Единствена песна која требаше да ја пратиме од "смешно-глуп" карактер беше Генгста оро. Спрема оваа на Виктор изобилува со квалитет. Ама се пропушти тогаш шансата и толку беше.
Иначе иам една песна која ми е ептен криво оти не отиде тогаш, а тоа е оваа Ова мислам дека и денес да го пуштиме е поквалитетно од 90% од песни што сме пратиле. Сакам некогаш нешто наше и специфично, нешто вака и ко ѓердан на Васил.
Ако требаше да бираме некоја од ИЗВЕДУВАЧИТЕ (не песните), дефинитивно би Андреа затоа што се издвојува од останатибе со посебност и некако си е лик. Btw, песнава на Лара ме потсеќа и е во стилот на Rise like a phoenix, но не верувам дека може да пренесе таква емоција како Conchita. Затоа тешко дека ќе постигне нешто.
Еееех да. Ама ова е класика, сега нема многу композиции од ваков квалитет, само поквалитетни аранжмани кои прават песните да звучат добро, а уствари се забораваат одма после Евровизија.
Оваа песна ми е омилена од све досега што отишло и што сме пробале да го пратиме на Евровизија. Општо ми е една од нашите најубави песни, нешто што ми е специфично за кај нас, а плус Гиш со колку емоции ја пее, до ден денес ме ежи. Знам еднаш му слушав интервју и човекот вика дека ептен си ја сака оваа песна. А и специфична е, све друго потсеќа на нешто веќе испеано. Штета, јас сериозно мислам дека со ваква песна не ни бега топ 5. Ама треба да се најде некој олку искрено и чисто да пее пак, а кај нас моментално не знам кој би можел да го направи тоа.
Малце офф топик ама од линков отидов на песните на Владо Јаневски- компас и евергрин моите омилени од детството Зошто нема ваква музика кај нас веќе?