Инаку јас мислам дека подобро ќе беше наместо 6, да избереа рецимо 15 песни па од тие да се бира. Барем ќе видевме дали сме стварно до толку мизерни, или жирито што ги избира е мизерно.
Звучам како баба ама ми фали времето кога имаше квалитетни песни и едвај чекавме мај месец за да гледаме евровизија Иначе кога веќе ни пласираат мајтап, на мајтап и гласав Дечкото со гитарата е океј али далеку од евровизиска песна. Сите имаат убави гласови али песните тотално промашување. Нека победи најдобриот
Искрено не ми се нешто посебни, ама мислам “Супермен” се истакнува само, иако на некој начин е weird, ама па за Евровизија такви требаат, како што беше случајот со Нета. Другиве се океј, само не ми се евровизиски.
Ме бендисва шо конечно на музичката сцена имаме добри пејачи и песни. Напредок од летаргијата изминатите години. Ова е предобро, не знам дали можи да го израмнам со победниците на Евровизија, ама за наши услови пре доб ро.
Мене тогаш не ми се допаѓаше Нета, ама очигледно тоа проаѓа кај публиката, затоа ја споредив, поради стилот. Мислам балади одамна не проаѓаат.
Виктор на гамгам стајл ме потсеќа, незнам зошто. Супа, Супа мен. Лара ми е ко оние секогаш што се на последното место, добар глас и добра балада ама многу досадно. Дечкото со гитарата освен што пука од самодоверба ништо друго не нуди. Другите двајца ги заборавив. Андреа ми е најдобра.
Жити се Јана со јавното запросување е новинар???? Инаку песните се крш сега ги преслушав... Кога не не бива, не не бива. Оваа со суперменот е баш како некоја пародија.
Абе каква сака песна нека има, новинар е голем збор. Јана новинар бе... Новинар бе, сите новинари станаа
Оф, многу сакав да ми се допадне на Андреа, ама не е евровизиска, да не се лажеме. Мислам дека треба Македонија е д н а ш да се претстави со песна која не е предосадна. Моите фаворити се Flying to Berlin и Superman, и двете со забавен вајб.
Нета користи looper за песните, треба знаење и талент за тоа. Има многу подобар вокал од Виктор. Текстот на Нета иако на прв поглед смешен, има длабоко значење за разлика од третто одделение текстот на Супермен. Да, проаѓа нешто поинтересно и „почудно“, ама за да успее или пак да победи треба и талент, не само да се глупира.
Многу се basic песниве. Секоја Евровизија традиционално има по 5-6 вакви. Досадно. А и брутално е што нема ниту една на македонски.