Па вистина е дека привлекуваат внимание. Не дека значи позитивно нешто и пласман. Напротив, најверојатно исто нема да добиеме поени, ама се забележливи. Еве, на песната што ја спомна веднаш ми текна, иако сигурно и јас сум ја рангирала околу последно место. Да ми кажеш некоја натинг спешл балада од истата година, нема шанси да ми текне.
Никој од овие нема да звучи добро на Евровизија, ќе се упрпаат пред огромна публика и тоа е факт, го немаат искуството. Грев ми е за македонската музика ако дошло до тоа овие да се најдобрите песни што може да се создадат денес. И ми е жал што не се пее на македонски јазик, Евровизија беше далеку поинтересна кога секоја држава пееше на свој јазик.
Како сум го пропуштила настанов вчера. Сега ги преслушувам песниве. Ris Flower колку е кринџ со movements-от и некои негови обиди филмски да пее не могу, а песнава ич ама ич не е за на евровизија. Кали ми е некако ко Кајли Миног вајб од пред 100 години музичето у позадина, досадна и воопшто не е catchy. Лара со алиекспрес Џемс Бонд музиче и мрмља зборови, знам дека ви е фаворит ама да бидеме реални не знае да ги изговори чисто зборовите, песнава веч видено, next. Јон има многу убава песничка, инди и е нешто што би го слушала лично во слободно време, ама не е за на евровизија, ама ако и другиве се вака лоши оваа е најдобар избор. Ок нареден Викторче, омг што слушам ок да бидеме реални вакви песни проаѓаат на евровизија пошто е многу catchy, иако е крајно глупава, плус Виктор и не е грд сеа реално, би го гласале. И ок уште Андреа, мојата единствена надеж. Ми се свиѓа стварно песнава, catchy е тоа circleeees, гласот убав, музичето модерно, не е монотона. Браво!!! Е ова е девојката што треба да ја пратиме. Кај нејзе оди мојот глас.
Јон има ок глас, ама песната му е досадна. Не држи внимание. Андреа добро звучи, а и песната има добар ритам. Кали е ок, а песната има добар текст. Лара на моменти звучи ко да голта букви, а песната е малку депре. Рис има добар глас, ама текстот на песната е идиотски. Виктор има добар глас, ама тексот на песната е ужасен. Можам да замислам како едната половина од публиката му се смее, а другата го пцуе.
Јас дефинитивно сум за тоа да пратиме нешто позабавно, откачено, ама ова не е тоа. Мене текстот ми е најголемиот проблем, ко пародија ми делува со овој мизерен текст.
Исто. И не само ние, цел Балкан сакам да праќа забавни песни и да мрднеме од она Balkan Balad. Ама вистина Виктор не е тоа тоа. Текстот не мора да е нешто посебно, слатка као чоко моко не дека е Сергеј Рахманинов, ама пак убаво звучеше тоа некако. I can tik I can tok Ај Боки 13 може да го пратиме за вакво нешто, нека искочи од робија само прво
Виктор серизоно си кажа дека не се зборува доволно за правата на мажите во последно време па многу мажи патат од депресија
Ај денес да се изјаснам пак, повторно ги преслушав. Рис - го знам од свирки и сигурна сум дека добро пее. Песната - е мој стил, ама за Евровизија не е. 6/10 Кали - Ја знам од свирки исто, не е "врв", но добар вокал е. Песната - е баш убава и со добар ривамп, може да се среди до оцена 10/10, вака 8/10. Лара - колку што знам, девојчево има одличен вокал и мислам дека може да изнесе песна на сцена ко шо треба. Песната - убава, концепт - Тамара 2019та. Па, кога не можат подобро, барем се трудат да постигнат успех на веќе испробан начин. Сепак мислам дека нема полошо од тоа да се трудиш да напраиш 2.0 верзија на твојот најголем успех. Треба различно, иновативно, ново нешто. Да не ја знаев на Тамара песната, ќе бев воодушевена и ќе речев 10/10, она е 10/10, ама дека веќе постои Тамара, па никако не можам да ја оценам. Андреа - не ја знам како вокал, се надевам дека е добра. Песната - ОДЛИЧНА! Оваа ми е на врвот, далеку од тоа дека е труд за победа, а тоа е нешто што јас го барам од нашите песни на Евровизија, сепак давам зелено светло, многу добра песна. 10/10 Јон - Сега го упознав на нашава сцена, му слушнав некои песни и дечкото ми звучи ТОП, талентирано дете кое си носи свој белег, мислам дека може да изнесе песна на таа сцена. Песната - убава, ама наједноставна од сите негови, дечкото има 100 пати подобри песни напраено од оваа. 8/10 Виктор - го знам од Идол, добро пее, не е мој стил. Песната - op op op opa Gangnam Style Весело, глупаво, интересно и не толку интересно. Па, кога не се трудат да победиме, може да се позабављаме, ќе го запамтат. 100/10 Како и да е, сите песни се добри, ама нема ниту една што би доживеала голем успех на Евровизија. Е тоа е она што јас не го сакам, се прашувам, кога ќе дојде денот кога ќе дадат се од себе и ќе се борат за победа КОНЕЧНО? АБЕ КОГА?
Катастрофа сите до една освен таа на Виктор. Неговата ми е убава песна, добар ритам, можеби малку текст, ама баш на таа песна тој може да игра и да не стои како здрвена марија. Другиве, која од која полоша.
Лелее многу сакам Виктор да го пуштаат. Глупичка е песната ама има ритам, весела е. Да смениме малце од безвезните англиски балади шо ги пуштаме.
Леле кажите дека Виктор не беше сериозен, се пресмеав со песната уште да летнит фалеше на крај. Circles беше добра
Сериозни сте за Виктор? Хорор е благ збор за песната. Но, ајде да го тргнеме настрана неговото безвременско ремек-дело кое ќе биде слушано со години. Не можам да ги заборавам мудрите мисли и хехенце муабетите кога ја претставуваше песната Стварно не можам да го замислам како претставник на Евровизија. Можеби ако беше подобар текстот и ако покажеше поголеми вокални способности ќе беше поокеј, ама можеби
За на Евровизија треба песната (заедно со сценскиот настап нормално) да направи некаков импакт и wow момент. Треба бум бум бенг момент Е сега, од песниве коишто ги слушнавме, поточно од овие верзии, никоја нема таков момент. Никоја. Меѓутоа, според мене, само две имаат потенцијал да постигнат таков уау момент со правилна и добра обработка. А тоа се Circles и Flower of Sorrow. Немаме квалитетна брза песна ние на овој избор. Не е само да пратиме тралалајка некоја, треба и квалитет, нешто како Шум, Адреналина, Фуего, па и Судбина на Васил на пример, а не Супермен. А, и да. Не се сеќавам да сме имале добар сценски настап за брза песна. И Dance Alone и Lost & Found беа супер песни пред да се изведат live.