Дали на 15 години би можела да почнам да посетувам курс по англиски.Значи не на спремање кај некој приватно туку курс со други деца. Не дека не го знам го знам англискиот и на училиште го учам ама сакам да го усовршам подобро да го научам , а и времињата не ми се совршени..
Вака сега имаш 4 tenses за секое време: минАто, сегашно и идно. Се на се ти се 12 времиња. партиципите се користат со цел да можи да се изгради времето, било минато, сегашно или идно. Постојат два вида на партиципи и тоа сегашен партицип и минат партицип и евентуално to+base form од глаголот. сегашниот партицип се формира со додавање на формата -ing а минатиот партицип може да се формира со додавање на наставката -ed на глаголот исто како што се формира past simple. но, доколку се работи за неправилен глагол, тогаш постои листа на неправилни глаголи и на google можиш да ги најдиш како irregular verbs. Партиципите можат да се најдат не само во формирањето на глаголот, туку и како именки, придавки па дури и прилози за начин или за цел.... како што напомнав погоре од секоја категорија(минато, сегашно и идно)постојат по 4 tenses past simple, past continuous (progressive), past perfect и past perfect continuous; present simple, present continuous(progressive), present perfect и present perfect continuous; future simple (тука имаш форми со will и со going to), future continuous (progressive), future perfect и future perfect continuous се надевам дека бев од корист
И заборавив да напишам дека to+verb се нарекува инфинитив и може да се најде како именка или придавка. А како градител на време може да се најде со модалните глаголи ама без "to", (секогаш по модалните стои инфинитив на глаголот)
http://www.englisch-hilfen.de/en/grammar/passive.htm ај види го ова па ако има потреба утре ке пи објаснам сега пишувам лектира неможам
Passive Voice е она што во македонски го викаме Пасивен залог. За од активна реченица да направиш пасивна, постојат три основни чекори: 1. Предметот т.е. the object во активната реченица станува предмет т.е. subject во пасивната. 2. Потоа глаголот to be се менува во истото она време во кое е напишан глаголот во активната реченица. 3. За крај, се пишува форма past participle од глаголот во активната реченица. Пример: Активна реченица - Maya wrote a letter. Maya - subject; wrote - verb (Past Simple Tense of the verb write); a letter - direct object Пасивна реченица - A letter was written by Maya. A letter - subject (во активната реченица бил object); was (verb to be, Past Simple Tense); written (past participle of the verb write); by Maya (agent т.е. вршител на дејство). Вршителот на дејството се пишува обично на крај и се воведува со предлогот by.
^ Малку оф: Hipica, да му е мерак на човек и кога го знае пасивот пак да си го прочита Со боичкиве ќеф ми беше од ново да си исчитам. Башка што многу од работите полесно се паметат визуелно па правиш полесно да запаметат оние кои допрва го учат On: Зависи од контекстот. Затоа постои и адаптацијата. Напиши ја целата реченица каде што е употребено да не давам непотребни преводи.
Ти благодарам..Ќе може некој да ми објасни како да препознавам кое време е дали е пресент симпл ..нели имаше некои tonight,since..
Ke знаеш дека е present simple кога глаголот to be во пасивната реченица е во сегашно време (am, is или are) past simple - was, were; present continuous - is being, was being past continuous - was being, were being present perfect - have/has been
Сакав да прашам како ќе препознавам во активната реченица што треба да употребам во пасивна....дали паст,дали пресент..?ако мо разбираш хах
Прашуваш како да препознаеш во кое време ти е глаголот во активната реченица, така? Present Simple Tense: за трето лице еднина, глаголот има наставка -s или -es. За сите останати лица, глаголот е во неговата основна форма. Present Continuous Tense: am/is/are + наставка -ing на основната форма на глаголот. Past Simple Tense: за правилни глаголи се додава -ed или -d на основната форма на глаголот; неправилните глаголи си имаат посебни форми (пр.: see - saw). Past Continuous Tense: was/were + наставка -ing на основната форма на глаголот. Future Tense: will + основната форма на глаголот. Present Perfect Tense: have/has + past participle (школски ја викаат и трета колона пр.: see - saw - seen). Past Perfect Tense: had + past participle. Ако ги разликуваш формите на глаголите, ќе сфатиш во кое време ти се. Нема потреба да ги анализираш прилозите како sometimes, always, at the moment, two years ago итн.
што значи come in come round come off come down come up come out come across? ако може побрзо да ми одговорите
Може да имаат повеќе значења зависи од контекстот на реченицата, јас ќе ти ги пишам сите come in 1. Пристигнува 2. Влезе, влегува 3. Се вклучува ( во разговор) come round 1. Посетува 2. Се освестува 3. Се премислува 4. Заобиколува 5. Менува правец ( се мисли на ветер/брод) come off 1. Се одвојува, се откинува. А , ако го имаш во реченица како come off well/ badly поминува добро/лошо или пак како come off cheap/lightly поминува со лесно come down 1. Се смалува, паѓа ( цена/данок) 2. Се губи ( вредност/углед) come up 1. Се качува 2. Се појавува, се спомнува ( проблем, прашање во разговор) 3. Се приближува ( празник) 4. Изгрева ( сонце/месечина) 5. СЕ отвора ( ново работно место) come out 1. Излезе, излегува, се појавува ( книгата/касетата) 2. Се дознава, излегува на виделина 3. Добро излегува ( фотографијата) 4. Остранува, се чисти, излегува ( дамки/нечистотија). come across 1. Наидува, налетува на.. 2. Се појавува ( кога има with- come across with) 3. Се прикажува ( кога има as- come across as )
Но грубо од прилика би било „по малку од се што ти се допаѓа ти прави добро“. Конкретно целата фраза се однесува на погледите во сексот. Има и објаснување дека е еуфемистички израз за доживувањето на сексот.
Time flies. Kaко би напишале реченица со фразава ама да има буквално значење (literal meaning). За метафорично би можело time flies when I am with my friends, а буквално? Oбјаснение за буквалното е go through the air... ? Може помош ? Неможам да сфатам која врска е меѓу times flies и go through the air. Времето лета , а објаснение оди низ воздухот. Времето лета-поминува брзо . Ама за буквално??
Jumpers fly throught the air at up to 100 kph and spend several seconds literally skiing. This has only been done since the 1960s and wa introduced into internationa competition in the 1970s. The record for gold medals is held by Bjorn of Norway. This was developed from surfing and skateboarding and was the fastest- growing winter sport of the 1980s and 1990s.It was made an olumpic event at nagano 1998 prevod mozi?