Past participle 1. I have been 2. You have been 3. He has been 4. She has been 5. It has been 6. We have been 7. You have been 8. They have been лесно е само додаваш have или has и го додаваш глаголот што е за past participle primer : I go I'm going I went I have been za da znaes past participle mora da ja znaes formata od glagolot vo past participle kako pr: 1. speak 2. spoke 3. have/has/had spoken sucess - успех succeed-успеа /успеавме 1. He succeed in winning that game. I went to the park in the afternoon afternoon - predpladne AFTERNOON e predpladne Sunday mornin' rain is fallin' favourite quote
^ Фала ти многу. Конечно се разбравме и со снаата. Амин. Абе жени Јас и давам рецепт да си направи домашни равиоли оти превкусни се, и ова чајвс на мене ми расте дома во саксија, си кинам си сецкам по потреба секојдневно ама ајде иди па објасни и што е. Додека се разбравме како прво која врста е месото од рибата, тоа гугл преведе, за срамота не знаев самон е лосос оти кога сум ти јас видела лосос, па кога прв пат го видов како самон ама овоа чудо чајвс се намачивме за да и кажам што е, и сега знае како се вика а има ли го по продавници е друг муабет, и ако нема тоа и реков да стави младо кромидче ама помалку. Веќе не делам рецепти
Ако, и за мене беше предизвик. Барав на интернет и се залетав да пишам "врста на кромид" ама на крај успеав да се исконсултирам со лекторката инаку ќе направевме и двете кардинална грешка. Сега да ми пратете едно тавче од домашните равиоли.
Малку помош ако може. Имав полагање на тестот ми се паднаа некои чудни прашања , ама се надевам ќе биде ок. Ако може да ми кажете кои од овие зборови спаѓаат во бројни или небројни, па да си анализирам што сум напишала : coffee, baby, cheese, step, bread, milk, tea ( не можам да се сетам на сите ) фала
Англиски ми е еден од омилените предмети.Супер ми оди и постигнувам одлични резултати.Одам на курс од прво одделение,а тоа многу ми помогна да знам повеќе од тоа што го учиме во школо. Го сакам јазиков,а плус лесен e.
Ако има некој состави на теми: 1. To counterfeit or not to counterfeit? Benefits and consequences. 2. E-business vs. traditional business. Differences. 3. Do you think celebrities should get involved in international politics and economics? Why/Why not? Give examples. 4. E-mail vs. Snail mail. Differences and benefits. 5. The importance of the channels of distribution. Нека ми пиши ЛП.
past simple past continuous used to forma Може некој да ми објасни за овие кај се користат и примери речениции? мн кје ви бидам благодарна
^^ Past Simple Се користи за завршени акции во минатото и за пократки дејства. На правилните глаголи се додава наставката ed а за неправилните се користи 2колона од листата за неправилни глаголи. Пр. Two years ago I studied English in England. Рast Сontinuous Се користи за дејства што траеле подолго. За повторливи акции кои постојано се случуваат. За дејства кои што се случувале истовремено во минатото. Се гради на тој начин што се додава was/were зависно од тоа за кое лице се зборува и ing на глаголот. Пр. I was studying English yesterday used to Се користи за нешто што се случило во минатото и веќе е завршено. Пр.I used to drive to work but now I take the bus.
Сите овие форми се употребуваат за минато време. Past Simple - Минато просто време Спојлер Форма a) Subject + Verb in infinitive + -ed b) Subject + irregular verb (2nd column) a) Ова време се образува кога на инфинитивот на глаголот што го употребуваме (главниот глагол) се додава наставката -ed. Инфинитивна форма на глаголот е онаа чиста форма, без никакви додатоци пред и после глаголот - без to, без -ed, -s итн. На пример, ако глаголот е to help, инфинитивот ќе биде само help, па на него ја додаваме наставката -ed. Пр. I helped her. She listened to some some music. б) Исто така, ова време може да се образува и од неправилни глаголи (irregular verbs) - тоа се глаголите од втората колона. На нив не им ја додаваме наставката -ed, туку ја употребуваме само нивната форма од втората колона. На пример, ако глаголот ни е eat, тогаш формата за минато време ќе биде аte. Aко глаголот е write, во минато време ќе биде wrote. Пр. I wrote my homework. The girl ate her sandwich. Со ова време се употребуваaт ago, yesterday, last week/year/month, in 1998/2004/1950, when I was young/a child... Negative form: Subject + did + not + verb in infinitive I did not go to Paris last week. She did not write her homework. Interrogative form: Did + subject + verb in infinitive Did you sleep well? Did she eat her breakfast? Употреба: Пр. 1. Дејства кои што се случиле во минатото - почнале и завршиле во минатото. Tony sold his car three months ago. Mrs. Smith sent me a postcard from Hawaii last year. I lived in Japan in 1998. ( Јас тогаш живеев таму, но сега не живеам таму повеќе.) She went to church yesterday. 2. Навики кои што сме ги имале во минатото, но не и во сегашноста. I drank a lot of coffee when I was young. ( Пиев многу кафе кога бев млада, но не и сега) Anna collected postcards when she was a little girl. (Тогаш собирав разгледници, но сега не собирам) My mother planted a lot of flowers in our yard when we lived in a house. 3. Дејства кои што се случиле едно по друго во минатото. Last night, I wrote my homework, drank my milk and went to bed. She went to Paris, met a guy and married him. He came back from work and watched the football match on TV. Past continuous - Минато трајно време Спојлер Форма: Subject + was/were (past forms of TO BE) + verb + -ing За ова време, покрај главниот глагол, го употребуваме и помошниот глагол TO BE, однодно неговите форми за минато време was - за 1-во и 3-то лице еднина и were - за 2-ро лице еднина и за сите лица во множина. На главниот глагол ја додаваме наставката -ing која што означува трајност т.е. дека дејството траело или се одвивало подолго време во минатото. Пр. I was working in the garden all day. She was writing her homework at 10 o'clock. They were travelling by bus to Paris. You were sleeping all night. Negative form: Subject + was/were + not + verb + -ing Пр. I was not running in the street. She was not working all day. We were not dancing at the party. You were not sleeping all night. Interrogative form: Was/Were + subject + verb + -ing Пр. Was she having her breakfast? Were they working on Sunday? Употреба: 1. Дејства што се случувале во одреден момент во минатото - биле трајни, се одвивале подолго време. I was working as a teacher for a long time. She was studying for the exam all night. He was writing his homework at 5 o'clock. 2. Дејства што се случувале истовремено во минатото I was cooking and my sister was setting the table for dinner. She was sleeping while her mother was working in the garden. He was not listening to the teacher because he was talking to his friend. Used to Спојлер Форма Subject + used to + infinitive of the verb Ова не е време, но е посебна форма за изразување на минато време. 1. Се употребува за дејства што постојано сме ги правеле во минатото, но повеќе не ги правиме (навики) Oваа употреба на used to е слична со употребата на past simple за навиките во минатото. Пр. I used to smoke a lot but I stopped 3 years ago. She used to spend her holidays in the country. He used to take long walks in the field every morning. My uncle used to travel a lot when he worked in the bank. Mary used to eat meat, but now she is a vegetarian. 2. За да искажеме дека нешто постоело или се случувало во минатото, дека нешто било факт во минатото, но не и во сегашноста. There used to be a church but now there isn't. He used to behave rudely when he was a boy, but now he is very polite. She used to be fat as a child, but now she is slim. Mike used to live in London. There used to be a school but now there is a library. Negative form: Subject + did + not + use to + infinitive of the verb Во одречната форма, наместо used to се употребува само use to, бидејќи сега ја употребуваме и негацијата did not. Пр. I did not use to eat spinach but now It is my favourite food. She did not use to drink coffee but now she loves It. Interrogative form: Did + subject + use to + infinitive of the verb Пр. Did you use to travel a lot when you were young? Did she use to wash her hair three times a day? Did he use to drink his coffee cold?
девојки наскоро правам тест по англиски и на тестот ќе има реченици од директен во индиректен говор да се стават пример : John`s taken my CD = Jean told Mary that John had taken him CD и сеа ова идело според една табела - present simple со past simple, p.continuous со past continuous и така натаму. и како јас можам да ги направам речениците кога не ги препознавам која е во present simple Која е во past simple.. (тоа не го сфаќам.. ) ии.. ќе имало кондиционали, што се тие?? D ај кој знае нека ми каже.. за оваа тема ич не учев
Ајде јас да се обидам... Еве ја табелата односно правилата за Reported Speech,од директен во индиректен: Директен - Индиректен Present Simple - Past Simple Present Continious - Past Continious Past Continious - Past Continious Present Perfect - Past Perfect Past Perfect - Past Perfect will - would can - could may - might Значи ова и е табела како од директен говор во одредено време да го ставиш во индиректен.. На пр. "I am dancing now" Во индиректен ќе биде: She said she was dancing then. Значи реченицата во директен говор "I am dancing now" e во Present Continious,ја гледаш табелата,значи Present Continious преминува во Past Continious и реченицата го добива овој облик: She said she was dancing then.Значи само треба да препознаеш во кое време е реченицата и според табелата ја ставаш во соодветното време. Доколку имаш наредби(Commands) речениците се прават со "to" и "not to" во зависност од тоа дали реченицата е позитивна или негативна.. пр. Don't speak! She said not to speak. Stand up! She said to stand up. Еве нешто за кондиционалите: 1 Conditional:се користи за идни можни дејствија If+Present Simple+Will 2 Conditional:се користи за идни дејствија кои има мала можност да се остварат If+Past Simple+Would+Base form 3 Conditional:дејствија кои требало,но не се оствариле If+Past Perfect+Would have+V3 Zero Conditional:генерално точни нешта If+Present Simple+Present Simple Уфф се уморив Се надевам дека ќе ти користи ова,ако ти требам за уште нешто слободно пиши ми лп
Ке ве молам некои да ми ги реши вежбиве: 1. Complete the text with the verbs, in brackets in the correct tense, active or passive. A billion cans or bottles of Coca Cola (1) __________ (drink) everyday worldwide! This famous drink (2) ___________ (invent) in 1886 by an American chemist, Dr John Pemberton, in Atlanta,USA. He (3) ______________ it a health drink. At first, it (4) _____________ (make) from the cola nut and coca plant. Pembeton's partner, Frank Robinson, (5) ____________ (give) it the name "Coca Cola". The business didn't start well. In the first year, only nine drinks a day (6) ___________ (sell). In 1888, the business (7) _____________ (buy) by a man named Asa Candler. He ( _____________ (open) the first factory, in Texas, in 1895. Since then, billions and billions of gallons (9) _________________ (sell) in over 200 countries. Coca Cola (10) ___________ still _________ (make) in that factory in Texas today. And it is certain that Coca Cola (11) __________________ (drink) far into the 21st century.
1. are drunk 2.was invented 3.called 4.was made 5.gave 6.were sold 7.was bought 8.opened 9.have been sold 10.is STILL made 11.will be drunk
од 2 одд. сум на курс по англиски потоа кога почнавме во школо да учиме од 5 одд. до 8 а сега сум 3 година и усте учам англиски одам и на курс и во штколо а и братучедите се дојдени од канада тука и ми објаснуваат некој работи мене прво ми беше многу тешко граматика со времињата а и во преведување но со тек на времто повеќе и повеќе знам. Прашајте ја наставничката вака направете. кога ќе земете нешто ново слушајте на часови потоа дома повторете следниот час прашајте ја наставничката за нешто кога ќе ви го објасни она ќе ви биде подобро и ако идете на курс они ќе ви дообјаснат и ќе ви биде многу лесно сега јас зброрам бараба со агличаните од ова што ви кажав се надевам дека ви олеснав...