^ Јазик се учи цел живот.Инаку FCE не е највисок степен,можеби се спрема за CAE ( Certificate in Advanced English ) т.е сертификат за напреден англиски. Инаку,да не бидам офтопик...Посетувам курс по англиски јазик уште од второ одделение и мислам дека јазикот е многу лесен а и интересен.Сметам дека го владеам повеќе од што е предвидено за моја возраст,бидејќи редовно учам,повторувам,го применувам наученото и секојдневно се трудам да го збогатам речникот со гледање филмови,слушање музика и читње книги.За една година ќе полагам за FCE,a потоа ќе продолжам за CAE.
Дипломирав односно завршив англиски. Почнав да го учам во 7мо одделение и ми тргна со јазициве. Се разбира доколку човек не го употребува се заборава а секако се работи за жив јазик кој постојано се менува така да - човекот учи додека е жив. Мислам дека поарно ми иде со зборувањето, проститутче сум за дијалекти така да лесно ми е да се прилагодам. Јазикот го обожавам како таков, особено оној поетичниот британски - па уште и кога се читаат на глас убави дела, мх мх. Лингвистички оргазам доживувам. За сонетите на Шекспир да не правам муабет, слабост ми се. Ако ви треба секако помош - бујрум
^ леле мајко, па колку сум била изгубена во форумов... немав идеја дека си завршила англиски! Го владеам јазикот, го научив од школските часови. Не сум имала потреба од приватни. А сега и го студирам Има толку многу работи да се знаат, па студирањето воопшто не го гледам како терет Љубовта ми се јави уште како мала, а во 8мо одделение веќе знаев дека сакам да бидам english teacher И така, година за година, ќе си ја исполнам желбата.
Почнав да учам англиски уште во 3-то одделение, и така се до завршувањето на средно. Потоа завршив економски, на смер е-бизнис, каде 80% од предметите ми беа на англиски јазик. На почеток ми беше тешко бидејќи не е едноставно да учиш, и да размислуваш на странски јазик. Ама со тек на време се свикнав Сега работам Европски проекти, каде што целата комуникација и документација оди на англиски (посебно тендерите ), и мислам дека во деловниот англиски сум доста добра. Бар така викаат колегите Моја препорака е: доколку сакате да го совладате разговорниот англиски, гледајте филмови но без превод, на почеток е тешко, но подоцна ќе се свикнете. И секако неизбежно читање на литература на англиски. Или бар читање на онлајн весници на интернет Ако некогаш ви треба совет или краток превод, бујрум
Никогаш не сум земала приватни часови, од филмови и од часовите во школо го научив перфект. И пишување, граматика, конверзација, се. Некои зимаа и по 8-9 дипломи од приватни часови во центри за учење и не знаат сега ни пола од мене на пример. Јбг, уште сум под импресии од моето предходно мислење.
Е не можев а да не искоментирам дека секогаш сум ваква кога ќе ми каже некој дека го знае јазикот перфект, па уште и на 20тина години. Добро бе луѓе, не сум знаела дека секој втор Македонец е вундеркинд. Јазикот е жива материја која што постојано се менува и не, не му верувам на никој што ќе ми рече дека го знае кој било јазик перфект. Прво и прво, јазиците такви какви што ние ги учиме тука се многу далеку од реалните зборувани јазици во средина кај што се мајчини. Второ, колку повеќе навлегувате во јазикот сфаќате уште колку многу нешта ви "мањкаат" и треба да ги доусовршите. Па да тргнеме од македонски, ние не си го познаваме во целост ни нашиот мајчин јазик, ама да сите се експерти по англиски, француски, германски и кој било друг јазик, макар да го учеле и некој месец, ама нели убрзано па тоа е веќе близу перфект.
можеби ќе е офф топик но не знаев каде да го постава прашањево...дали знаете страни на интернет каде што ќе има вежби граматика на англиски?
Дечки ај малку помош. Утре правам тест, во книгата го немам ова го најдов на гугл. Значи реченицата од актив се менува во пасив ако глаголот е во презент преминува во паст симпл, ако е во паст симпл преминува со презент перфект и се така am>was>have been>had been>will be>will have been>would be>would have been. Така?
Еххх, англиски. Милина! Посетувам курс по англиски уште од забавиште! Да, да. Немој да се чудите. Англиски професорката во школо ми вика дека и на неа можам да и предавам. xD Времињата и граматиката ја научив по слух. Значи знам кое време одприлика што е, но јас ги научив со гледање на филмови. И сега знам дека во никој случај на I (прво лице, еднина) не смее да му се додаде наставка s! Тие такви почетничи правила ги научив по слух. Поинтересен јазик од англискиот нема за мене.
У, мајката, дури сега гледам. А кај пишува дека сум положила ФЦЕ или било каков сертификат ? Последната година, т.е. четврта, или ќе учев за матура или за сертификат. Јас кога правам нешто, правам како што треба, па двете работи се премногу за мене. Која е логиката да учев за сертификат кога се запишав на Филолошки ?! Бре, бре, се е буквалисти и душегрижници.
Уф, јесда ми идат јазициве ама не ги сакам нешто особено, па така и англискиов. Одам на курс уште од прво одделение, а сега сум 1 година средно така да ова ми е 11та година и не да ми е здосадено, ко што сум уморна од школо со пола душа одам на курс. И сега не ми викајте е немој така, твоите плаќаат за тоа, ќе ти биде корисно, ова она.. Мене англискиот ми стана веќе најбанална работа, кога секој втор го знае, ако веќе учам јазик повеќе ќе се стремам да биде некој што не е толку познат, што е мистичен и мистериозен, само јас да го знам. Еве, на пример јас имам желба да го учам рускиот јазик, потоа турскиот и италијанскиот ми е онака интересен. Едноставно, во моментов повеќе сум ориентирана кон некои други работи а не кон англискиот или кој и да било друг јазик, и ако веќе се занимавам со нешто, сигурно нема да бидам професорка или преведувач. Можеби ви изгледа дека зборувам со некоја си омраза кон јазиков, ама неможам веќе. Дај да ја земам таа проклета диплома, да го полагам тој проклет TOEFL, FCE или како и да е вика па и да не го положам, баш ми е гајле. А вака да читам англиска литература, да пишувам составчиња сакам и ме бива за тоа, филмовите и музиката се секако неизбежни иако во последно време слушам шпански, руски, турски, српски песни..
Англискиот јазик го познавам скоро еднакво исто како и Македонскиот со исклучок на акцентот кој признавам не ми е на нивото на кое што јас би сакала да биде. Уште од мала сум израсната со филмови од англо-американско говорно подрачје и уште пред да започнам да го учам јазикот (во 5то одделение) знаев многу работи од таму. На курс почнав да одам од 7мо и тогаш значително си го подобрив, па додека завршив основно можам да кажам дека бев до Advanced Level. Кога ќе ми текне во средно колку бубалициве се утепуваа од учење Англиски, а ја книга не фаќав и имав единствено 5ка во класот. Можеби е бедно признаниево, но Англиски и Француски ми беа меѓу неколкуте 5ки во свидетелство, ако не и единствени Како и да е, денес сум дипломиран професор по Англиски јазик и литература, но не го работам тоа па дипломата можам само да си ја чувам и од време на време да ја забришувам од прашина. Јазикот си го сакам и редовно обновувам (читам книги, гледам филмови, а и работата ми е поврзана со Англискиот) па тешко дека некогаш ќе излезам од колосек.
Англискиот јазик го обожавам! Уште од многу мала покажував особена склоност спрема јазиците, па уште кога бев забавиште ме пратија на курс по англиски јазик . Веќе активно го изучувам 11 години и никогаш сум немала проблеми. Го имам тој препознатлив акцент кога зборувам и многу често ме имаат пофалено за тоа (хаха, сега сама си се пофалив ). Без проблем читам книги на англиски и гледам филмови без превод...Многу го сакам овој јазик бре, како втор мајчин јазик ми е !
English.. Го учам уште од трето одделение, на курс, на училиште. И мене како втор мајчин јазик ми е. Да се пофалам, на курс бев напредно ниво Граматика, читање, пишување, разбирање. Во мојот клас само јас и една другарка имаме петки, да се пофалам Што би кажала друго. Англискиов си стана потреба, без него никаде..
ама ме насмеа ептен многу знаеш јас студирам јазици така да ова во средно и основно што се учи доаѓа како азбуката на англискиот. Само тој што студира јазици посебно наставна насока, знае колку е тешко...
Англиски учам од 2ро одд.Го сакам Англискиот јазик..Од секогаш Македонски јазик сум имала пониска оцена од Англискиот (само на полугодие ми се случуваше тоа) Англиската граматика е доста тешка,но мене во споредба со Македонскава ми е потешка,незнам зошто Англискиот јазик има прекрасен акцент Преубаво звучи...Ја како да сум родена Англичанка Пишувањето ми е лесно,немам проблем,но имам проблем со вокабуларот Некогаш оние зборови кои не сум ги употребувала многу често ги заборавам
Јас се пронајдов тука. Не можам да објаснам зошто и како употребувам некоја глаголска форма, едноставно така ми звучи логично и природно. По слух ми доаѓаат работите. А мислев само јас вака забегано постапувам. Се стокмив инаку за полагање CAE, здравје иднава година. Решавав тестови онлајн и без никаква претходна подготовка решив 75%. И тие од таму ме советуваа дека би требало да се спремам за advanced (ама се културни, нАли) Ќе си купам книга и полека ќе почнам. Планирам да посветам добри 3-4 месеци. И не ми е гајле за резултатот, сакам да си пополнам многу дупки и празнини. Да научам. Сакам да одам и на приватни часови баш за CAE, ама ќе видиме како ќе стојам со финансиите.
Леле исто и јас . Во основно, кога почнав да го изучувам Англискиот, знаев и кое време треба и зошто., а сега само знам кое време, немам поима зошто Така ми иде едноставно. Баш кога требаше да го спремам дечко ми за полагање Англиски, само знаев да му ги решам задачите, а немав поим како да му ги објаснам. Се изнервира на крај и појде на приватни часови