сепак сум била секогаш меѓу најдобрите во класот по англиски, едноставно ми одат јазици и кога си заинтересиран се оди лесно.
Многу сум заинтересирана за учење јазици и добро ми оди, лесно сфаќам и учам. Посетував курс по англиски од 3 одделение до 3 година средно. Зборувам и пишувам доста добро и постојано се трудам да го надградам знаењето. Имам прочитано и 2 книги на англиски (да се пофалам ) Граматикава не ми беше баш најјака страна , секогаш одговарав точно на тестови по некоја логика, а да ме прашаш да ти објаснам зошто е така или кое време е не знаев Имам нешто подзаборавено од времињава, па да не ризикувам да згрешам како бење, нека помогнат другиве феминки
Прилично добро го владеам јазикот, сама си сакав да го научам. На курс имам одено 2-3години другото научено ми е од сопствен ангажман. Многу научив од филмови, песни, книги на англиски... сега учам деловен англиски и добро оди.
Се сеќавам на времето ееееее, пред далечни 15 години, одев во градинка и имав 3 години. Имаше бесплатен курс по англиски, нешто како основни работи, бои песнички што ти знам. Мене се разбира веднаш ме запишаа и за чудо, во групата бевме само 2-3 деца. Родителите викаа дека немало да им треба, мали биле. Епа и те како ќе им треба јазикот. Тоа беше огромна грешка, затоа што најдобро е детето како мало да го слуша јазикот. По некоја година, ставивме и кабловска дома а јас не се потргнав од картун нетворк, бумеранг, дискавери... Некогаш дури и се прашувам од каде јас ги знам тие зборови кога не сум ги сретнала досега, ама изгледа моево мозоче впивало на времето за да можам да уживам во убавината на јазикот. Кога го слушаш веќе 15 години, сосема природно ти иде и да зборуваш и да пишуваш. НО, едно големо НО - иако го знам повеќе од повеќето, НИКОГАШ не престанав да посетувам курс. Еве, четврта година сум и уште одам, затоа што тоа ми е идната професија и сметам дека треба да се инвестира во знаењето. Никогаш не можеш да речеш дека го знаеш странскиот јазик перфектно, па не ти е мајчин, колку и да си го учел. Тоа е најголемата грешка на повеќето, што одат на курс до кај осмо, прва и потоа престануваат. Граматиката ја знам повеќе од македонската, полесна ми е. Смешно ми е кога пишувам есеи, и ќе ми речат - е сега кое време да го ставам тука ?! Тоа не можеш така да го мислиш, едноставно кога го знаеш јазикот мислите сами течат во точно време. Не можам да објаснам како, се надевам некој ме сфаќа. Без проблем си читам и книги на англиски, баш ми е подобро кога ги читам оригиналите. Затоа и толку се бунтувам против нашиот македонски превод, затоа што сум ги прочитала оригиналите и знам дека не е се како што треба.
Ги завршив сите степени курс -8мислам дека беа.последниот степен го завршив во 3та година средно.Знач почнав од 3то одд да посетувам,така до 3та година средно.Во мојот град еден степен траеше една година и чинеше 5000ден.Денес ,кога секаде има приватни школи-во една година можеш еден 3,4 степени да поминеш И знаењето не е тоа тоа. Солидно го знам,но некои работи се забораваат ,многу е битно да имаш секојдневна комуникација.Значи без англиски ништо не правиш.Особено за работа-секој бара и родавачка-па бараат.Но не му оди на секој јазик.Барем за основно можат да се потрудат сите.Мене јазик многу ми лежи и се каам зошто не се запишав на англиски Ама тоа е
^ во дом на култура завршив може затоа.во приватни е поскапо 1000-1200 ден месечно. Ама башка рачунај пред 7,8 год ги завршив курсевите-тогаш беше друго време. Лани одев на италијански и плаќав 1000 ден месечно.За три месеци-еден степен.сега незнам ништо
Јас те сфакам И јас немам проблем со англискиот, читам и книги на англиски, но морам да признаам дека на почетокот беше многу тешко, ама многу Ја таква нафурана абе знам англиски, сеа ке земам книги ја да читам и кога почнав да читам, секој втор збор непознат, неможам реченица да разберам, ужас И после видов, колку ја незнаам. Но продолжив упорно да читам, преведував зборови, фрази, на се што наидував и не разбирав. И беше навистина претешко, 3 страни да прочитам, саати ми требаа. И вака тешко беше се до некаде 50тата-60тата страна. Значи недели и недели ми требаа да стигнам до 50та страна.. Со речник до мене, на секое зборче губев по 3-4 минути. Па после ништо не сум разбрала, па пак да ја прочитам страната за да ја разберам.. И бев на работ на откажување Но продолжив, и после, е после ми беше боза.. Тоа што читав инаку беше триологија, значи три книги, првата има 500 страни, втората 600, и третата 650 така нешто. И сите ги прочитав И супер ми беше.. Но затоа почетокот е катастрофален и навистина мачен, но ако имате живци да го издржите супер. И многу се учи англиски од читањето.. Затоа ако можете читајте англиски повеке. Не мора да е книга.. И на интернет, наместо гугл транслејт, читајте го на англиски, ако ви треба нешто информации од википедија, на англиски читајте..било што да ве интересира, на англиски читајте го..многу се учи така. Дози, тоа прашување кое време да го употребам сега, е недоволно владеење на јазикот.. И мене на англиски ми иде едноставно, исто како македонски..бидејки го знаеш, и не мислиш граматички што да напишеш, туку мислиш како текст што да напишеш.. а бидејки учам и други јазици. и не сум во нив толку добра како што сум со англискиот (но на пат сум ) и јас исто прашувам што да употребам сега, кое време, глаголот добар ли е итн итн. бидејки немам голем фонт на зборови... Обожавам јазици
Ми треба помош, дали некој од вас ги има тестовите од книгата New Headway-third edition, pre-intermediate, итно ми е брат ми прави утре тест...
Англиски учам од,од,од забавиште...И супер ми иде а сега суммм 8 одд....учам италијански,француски идат ми јазиците...
мене супер ми оди англискиот. на курс никогаш немам одено. граматиката ја научив на училиште и баш одлично ја разбирам,а вокабуларот го учев и сеуште го учам од филмови. моментално си читкам книга на англиски и баш ми е супер,,секако се наоѓа по некој збор што не го знам но веднаш отворам речник и проблемот е решен хехе
Здраво феминки сакам да ве прашам дали некоја знае некој канал на ју тјуб за совладување на англискиот јазик некоја конверзација или слично ... Ви благодарам
Shaa, злато Kурс е најдоброто решение. Oд септември, едно тестирање до каде си и почни си со ред...Nезаменливо е учење на јазик на курс, мала група имаш многу конверзација, вежби, професор да ти објасни се. A до тогаш...филмчиње, книги полесни и со среќа
Hmm pomina moeto vreme sega sum prezafatena... vo osnovno se idese kako sto treba vo sredno mi se pogodi edna profesorka sto ne se podnesuvase kako gi ponizuva ucenicite i zaradi nea go izostaviv a sega mi e maka baram drug nacin zedov eden recnik so frazi i sakam da nadoknadam razbiram do nekade no mnogu mi e tesko da prozazboram ...
И мене англискиот ми иде супер. идам на курс веќе 6 години и планирам да одам до крај и после забрзан курс да си го повторам цел материјал.. и со сигурност можам да кажам дека знаењето стекнато на курс е незаменливо... ти обрунуват внимание во мали групи...бар мене ми е супер... сеа се запишав средно корчагин гимназија и факултет англиски јазик ќе одамм...
А како одиш уште на курс кога ако си го положил FCE тестот со курс завршуваш некаде најдоцна во трета година??