Изгуглај, ќе видиш дали е грешно the simplest Спојлер Колку што знам, нема строго правило каде се користи -er/-est (барем не се сеќавам да сум учела тоа), а каде more/the most за компаратив и суперлатив, повеќе се учи со искуство и вежбање. Ама генерално се користат more/the most со подолги придавки како beautiful, intelligent, questionable, diverse итн.
Можеби не е исто на пример во американскиот и во британскиот. Знам дека мојата професорка викаше дека the most simple, as simple, simple as итн итн... треба да се користи и оти не се мени во други форми. Така имам прометено и во сите англиски филмови, а и тие америкамците кога зборуваат за дискавери, или вести, така го употребуваат. Гугл не ми е веродостоен. Гледам и дека денеска има многу англичани/ американци шо се неверојатно неписмени и незнаат за шо се користи 'is' а за шо 'are'. Употребуваат we is going така нешто, као пофраерски иили нешто или само глупоќа, претежно црнците го употребуваат, овие раперите и тоа стана тренд сега. Но не значи дека е точно.
Во мојот скриншот, пишува дека дефинициите на Гугл се земаат од речниците на Оксфорд: Британскиот и американскиот англиски се разликуваат најмногу во вокабуларот, како и во изразите кои ги користат (пример, додека 'I haven't any eggs' е „нормално“ да се слушне во Велика Британија, во САД е реткост и наместо тоа би рекле 'I don't have any eggs' , при што и двете се граматички точни), но сепак се работи за истиот јазик и важат истите граматички правила; иако има исклучоци во спелингот (traveler на американски наспроти traveller на британски; color/favorite на американски наспроти colour/favourite на британски итн). Дека постојат неписмени луѓе, постојат; дека постојат дијалекти, исто така постојат, меѓутоа овде не е тоа случајот. И Гугл можеби не е за верување, односно информирање за многу работи, ама барем за јазици, особено англиски, ретко да не можеш да најдеш точна информација, главно затоа што во најмала рака има онлајн речници, а и премногу луѓе што го зборуваат јазикот, не се сите неписмени .
Ај само уште за овие прашања да ве прашам зошто точни одговори се: 1. much 2. a lot of 3. different than Затоа што на 1 прашање се мислев помеѓу much и so. На 2 прашање се мислев помеѓу a lot of и very much. A на 3 прашање се мислев помеѓу the same as и different than. This is _______ simpler that I expected. a) much b) very c) so I've got _________ free time next week. a) a lot of b) lots c) very much This shirt is _____________ that one. a) the same as b) different than c) as
Морам и јас да се умешам во темава. Од моето скромно познавање на англискиот јазик, мислам дека не може одговорот на 8то прашање да биде под b) а expensive. Затоа што пред expensive треба да има an, a не а. Според мене одговорот би бил под c) the expensive.
1. This is much simpler than i expected. Примерот сам не е точен. Можеби е грешка т место н. 2. I've got a lot of free time next week. Ќе беше точно и lots of (ама само lots e понудено) 3. И двете што мислиш се точни. Мора ли еден одговор? Едит. Сега прочитав наназад дека имало и точни. Имаше неколку грешки што знам.
За првото, so не се користи со придавки во компаратив, барем мене ми звучи многу неприродно и не ми текнува таков пример каде би оделе заедно. Од друга страна, може да се користи so much + компаратив, пример - so much better, со што се „засилува“ компаративот. Ако better би значело подобро, much better би било многу подобро, а so much better го доживувам како уште подобро, како ентузијастично дури. За второто, размислував зошто не е „звучно“ да кажеш very much free time, и секој пример што ми текнува со very much е таков каде што very much се однесува на глаголот, не на именката, односно има функција на прилог, не на придавка. На пример: I don't like him very much, или кога сакаме да потенцираме: I very much dislike him. Значи, much + небројливи именки да, ама very much + именки не оди . Не ми текнува дали има правило или не, ама по слух така ми доаѓа . За третото, граматички мене ми одговараат двете, евентуално можеби има некоја контекстуална причина зошто едното би било подобро од другото (пример, лупам - ако гледаш две маици, прво нешто што забележуваш е дека се различни, поретко дека се исти; ама како што реков, сега лупнав колку да кажам што мислам под „контекстуална причина“, тешко е овде да се процени кое би било подобро..).
Се согласувам со @Angie1432 дека во случајот е под а. Под с мислам дека не е грешно, само работата е што таа реченица следи откако имаш некаков контекст. Пример, со колегите се наоѓате на паркинг и сите коли се да речеме половни или постари, само една е нова и скапа, па тогаш можеш да кажеш: Jack drives the expensive car, оти се подразбира на која специфична кола мислиш. Ама пошто речениците во вежби најчесто немаат контекст, се избира „најопштата“ варијанта, односно таа каде што не е потребно да си запознаен со целата „сцена“ на ситуацијата, што во случајот е the most expensive.
Да да, моја грешка при куцање. Не е т (that), н е (than) This is _____ simpler than I expected. Значи најмногу одговара much simpler?
Точно. Much Very можеби ти звучат како Многу, но ќе видиш по контекстот на реченицата и како ти звучи. This is very simple. This is so simple. Би биле другите две. самоук сум до САТ ниво не ме дирајте граматика не знам да објаснам
Хм, јас па тргнав од тоа дека Jack е обичен човек, не е некој од најбогатите луѓе во светот, па за да ја вози најскапата кола. Туку дека може да вози скапа, ама не и најскапа кола И бидејќи под b) е а, а не an, затоа реков под c) the expensive
Знаеш како, може и грешам, ама вака си размислувам: 'The' има повеќе намени. Може да значи пример општо „вратата“, а може да значи и „конкретно таа врата“. Во изрази како: "Open the door", "Give me the keys", кажуваш општо. Моментот кога прецизираш, т.е. додаваш придавка, значи дека се однесува баш на конкретно нешто што ни е познато или во видик. Пример: "Open the metal door" индицира дека има повеќе врати и ти сакаш да прецизираш дека мислиш конкретно на таа врата, значи запознаен си со „сцената“ каде што се одвива дејството. Затоа и реков дека не мислам дека с е точниот одговор од контекстуална причина, не од граматичка .
Точно дека пред именка која почнува со самогласка се користи an и одговорот под б автоматски не може да е точен. А ако го земеме одговорот под ц, некако нема смисла реченицата кога ќе се прочита, (иако е точен и тој одговор ама обично во речениците на дополнување не се комплицира многу) па затоа највеќе одговара одговорот под а.
Во Македонија има ли установа да се тестира и дават сертификат признаен во странство за англиски јазик ? Благодарам однапред
Како би го превеле на англиски- стручно средно училиште, насока техничар за транспорт и шпедиција? Некако не можам да го склопам во една реченица, никако не ми звучи убаво бидејќи не сум сигурна колку е присутна струкава низ Европа