Ехх ова е песниште, емоција, предобра, епска е песнава …. Исто криво ми е кога го праќавме Тоше, Љубена од Симон Трпчевски беше преубава балада, срце ми трепери на таа песна
Германцине, па и другине Европејци се растурија од одење на Евровизија со ваков тип песни ко на Виктор , па и далеку поглупави, а ккако што гледам вакви високо котираат. Да, ако Евровизија се сфати како зафрканција, може да оди, кога другите се забавуваат и глупираат, зошто не и ние. Јас не сум за балада, повеќе ми се свиѓа таа на Кали подинамична ми е, ако веќе би одела балада треба да има пребогат аранжман и пејач/ка со извонреден глас, ама извонреден за да не се претпопи во остатокот балади што би се презенетирале.
За песни од ваков калибар треба тажна позадина, емоција, копнеж, тага… така излегуваат квалитетни песни…
А шо е со шпекулациите дека Гиговска и Марија Груевска испратиле песни, а не се избрани? Има некоја вистина? Баш ми е чудно шо попрво некои no-names избрале отколку некој шо веќе има искуство и популарност, ваљда не биле до толку лоши песните.
Од 2009 пишува. Знам тогаш доста голем хит беше. Ете @Компир Манџа памети повеќе, 2 место завршиле. А кој беше прво, не се сеќавам. Мартин Вучиќ?
Затоа и се искачи толку високо, квалитетна композиција и исклучителен вокал. Можеше и да победи. Лара има потенцијал, ама мене песната ми е само обид да биде како онаа на Тамара. А не е толку добра. Не знам Андреа како се снаоѓа со пеење во живо, а и не верувам дека има искуство, уствари никој од овие нема некое искуство. Ама мене на Андреа песната за сега ми е бр.1 Не сум гласала сé уште, зошто стварно не знам за кого, ко да прочитав дека само еднаш може да се гласа.
Најголем пораз за моето битие е што песнана на Виктор ја слушав 3-4 пати. Ми се уврте у глава. Она генгста оро прв пат го гледам, умрев. И овие се од 2009. Прејака конкуренција имало тогаш.
Едно прашање имам, што во Македонија значи имање искуство? Сериозен сум, мислам дека немаме некои фестивали така поголеми за вистинско искуство. Еве на пример Лара, три пати се има појавено на МакФест и и' го отвори концертот летото на Тамара во Охрид (одлична беше сериозно, насетив тогаш дека неа ќе ја изберат МРТ ако има интерен избор ). Виктор ајде на Идол, што не знам какво искуство е. Кали ИксФактор Бугарија ако не се лажам. Иначе да, еднаш може да се гласа. Не ми дава пак да гласам.
Имаше коментар на Твитер за неговата песна, беше нешто во смисла it is that bad that it's already good
Имање искуство, е имање многу настапи во живо, стекнати вештини за комуникација со публика и камери, значи фестивали, настани и концерти. Не, не е доволно настапување на свирки по клубови, и Ај Кју имаа такво искуство, па се "усра" Марија на сцена.
Е затоа уште немам гласано, стварно ми се допаѓа "Circles", ама не можам да и верувам на Андреа, за мене е многу нова, како и останатите всушност. За Лара не знам, можеби највеќе искуство има, песната е добра, ама ептен ми личи како на Тамара и мислам дека по втор пат иста шема нема да има таков успех. Ете ми се стесни изборот меѓу тие две, решив да бидам сериозна и да се откажам од гангам стајл.
Види, во моментов песната на Андреа е покомплетна од онаа на Лара, кај Лара неееешто недостасува. Да не беа дозволени преработки, Андреа ќе беше the moment. Ама вака... некако повеќе потенцијал гледам во Flower of Sorrow, нормално со обработка, а гледам дека Лара (или некој од тимот нејзин) ги чита и лајкува сите коментари на Јутуб, така што без сомнеж очекувам подобрување. Тие преработки чуда можат да направат и имаат направено