Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022 Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ во состав: Мери Попова – Уредник на КУП МТВ 1 Зоран Мирчевски – Одговрен уредник на МР 2 Биљана Николовска – музички уредник МР 1 Александра Јовановска – новинар МР 2 Јана Бурческа – новинар МТВ 3 Маја Трпчановска – новинар МТВ 1 Ардита Имери - новинар МТВ 2 На 17 и 18 јануари 2022 ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот кој МРТ го објави на 10.12.2021 година со траење до 16.01.2022 година. Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра максимални 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022. Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација - Евросонг, се следните: 1. Изведувач: Калина Велковска - Кaly Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“ Автор на музика: Давор Јордановски Автор на текст: Весна Малинова Аранжман: Никола Васков - Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ 2. Изведувач: Јон Ајдини - Yon Idy Наслов на композиција: „DREAMS” Автор на музика и текст: Yon Idy Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy 3. Изведувач: Лара Иванова Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW” Автор на музика: Роберт Билбилов Автор на текст: Робин Зимбаков Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров 4. Изведувач: Виктор Апостоловски Наслов на композиција: „SUPERMAN“ Автор на музика: Владимир Дојчиновски Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски Аранжман: Владимир Дојчиновски 5. Изведувач: Андреа Коевска – Аndrea Наслов на композиција: „CIRCLES" Автор на музика: Александар Масевски Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска Аранжман: Александар Масевски 6. Изведувач: Борис Цветановски - Ris Flower Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN" Автор на музика: Борис Цветановски - Ris Flower Автор на текст: Борис Цветановски - Ris Flower Аранжман: Мустафа Џанбазлар Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста. Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%. https://mrt.com.mk/node/69376?fbclid=IwAR0Bch7jCHL5-R_OW1xr2kuTAWI8juOiNo0pUIEDUvTOFvsaxDkxbkNOOMk
Луѓе дајте линк каде што можам да ги слушнам песните, го пребарав нетот, ми дава само вести за избраните 6 композиции а никаде не ми дава за да ги слушнам и гласам.
Да, ама претходно и преку СкопјеФест неколку години се бираше, па потоа интерно. Инаку јас само Лара ја знам И се надевам ќе победи
Да знам за СкопјеФест и искрено ми фалеше и ние да имаме малку право на избор. Зарем Виктор не го знајш?
Може да го видам на фаца или слушнам би го знаел, вака на име не Со Лара се сретнав летото на концерт, ме воодушеви со пеењето. Слушнете ја "За Нас" или "Кој те учи така", супер песни. Инаку, овој Борис, кај ќе лета во Берлин, требаше во Торино
Само Виктор и Калина ги знам, се надевам дека нема да биди местено, дека ќе биди фер гласањето, едвај чекам да ги слушнам песните
Јас само Виктор го знам од овие 6. Се надевам ќе изберат добра песна. Да ги слушнеме песните прво, сега пред време не коментирам ништо.
Ауу кој Виктор бил. Сум била порано во една дискотека, тој пееше Другарка беше затрескана во него Дечишта.. Иначе не знаев дека уште пее, мислев му завршила кариерата (уште не почната). Јас навивам за Виктор сега
Како навивате уште сега без да ги знаете песните? Името на артистот не ми значи ништо, ќе видам кој ќе ми е фаворит после изведбата на песните.