Гледај серии и читај книги на англиски, без превод. Исто, намести си го мобилниот и сите игри на англиски.
Little quirks значи "мали каприци", додека to grind knuckles во буквален превод би било "триење на зглобовите на прстите", а за појасно да ти е сигурно си видела некоја сцена во некој филм, кога некој се спрема за тепачка и со едната рака си ги трие зглобовите на другата која му е свиткана во тупаница (исто така, to grind треба да го разграничиш од to crack, бидејќи едното значи лизгање/триење, а другото значи пукање).
имате ли идеја како да не ни биде досадно распустов,а притоа да комуницираме и работиме на англиски,со тоа ќе вежбаме на речникот и на усовршувањето.Некој форум,страна,чат...?
Го сретнав ова Happy belated birthday, е сега сакам да ве прашам дали би се превело среќен роденден со задоцнување? Некако ми делува дека не е точно напишано
Да, во превод е онака како што го преведе. Точно е напишано и се користи тогаш кога роденденот на личноста е веќе изминат.
Вака. Имам една дилема деновиве. Пред некое време наставничката по германски на фејсбук на слика ставила текст: Keep follow yourself. Јас мислам дека е тотално утната реченицата. Ова го спомнав и татко ми вели дека точно напишала. Јас уште стојам на тоа дека треба да биде Keep following yourself. Бидејќи секогаш по keep доаѓа глагол во ing форма. Не знам како се вика ова време, ама нели е нормално на пр. Keep digging, keep running итн.? Може некој да ми каже како е правилно и зошто? Ѝ се обраќам на @GirlLove, мислам дека таа е наставничка по англиски, па се надевам на компетентен одговор. Благодарам однапред.
Во право си, наставничката згрешила. Не станува збор за време туку за конструкција со глаголот keep, глаголот го менува времето, а формата -ing формира gerund, во нашиот јазик тоа е еднакво на конструкциите на глагол и сврзникот да.
Грешно е. Gerund треба да биде искористен, но после keep може да следува и инфинитив. Тогаш значењето е 'in order to'
Jaзикот го учам веќе 7 година имам уште една и треба да го усовршам (ова зборувам за приватното школо, во кое одам) а подоцна во средно од втора па натака ќе го знам јазикот, а и засега можам да се пофалам дека 80% солидно ги владеам
Ве молам,ако има некој/а колешка по англсики јазик да ми помогне.Имам едно прашање во врска со оценување на диктати. Благодарам
Ај јас пак да си прашам, пошто овие моиве наставнички сè повеќе ме изненадуваат. Што значи mobile phone free zone? Запнала наставничката дека било зона во која можело слободно (free ) да се користат мобилни. Јас стојам на тоа дека е забрането мобилни телефони во оваа зона. Во смисла тука нема такво нешто, односно, зоната „е ослободена“ од мобилни. Исто како и duty-free shop и gluten-free food. 99% сум сигурно дека е забрането, бидејќи во учебникот не само тоа, покрај текстот имаше и слика: Спојлер: Сликата, вака некако: Мислам, нацртано, обоено, што сака повеќе од тоа? Ај некој да ми потврди што повеќе се разбира, а ако има завршено Филолошки уште подобро. Само што и наставничката има завршено, ама ете...