Ако може некој да ми помогне би била МНОГУ благодарна. 1.A person who mends your car is: 2.The word “invention” means or is closest to its meaning to: 3.A passenger is a person who: 4.Complete the sentence! “Although the weather was foggy our plane________.” 5.Finish the sentence: “I am sure that the cook will tell you the _____________.” 6.Someone whose job is managing is a ______________. 7.Finish the sentence: ”My parents go to ________ every day.” 8.Complete the sentence: “He spends his free time reading alone in the city ____________.” 9.Complete the sentence: “She wore gold ____________.” 10.Complete the sentence: “He can’t see without his ____________.”
^ Постојат безброј варијанти кои можат да бидат точни одговори на прашањата. Доколку ти се за екстерното тестирање - би те советувала да не се замараш многу, ќе видиш таму кој од понудните одговори звучи најточно и одговара и на тој начин нема да утнеш, а овака џабе се замараш затоа што можат многу одговори да стојат на празните места Освен: 1.A person who mends your car is an auto mechanic. 3.A passenger is a person who is travelling. 6.Someone whose job is managing is a menager.
Ова “more closely“ е само непотребен вишок во реченицава... И плус некако не ми оди. Одбери си некое од следниве (зависно од контекстот): - I would love to get to know their culture a lot better; - I am curious about going deeper into their culture; - I want to learn more about their culture.
how much/how many Здраво женски,може ли некоја да ми каже за што се употребува how much а за што how many? Фала ви однапред..
Јас со англискиот добро владеам. Лично, граматиката ми е многу полесна од спелувањето. Јас го владеам добро и вокабуларот, ама спелувањето знае да биде зае*ано Сум посетува и курсеви и имам и дипломи дома од курсевите. Сепак, таа што ми го држеше кусот ми ја даде најцврстата подлога за англискиот јазик.
Добро, ме интересира.. може ли во школски учебник да има неформални зборови(сленг), фрази? Се изнамачив. Мислам дека му нема крај на англискиот, не дека сакам да знам се, ама колку повеќе - толку подобро. Барав dash around што значи, никакви резултати не дава гугл. Исто и за film prop. At my wits' ends with it и sponging off, иста приказна. Ако некој студира англиска книжевност или ПИТ, молам за помош. Фала однапред..
Не сум студент ама сум на тоа говорно подрачје. Овие фрази се во секојдневен говор, што се кажи едно а значи друго. Колку за пример sponging off, исто како што ние викаме некој се гребе од тебе, во смисла ти бара цигара секој ден, а не дека всушност буквално гребе. Во буквална смисла преводот му е упивање со сунгер, ама во македонски превод еквивалентно значи дека некој се гребе од тебе. Dash around, трчаш наоколу како мува без глава. At my wits' end with it кога ти е дојдено преку глава од нешто на што не можеш да му најдеш одговор/чаре, кога се што знаеш имаш пробано. Film prop, prop е кратеница од property, што значи објекти, предмети, сценски аранжмани, се што се користи и специјално е направено за снимање на филм.
Знам дека не спаѓа мислењево овде,но ако мисли админ. дека не е во ред..слободно да избрише Часови по англиски за основци и средношколци - огласот се однесува за Прилеп Подетални информации во инбокс
ми треба помош имам за домашна да додадам буква во зборот за да добие тој ново значење е сега која буква би можела да ја додадам во зборот hosts за тој да добие ново значење?