Дали има некоја што може да ми преведе мало писменце од македонски на англиски јазик? Многу ми е потребно за да пронајдам еден дечко што го запознав на одмор ,па ако има некоја нека ми пише во лична порака
Сакам да прашам дали од курс по англиски јазик во приватно училиште за странски јазици, можам да го научам доста добро јазикот, и конверзација и граматика, и до кој степен треба да го завршам тој курс за да имам доволно знаење да полагам за некој од меѓународно признаените сертификати???
Може некој да направи reported speech од реченициве? Немам поим како би биле. 1. I didn't like your essay. 2. How long have you worked here? 3. Do you live here? 4. I haven't seen David.
1. I didn't like your essay. Anna said that she haven't liked my essay 2. How long have you worked here? Anna asked how long had I worked hre. 3. Do you live here? Anna asked if I lived here. 4. I haven't seen David. Anna told me that she hadn't seen David.//Anna said that she hadn't seen David. Еве ама нека ги провери некој кој се разбира, не сум сигурна
1. She said that she hadn't liked your essay. 2. She asked me how long I had worked here. 3. She asked me if I lived here. 4. She said she hadn't seen David.
Девојки момци кои и да сте достапни помагајте ! Англиски правам тест и минатите тестови ги вадев 2-3 мајка ми ми рече дека и овој тест ако ми е таков ќе ми даде казна. Може ли некој-а од вас да ми помогне т.е да ми ги реши задачите бидејќи наставникот ни ги даде задачите од работната да сме си ги вежбале.. па ако сакате да ми помогнете пишетеме ЛП да ви ги пратам па барем 4 ако не 5 да извадам морам овој пат..А знам дека вие не би ме оставиле без малку од малку да ми помогнете..
Еве ме мене пак, ептен имам проблеми со англискиов Знае ли некој превод на belie, некој македонски збор... Инаку како глагол е да се даде погрешна претстава за нешто.
Го обожавам јазиков, иако сум мн мала но сега засега си планирам за Филилошки факултет за Англиски Еве шо пишува во речников изневерува лажно претставување лажно прикажува прикрива противречење
^Господинот во право ќе да е, повеќе има смисла така. Веројатно на таков контекст мислиш, нешто како на сликава што пишува. Спојлер
^^ Жени, од општа култура е познато дека Mr. Right е Вистинскиот. Каков во право, каков не. Сликава погоре е чиста заебаниција, во предвид е земен буквалниот превод.
Може некој да ми ги каже употребите на present perfect, past perfect, present perfect continuous & past perfect continuous? Ве молам, ако некој знае.... Не барам темелно објаснување, туку само отприлика да знам кое за што се користи.
Женски годинава ќе полагам FCE. Може ли некоја што го полагала/положила да ми каже што и како има? И што понатака откако ќе го положам?
Како мала го сакав англискиот јазик,но од кога ми се смена наставничката почнав да го мразам !!! ОСОБЕНО ВРЕМИЊАТААААААААААа
Јас го полагав FCE ехеее одамна кога бев втора година средно..за мене не беше многу тешко ама претходно одев на спремање па таму се подготвувавме т.е. решававме пример тестови..тестот беше поделен на 5 дена и тоа Reading,Use of English,Writing,Listening and Speaking...овие првиве три се полагааа еден ден другите два во посебен ден...мене најтежок дел ми беше Listening другите не толку..мој совет побарај си на интернет FCE PRACTICE TEST и решавај си ги нив..а откако ќе положиш ништо..ни даваја дипломи во Континентал и после следните две години продолживме со подготвување на следниот испит CAE (таква беше програмата на училиштето за англиски каде одев )
Нема проблем.Речников е уште од на дедо Ное времето на српско-хрватски е, го нема да се купи. Иначе имаш на нет на пр, на идивиди има добар речник (не е којзнае што,ама врши работа)