Хаххааххахха не сте нормални бе жими сѐ. Прво не знаевте никој од изведувачиве. После ви биле млади, неискусни, не ги бивало... А оно сите, освен за Рис неам појма, се школувани музичари. И стигнавме до моментот дека ја сум платееен срцки сте ептен! Неам зборови!
Види Бугарија најдобриот пласман го имаше со „дете“ од 17 години. Сега Лара не можам да ја споредам со него, ама годините не играат преголема улога. Така да тоа што има 17 години не е пречка.
Јас сум нонстоп платен на форумов , само вие уште немате скапирано, т.е. некој еве веќе конечно се будите Бев платен од Филипче за промовирање негови мерки во 2020, после во 2021 исто од него али и од меѓународна заедница за да ширам позитивна пропаганда за вакцините , па и за тупење дека песните на Васил за Евровизија се добри, сега и за Лара Едвај чекам следен collab
Некој спомна, па ајде дејли апдејт 2/8: *според EurovisionWorld Рејтинг на песните од слушателите: 1. Андреа- Circles [4.5/5] 2. Лара- Flower of Sorrow [4.4/5] 3. Виктор- Superman [3.5/5] 4. Yon Idy- Dreams [3.2/5] 5. Кали- Love and Light [2.9/5] 6. Ris Flower- Flying to Berlin [1.6/5] Анкета:
Нашите никако не можат да сфатат дека на Евровизија треба да си автентичен и свој, а не веќе стопати видено едно исто, тоа па тоа. За жал ние не ни имаме такви пеачи веќе, сите наликуваат едни на други, монотони, безлични, бледи копии. Не гледаат ли дека на Евровизија секоја година победува нешто поразлично што не е веќе видено. Кога сме баладите, еве ова е балада што грми. Да има многу балади, ама е поразлична и се истакнува од веќе видените балади, а не на Лара досадната балада. Да се потсетиме
Лара е одлична пејачка да не се лажеме и има многу подобри песни од оваа, на пример "Осамена". Да ја пее оваа песна на македонски можда и би добила повеќе смисла, вака нема некој вајб, како што и кажавте ова е веќе видено, а ниту пак самата Лара се усогласува со песната. Многу е монотоно, мислам самата песна е балада али фали нешто, можда и харизмата на Лара. Плус немаат врска годините ниту пак искуство некое, а ова девојче што влегло во финале има сценски настап, има енергија и плус песна што знае да ја изведе. Еднаш некој да им напишеше асален текст што ќе се усогласува со самите пејачи, не се криви ни они на крај краева пошто имаат глас...
Без лутење, ама факт е дека се анонимуси, Виктор е познат по Идол (зависи колку го памтат), а Лара има убави песни и добра промоција, за Калина се пишува дека била 15 години на естрадата, а ретко кој ја знае. Во искуството не навлегувам, ама немаа некоја самодоверба, харизма пред камерата, како уплашени дечиња на приредба.
Таман работа лутење. Ама смешно е кога ќе прочиташ некој што вика кои се овие и после три коментари им вади прљав веш на истите...
Евровизиски Твитер по она што гледам од Лара очекуваше и се надеваше на нешто налик нејзината "За Нас", од која беа воодушевени. Значи нешто што ќе направо бум бум бенг, а тоа Flower of Sorrow во оваа верзија објавена сега го нема. Меѓутоа, пак ќе речам, не е нешто што не може да се корегира. Може, легитимно е и пожелно. За сценски настап не можеме да коментираме уште сега, ако ги најмат пак Швеѓанките, немаме утка, балади знаат да сценираат тие.
Се согласувам, балади има многу, и сите наликуваат една на друга. За победа и пласман треба ептен да се истакнува со нешто. Не можам да кажам дека песната на Лара го има тоа нешто. Оваа ми е една од омилените песни кои некогаш победиле на евровизија.