Можеби прашањево не е за тука ама да прашам, дали има некој полагано FCE во British Council? И подетално искуство?
Како да кажам определено/неопределено, во смисла договор за вработување? На пример, договор на определено време од 6 месеци?
https://learnenglish.britishcouncil...9142.59336465.1581542461-125988593.1553371610 Тест за проверка на познавањето на англискиот јазик. Одговорив точно на 68% од прашањата.
Јас прво мислев да одговорам на едно, па испадна сосема друго. А баш тоа што прво го мислев испадна точно. Ќе ги освоев сите поени.
Имаше еден ваков и на некој наш сајт, знам пред матура си вежбав вакви тестови. Ама не ми текнува точно кај беше, ако го најдам ќе го постирам. 94%. Може и подобро.
На онлајн тестот ми излезе 66% . Како што го немам користено англискиот долго време , супер сум . Последен пат го учев во трета средно , а зборував лани на одмор кога бев . Малку сум зар'ѓала .
Имам прашање,во врска со граматика.Дали може некој да ми појасни во употребата? Се работи за:Future simple,be going to,future continuous,future perfect simple. Јас,како посебно време,знам да ги користам. Но,дали некој може да ми воочи разлика,кога се заедно future continuous,future perfect simple. И,заедно be going to,future simple. Кое точно време да употребам,во реченица-како да знам за кое време се работи? Благодарам однапред.❤
Future simple се користи за предвидување најчесто (како на пр временска прогноза), кога во моментот одлучуваш дека ќе направиш нешто во истиот момент (It's cold so I will close the window.). Going to се користи за планови (I'm going to buy a red Ferrari one day), за предвидување блиска иднина, ама кога имаме доказ дека нешто ќе се случи (Look at the sky, it seems like it's going to rain today.). Future continuous се користи за лични планови и обично во реченицата имаме временски израз (I'm meeting my cousin tomorrow.). Future perfect се користи кога сакаме да кажеме дека некое дејство ќе заврши до одредено време во иднината(I will have read 30 books by the end of the year). Се надевам дека ти е појасно.
@Uniqpro Супер одговор од @nevermet18, јас само би сакала малку да ја поправам за future continuous. Таа всушност даде пример кога present continuous може да се искористи за да се искажат идни дејства, бидејќи реченицата ѝ е present form of to be + ing, што е во суштина present continuous. Future continuous би било will + be + ing. Се користи кога сакаш да искажеш дека некое дејство ќе се случува подолго време во иднината. Пример: I will be travelling in the next two months.
Леле дури сега гледам дека сум ставила пример за present continuous наместо за future continuous. Фала ти што ме поправи.