Предложете ми некоја онлајн апликација/курс или пдф книга за спремање на TOEFL. Купив еден курс за изговор од Udemy жива катастрофа.
Доколку има некој тука што добро ја знае разликата помеѓу "will" и "going to" нека ми пише ако сака да ми помогне во врска со едни реченици каде се колебам многу дали да ставам will или going to. Ги прочитав убаво употребите за едното и за другото и пак не можам да ја поврзам реченицата со некоја од нив.
Will e моментална одлука ама за сеа шо се однесува најчесто. I will drink coffee - сега ќе пиеш кафе I’m going to Greece in June- ќе идам во јуни во Грчка.Однапред планирано дејствие кое се однесува за во иднина. I will tell him-ќе му кажеш сега или малце покасно А гоинт ту, е подолгорочно
Will: 1) ponuda za pomos (I'll help you), 2) brza odluka (vo prodavnica/restoran:I' ll buy this skirt/shoes ...I'll have pizza please, 3) nekoe predviduvanje za idnina koe pocnuva so frazi kako I think, I believe, I'm sure 4) kade ke stigneme negde, koe vreme: Don't worry, you'll be there at 10 o'clock....... GOING To: 1) plan/namera sto e planirano predvreme/odamna: I'm going to study in London. 2) predviduvanje bazirano na ona sto gledame deka ke se sluci :Look at the clouds! It's going to rain/ Be careful! You are going to fall!
Може ли мало појаснување кое е точно и зошто? -Where are your father born? -Where is your father born? -Where was your father born? И од овие кое е точно? -She is born in Skopje. -She was born in Skopje. За личност која е жива.
Where is your father born? Ova e statement, ne treba vreme. Fakt e. Kade e roden? She is born in skopje. Isto i ova. Licnosta e ziva, fakt kazvas. Present simple. Vidi vo mislenje to podolu, tamu zaborajv da te tagnam
Точни се: Where was your father born? She was born in Skopje. Кога се работи за кажување кога некој е роден, секогаш се користи глаголот to be во минато време. Тоа е така затоа што само еднаш се раѓаш (во минатото), да кажеш am/is/are born би имплицирало дека постојано се раѓаш, дека се работи за сегашна состојба.
Здраво. Дали некој знае каде би можела да најдам копија од книгата и работната Straight to first (FCE) ?
Ако некој сака онлајн часови по англиски т.е ако на некој му треба вежбање пред тест или за матура, слободно нека ми пише.
Future Continuous се користи кога сакаш да кажеш дека нешто ќе трае во иднината, односно не се работи за брзо, кратко дејство. На пример: I will be running a marathon. (Ќе трчам на маратон.) *Трчањето маратон не е кратко дејство, туку ќе ја правиш таа активност некое време (неколку часови во случајот). Future Perfect Simple се користи кога сакаш да кажеш дека нешто ќе биде завршено пред одреден момент во иднината. Во суштина, се наоѓаш во иднината и гледаш назад кон минатото, кон нештото што си го направил. На пример: I will have finished my book by the time I'm 25 years old. (Ќе ја имам завршено книгата додека наполнам 25 години.) *Замислуваш дека си во иднината, имаш 25 години и од таа точка во времето кажуваш дека си ја завршила книгата претходно.
Значи во future perfect simple мора да се нагласи времето кога ќе биде завршено нештото пред одреден момент во иднината?
Да. Тоа обично се искажува со by *нешто*, но може да имаш и ваква конструкција: Next month, I will have lived in this house for 30 years. (Следниот месец, ќе има 30 години како сум живеела/живеам во оваа куќа.) Вака или така, пак кажуваш кога ќе заврши/кога ќе се исполни тоа дејство во иднината. Само да појаснам: Во случајот со реченицата, не значи дека ќе престанам да живеам во куќата, туку тогаш ќе навршам 30 години живот во неа (тоа е пак некаков чин кој завршува: не може да продолжам да живеам 30 години, туку ќе живеам 35, 40, 50 години).