Па требало да одиш и да и кажеш дека сакаш да те испита а не на лепи очи да ти даде потврда. Овие оцениве што си ги пишал ама баш ништо не значат кога се вака добиени. Ќе си полагаш официјален испит, па со тие резултати може да дискутираме за тоа каков ти е англискиот и како да го подобриш
Ова е имагинарен скор. Како може да ти го оцени зборувањето ако не си изустил ни еден единствен збор?
И самиот викаш дека не си реално оценат. Незнам навистина дали си ова ниво, но да книги читање многу помага. Ќе си вадиш непознати зборови и ќе ги запишуваш. Ако го користиш англискиот јазик на училиште, факултет, работа или др место обиди се да ги вметнеш новите зборови. Исто гледај филмови без превод, ако имаш потешкотии почни со англиски превод а потоа гледај без. Дури гледај го и истиот филм по втор пат без превод. Огромна е разликата. Барај стручна литература и концентрирај се на неа повеќе одколку обични романи. Јазикот е на повисоко ниво во квалитетните дела. Исто, вежби и квизови онлајн за подобрување на граматиката. Голем напредок се постигнува со сето ова, но сепак мора и да го зборуваш секојдневно јазикот за да ги запаметуваш термините полесно. Може и некој форум да најдеш, и да се приклучиш во вербална комуникација.
Зашто ве чуди македонското школство? Рекоа дечки ни требаат потврди до петок, ја никад не сум идел на часови и бев на тест по прв пат. Сега сакам да знам како котирам со овие оценки без врска колку разбирам реално АНГЛИСКИ.
@darko clash Навистина не разбирам каква работа ќе ти завршат овие оценки? На кој факултет си? Јас до сега не сум сретнала ваков непрофесионализам. Зошто воопшто на факултет би ти барале некаква потврда за јазик?
Доколку студиите се само на англиски јазик му треба таа потврда или одредени предмети. И во мојот град ја даваат приватните училишта за 1500 денари некаде и повеќе, а најжалосно е што не ни прават тестови, само ќе ја потпишат, ќе напишат како курс да си завршил по книгата од средно и готова ти е потврдата за 2 минути. Страшно.
А оние кои не знаат? Нема опција на македонски? Најди некој онлајн курс, најдобра опција ти е. Обрни внимание на граматика. За вокабулар и фрази кои често се употребуваат можеш да гледаш филмови и да читаш книги, ама за на факултет ти треба сериозно знаење. Разбирање на говорен јазик е најлесен дел, најтежок е дел е зборувањето и пишувањето, јер на факултет нема да ти треба само хау ар ју. Навистина страшно, квалитет еднаков на една гоооолема НУЛА. Како ли полагаат студентите кои добиваат вакви потврди?
Со препишување. Скоро по секој предмет откак е почнат кредит системот и полагање на испити во писмена форма си постојат сликани тестови и одговори и како што ни е квалитетно образованието со сам нивно учење можеш да положиш бидејќи редовно се повторуваат истите тестови.
Сум слушал порано предмети на англиски и сум немал проблем со разбирање. Од каде им текна на потврда сега ѓавол ги знае. Ме живцира шо и платив а не ме испрашала по сите прописи. У пишување малце се кочам, ми се губи мислата и на македонски, таков сум, ама усно сум многу речит и заслужувам поише од седмица. Другите оцени можно да се заслужени. Еве ми го нивото у болдот Почетно - begginer - 130 - 140 часови II степен Основно - elementary - 180-210 часови III степен Предсредно - preintermediate - 320 - 350 часови IV степен Средно - intermediate - 390-450 часови V степен Високо средно - upper-intermediate 450-550 часови VI степен Високо - advanced - 550-650 часови VII степен Многу високо - very advanced над 700 часови VIII и нагоре А никад у живот не сум зимал часови тука ми пишат 500 часа сум посетил. Со тие 500 часа ќе станев професор досеа. Све си плаќаш денес и одма добиваш дипломи, сертификати..Не се здрави.
За да си го подобриш зборувањето мора да зборуваш. Дали тоа било со друг човек или сам пред огледало. Значи гласно, јасно, не во умот. Или најди некои случајно избрани слики од интернет и опишувај ги детално. Само така можиш да си го подобриш зборувањето. За пишувањето ќе ти помогни читање книги зошто ќе се навикниш на самата форма на пишан англиски јазик, обидувај се да пишиш на зададени теми, дали тоа било некои писма, раскази, артикли. Важно е да пишуваш, да користиш нови зборови кои скоро си ги научил, па на овој начин ќе ги вежбаш за да ги знаеш. Отвори на некои вакви страни, каде можиш да најдиш некоја тема на која можиш да пишуваш. Нема потреба тоа што го пишуваш да има литературна вредност, туку чисто за тебе, да го вежбаш јазикот. Потоа консултирај се со професор да ти провери дали е точно. Разбирање на говорен јазик ти е важно, за нели да можиш да комуницираш со човек кој зборува англиски. Ова ти е исто поврзано со зборувањето, мора да зборуваш убаво и да разбираш добро за да можиш да комуницираш со човек. Можиш да најдиш на некои страни за учење англиски луѓе од различни места кои сакаат да разговараат, со кои паралелно ќе си го подобруваш твојот англиски, твоето зборување, а истовремено ќе разбираш различни акценти, нови зборови, од други луѓе. И за разбирање на пишан текст е нешто слично како и самото пишување - читање книги. При читање книги на јазик кој не најдобро го разбираш, прво ќе се обидиш од самата реченица да сфатиш што е непознатиот збор, да претпоставиш. Кога ќе претпоставиш подвлечи го за да го провериш. На крај на параграф или завршена мисла провери што навистина значи зборот и прочитај го параграфот да видиш дали точно си претпоставил. Не учи зборови англиски-македонски или македонски-англиски, туку англиски-англиски, со објаснување. Така ќе научиш да објаснуваш дескриптивно, што е важно за начинот на кој зборуваш. Додека зборуваш немој да мислиш на македонски и да преведуваш туку зборувај со себе и размислувај на англиски кога сакаш да зборуваш англиски. Никако имагинарен превод. Накратко, за се ова ако можиш да го постигниш сам - супер е. Но, длабоко ти препорачувам да посетиш курс. Јас, исто како и твојот болд во следното мислење, сум B2 ниво, upper intermediate. Оценките ми се зборување A, пишување B, слушање C, граматика A, читање B. Курсот ми поможи во секој аспект да го извадам мојот максимум за времето кое одев. Да продолжев, веројатно ќе ги подобрев и оценките. Ако навистина сакаш да се подобриш и не ти е само за оценки - со среќа!