Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреа со Circles ќе нè претставува на Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 21 јануари 2022.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Машки
    Мене искрено смачено ми е од балади на евровизија.

    Лара си е океј, ама дајте нешто певливо да се слуша преку лето. Македонската естрада е сведена на 0, ми фали времето кога како будали се деревме на песните од Ноне, Ламбе, Елвир, Јован… можеби до носталгијата е ама многу ми фалат певливи македонски песни. :(
     
    На SexyDarling, Ivan4e04, f.girl и 15 други им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    25.135
    Пол:
    Машки
    Се шпекулира дека Антонија Гиговска пратила песна а не ја избрале..
     
  3. Panicarka21

    Panicarka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Ни требаат некои "А ја слатка сам и фина". :D:D:D
     
    На Angie1432 и Adi888 им се допаѓа ова.
  4. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Гласав за Виктор! :music::P
    Редно беше веќе да паузираме со баладите.:tmi:
     
    На Konfetka, Ursi, Traveler91 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.096
    Пол:
    Женски
    Кога ја слушнав песнава ко некој шилец низ клиторис да ми акна. Жими све ме здоболе кога го слушнав, што побогу е она?

    Андреа, не е дека не е Евровизиска песната, мене баш на Tout L’Univers ме потсеќа. Подобро е девојчето од другите реално.

    Лара - не.
     
    На senjorita-v, f.girl, Hecate и 4 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.250
    Допаѓања:
    112.305
    Пол:
    Женски
    Кој се луѓево ако може интро нешто кога се појавиле шо жанр се кај настапиле досега.... ?
    Освен Виктор - ниеден не знам :|
     
    На senjorita-v, Sofi.ja, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Искрено три песни се издвојуваат, Виктор Лара и Андреа, другите крш, не ги ни дослушав. Незнам како ќе звучат во живо ама чупињата ќе бидат катастрофа осеќам.
    Јаа сепак сум за Виктор и за него ќе гласам ни треба нешто повесело макар и да се изглупира,добар весел сценски настап, замислете како Супермен да се појави на сцена ќе умрам :rofl: некоја позадина луда и можи да имаме шанса за подобар пласман.
    Ако ја пуштат Лара ќе се отрујам, стандард исто балада очајна секоја година, некако ми е многу форсирана а во живо не е толку добра колку што е на снимкава, за ова глава ставам дека е така.
    Ај па ќе видиме...
     
    На темјанушка, sweet-cherry, Ursi и 3 други им се допаѓа ова.
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Јас каснам:tmi: се успав. Сега ги чув песните.
    Андреа и Виктор највеќе ми се допаднаа. Потоа Лара, па Рис и Јон, па Кали.
    Главно сите се добри, но ниту една не ја гледам како некој силен конкурент на Евровизија.

    "OP OP, opa gangnam style " :rofl:
    Ама и мене ми е најинтересен. Супер е. :)
     
    На fast_and_curious и Ursi им се допаѓа ова.
  9. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Се е со врски, Лара ќе си плати за да победи
     
    На spacemonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lalalupsi

    Lalalupsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    И јас ќе гласам за Виктор, највесела песна има, доста ми е веќе од балади. Навивам за Виктор и Андреа.
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Другите 3 биле толку впечатливи што заборавив дека постојат :D
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Андреа и Виктор нај добри.


    Инаку мислам дека македонскиот јазик ќе го слушаме само уште на детската евровизија. :(
     
    На fast_and_curious и Lalalupsi им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Реков нема да хејтам годинава АМА песниве како да ги праќаме за на фестивал во Кратово а не на Евровизија. Многу се досадни бе. Најфина ми беше таа на Јон. И тоа не ми се допадна нешто особено туку во споредба со другиве, ама далеку од евровизиска. На Виктор песнава ми е пун погодок за популација над 40, они си сакаат такви мелодии.Не знам, можеби стварно треба него да го пратиме во комбинација со глуп сценски настап и барем како заебанција да се издвоиме од останатите.Најверојатно таа ќе ја гласам чисто за промена од балади. (facepalm)
    Најинтересно ми е што реално имаат добри вокални способности и знам дека можат да направат и подобри песни ама не.
    Исто така, не можам да се помирам дека одбираме да пееме само на англиски кога си имаме многу поубав јазик кој ќе се издвои од другите, вака сите пеат на англиски на фестивал на кој што треба секој да си ја претстави земјата, многу bland.
     
    Последна измена: 29 јануари 2022
    На Ivan4e04, Konfetka, Guns N` Roses и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.634
    Пол:
    Женски
    Сите кандидати ги гледам прв пат, освен Виктор, кој веќе го бев заборавила.

    Дечките со гитара се онака, океј. Нешто лежерно, фино. Нешто поразлично од нас, ама не е дека немало такви тралала песни на евровизија.
    Виктор во обид за нешто забавно и актуелно. Океј е, ќе привлече внимание песната, дали само за критики небитно. Важно нема да останаме незабележани како многу години порано или ако ја пратиме Лара пример.
    Лара - балада која можеби и не е така лоша, но ништо посебно. Во конкуренција со другите евровизиски балади мислам дека ќе се изгуби и нема да има никакви шанси.
    Кали - оваа ми има некој евровизиски вајб, но сепак нешто веќе видено.
    Андреа - нешто поразлично. Не знам како да ја опишам песната, дефинитивно мој фаврит.

    Гласав за Андреа, им ги прегледав и инста профилите, ми се допадна како Андреа ја најавила својата песна. Се надевам таа ќе победи.
    Ако не, подобро да пратиме некој од машките изведувачи отколку Лара.
     
    На Billy Idol, f.girl, Ursi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Еден преглед на песните од мене :D:

    Лара- Flower of Sorrow: Песната е добра и има потенцијал да стане многу добра до одлична. Моќна балада која со добра преработка ако биде избрана може да стане вистински натпреварувач за на Евровизија. Фали момент на експлозија со којшто вистински ќе се истакне, а Лара то го може, и можеби целата песна или барем дел да биде преведена на Македонски, така би била повеќе автентична. Лара има премоќен глас, има настапувано пред публика, и со преработка на оваа песна и добар сценски настап може да блесне во Торино.

    Андреа- Circles: Песната е супер, Андреа исто така знае многу убаво да ја изнесе истата. Може да биде даалеку подобра песнава исто така со преработка ако биде избрана. Стекнав впечаток дека пеењето на Англиски најмногу неа и' оди од рака. Не знам какво и колку искуство има, но мислам дека ниту за неа не би било проблем да се појави пред толкава публика. Андреа и Лара ми го делат првото место, не можам да се одлучам која ми е подобра.

    Yon Idy- Dreams: Има некој интересен вајб, бавен но интересен. Исто има потенцијал, но и треба обработка. Не сум сигурен дека има Евровизиски вајб. Гласот исто многу добар. Дечково го видов прв пат сега, така да и не знаев што да очекувам, но искрено, ми остави впечаток некој.

    Kaly- Love and Light: Давор Јордановски ако не направи песна за љубов, себесакање, светлина, зен некои песнички, за што би? Кали ме разочара, некако очекував повеќе од неа со гласот којшто го има. Песнава никако не допре до мене, немам ни што да коментирам.

    Виктор- Superman: А-у :o (facepalm) :worried:. Не знам што попрво ми е кринџ во целиот "пакет" да речам, дали мелодијата, дали текстот, дали движењата во видеото. Кринџ во секој случај. Не знам дали има некој од надвор кој ја слушнал песнава и не ни се смее, не верувам. Не знам што пробувал да направи. Апсолутно сум сигурен дека меѓу другите 40-тина песни имало барем две подобри од оваа и следната на листата, ако не од другите. Ме потсеќа на I Don't Feel Hate (Германија 2021), која, за потсетување, доби нула поени од публиката во финалето. Така што, ќе привлечеме внимание мало морген.

    Ris Flower- Flying to Berlin: Овој изгледа ко да е уфилман дека веќе победил и ќе лета во Торино, ама жал ми е :D. За песната што да кажам, два пати ја пуштив, два пати после 20 секунди ја прекинав. Ова е од тие песни што значат пауза за тоалет на Евровизија.

    И нешто општо за МРТ. Прво, продукциски катастрофа :x. Со подобра продукција и малку повеќе труд и овие песни кои ги имаме би звучеле подобро. Второ, за време на емисијата, тие воведните делови кои веројатно беа планирани да привлечат симпатии- одвлекоа и ама ич не беа потребни толкави километарски говори. МРТ, за следни години ако учествуваме, ни треба поинаков формат на национален избор, не ваков. Не мора подалеку, доволно е да се земе пример од Србија, Албанија или Хрватска. Нека биде исто сè онлајн, ама нека имаме повеќе избор, барем 14-20 песни. И зошто да не биде исто како во Србија и Албанија, на националниот избор правило да биде секоја песна да биде на мајчиниот јазик, па после победникот нека бира дали ќе ја преправа или не. Би било многу подобро така.

    Песниве сите се како демо верзија, звучат и изгледаат недовршени. Нема да ми биде жал која и да победи од првите две на листава. Со ревамп на нивните песни имаме шанси и да влеземе во финале, нормално ако се пропратени со добар сценски настап, зашто годинава по сè изгледа за среќа сме во полесното полуфинале. Овие две песни гледам и дека се фаворити на странската публика.

    Така што, среќно! :*:
     
    На senjorita-v, Mięta, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Pure_Evil

    Pure_Evil Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Чувај си ја главата :) Си ја слушнала во живо, си изгледала некој настап во живо? Девојчето е родено на и за сцена.
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.096
    Пол:
    Женски
    I can fight with your father, yes I can be with your mother ;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(

    Ова е дефинитивно најглупавиот текст што го имам прочитано, а сум се сретнала со многу глупава музика.

    Х о р о р.
     
    На senjorita-v, SexyDarling, Ivan4e04 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    I can boom boom bang I can bang bang boom :D

    Мастерпис од лирикс.
     
    На senjorita-v, Adi888, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  19. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Кај може да се види кој колку гласови има?
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам ме понесоа емоции, пуштив некоја солза.
    А еве, имала подлабоко значење песната. :drunk::tmi::o
     

    Прикачени фајлови:

    На boo3, Celltica, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.