Стварно,зошто уште сега навивате? И добри пејачи понекогаш имаат утнати песни. Нека искочат песните,после проценете.
Кои се сите овие Кај ги наоѓаат бе? При Калиопе, Каролина, еве и Антониа да е, Некст Тајм и уште многу веќе докажани, пуштаат шалабајзери некои шо ги нема на мапа.Кои се персониве?До коа ќе се бламираме на Евровизија? Не мора по секој дена да пуштаме некој…као сериозно Со Калиопи не тепавме, со овие самопрозваниве ќе пееме У земјава,секој втор е пејач/ка, ди џеј и инфлуенсерка.Од толку професии
Не мора да значи Феминка дека нема да има успех со непознати ликови, напротив, не е лошо да се откриваат нови таленти и да се докажуваат. Таму на сцената сите се непознати. Дека беше Есма со Лозано што направивме? Или Калиопи вториот пат (т.е. третиот, во 2016)? Или Тоше којшто го уништија со песната. И Некст Тајм беа Меѓу фаворитите за победа годинава на националниот избор на Норвешка, а и на цела Евровизија ако победи прво локално, е Елси Беј, тотален анонимус кој првпат се појавува со песна. И фаворит е. Бугарија својот најдобар пласман, 2-ро место и рекорден број на поени, 600+ освои исто така со анонимус, во 2017. Швајцарецот од лани е сличен случај. Популарен во Мк не значи популарен и во странство, ниту пак дека ќе се допадне на публиката. Останува да видиме што припремиле овие што се избрани, па ќе судиме.
Лара ја знам уште од првата песна, ја имав приметено, убаво пее, специфична ми е некако, мислам дека она ќе биде каква песна и д аима ми личи од сите овие дека има најмногу врски(добра е секако ама ми личи и на најврскаџија од овие )
Се ежам увек кога ќе прочитам "нашата држава " Има ваљда име таа земја Така ли ќе настапуваме на Евровизија 2022 под "нашата земја"?
И овие 6 што се пријавиле ми е чудо искрено. Кај нас традиција си е да се изнајадеме лајна за кој и да иде. Никаква поддршка нашите артисти немаат, апсолутна 0. Лани за Васил дегутнантно беше се што се пишуваше. А и добар артист не значи добра песна, од тие што си ги наведила само Црно и бело на Калиопи беше супер, другото се тиња. Некст Тајм според мене ја имаат една од најслабите песни што некад Македонија ги пуштила. Жал ме фаќа кога ќе видам 6 артисти, колку ни е мртвило музичката сцена, страшно. А кај Србиве 36 композиции и тоа кој од кој појаки артисти, едно 6-7 фаворити има сигурно. Како ги поддржуваат нивните артисти, секоја им чест. Лани за Хурикејн очи вадеа по коментари и секоја чест за тоа, така си се сака и си се бодри својата држава, а не ко нас што освен за гомна јадење за ништо друго за таа манифестација не знаеме. Да ги чујам песните па ќе кажам што највише ми се свиѓа. Лара има потенцијал, само да и погодат убава песна. Да не биде нешто ко од Кајмакоски со црнците и лисјата, туѓ срам да ме јаде.
Испаѓа имаме побогата музичка сцена од Србија Само не знам кои биле критериумите на комисијата и зошто баш 6 песни. Како и да е, стои фактот дека сме најдобри за ругање на нашите претставници Дното го допревме лани со коментарите за Васил...
Се имаа пријавено повеќе песни ама зошто одбрале баш 6 не знам... Абе да, србите очи вадеа за хјурикејн ама и тие колку гордо збореа за Србија, не ко нашиве претставници. Зашто ако немаш љубов кон татковината, свесност за национална припадност треба публиката да те сака??? Има и претерани коментари ругање на лична основа, тоа не го прифаќам. Ама на национална зошто да не, па ако згрешиш ќе ти врати народот
Уште ни фали некој скандал за оваа година, па топ ќе биде. Шала на страна, дај боже МРТ сериозно да го избере претставникот со добра песна и солиден настап. Да не се повтори сценариото како со Јана пред 5 години!
Човечки е да се згреши, а уште почовечки е да се извини. Васил се извини, го тргна спорниот елемент од спотот и се потруди да отпее најдобро што можеше. Ниеден човек не го заслужува оној булинг што тој го изеде, препрости коментари имаше, срам ми беше да ги читам мене. Малку сум субјективна за Хурикејн, затоа што ми се ептен мили и ги слушам уште од Фаворито, ама да, досега секој потег им е тактички скроз погоден, дури и нас не спомнуваа и наше знаме истакнаа во еден момент заедно со знамиња од цела бивша Југославија. Јас ги сакам пошто се ептен оpen minded и се нервирав кога гледав и за нив какви гадни коментари имаше. И тоа од жени. Во секој случај добро би било да се научиме да си ги сакаме кандидатите без разлика дали се ВМРО или СДСМ. Тамара не помина подобро, а жената беше нешто најдобро што сме пратиле, јас одговорно тврдам дека имаше една од најубавите песни во 2019. Од Данкан ми е до ден денес подобра, евентуално Норвешка беше симпатична таа година и Украина што се повлече Марув иначе ќе тепаше, 100%. Не е лошо малку да научиме да си ги поддржуваме кандидатите, сепак и тие се луѓе.
Мене Васил како вокал многу ми се допаѓа, го следев лично на емисии веднаш кога се врати. Двете песни негови ми беа онака, за мене мех. Меѓутоа грешката му беше голема, едноставно не треба да си го дозволиш тоа, па имаш цел тим позади тебе. Не е ова јас одам на улица ќе снимам видео и несакајќи во позадина ќе фатам нешто во кадар. Не ми се допадна тоа, изгуби поддршка. Додека за Тамара, песната, настапот се беше совршено ама и она си имаше испади. Со возилата за итна, со химната. Некако многу им се големи грешките за да може публиката лесно да им "прости". А, за делот дали се вмро или сдсм се согласувам се е исполитизирано кај нас. ***еден рандом муабет кога сме веќе на ова офф топик е ама сепак седиме со колеги гледаме ракомет и почнаа неосновани коментари за спортисти да велат дека не се добри само затоа што се од некоја партија. Залсепени сме од политика да ама Васил и Тамара направија грешки со што си го навредиа народот.
Друже, Калиопи Тоше и Есма се м-р др за музика, нешто со НИКОЈ од овие горенаведениве нема да биде.Секој од нив тројца е специјален на свој начин. А Тоше и Есма цел свет ги знае за НОБЕЛОВА. Овие една песна без аутотјун не може да напраат
Не ги потценив овие музичари, ама ете на Евровизија утнаа. Сакав да ти кажам дека успешен дома не значи и успешен надвор. За аутотјун, слушни ја Лара, во живо: Спојлер: Лара во живо Или Виктор (бтв ми текна кој е, фала што ме потсетивте ), и тој е добар: Спојлер: Виктор во живо И Калина има супер вокал: Спојлер: Калина во живо https://youtu.be/qJicox-avng Другите не ги знам, ама овие се супер вокали. Не судете пред да видите, не знаеме кој/а, колку и како ќе нè изненади
Зошто, ама зошто се’ на англиски јазик? Сменете една година барем, одете со нешто на наш јазик, шо ќе бидни? Или си мислат со англиска песна дирек финале ке одиме, ко досега. Само Тамара отскокнуваше со песната, се’ останато шо сме пуштиле последниве 5-6 години било тиња. А колку убав јазик имаме, некоја убаво скоцкана песна и топ ќе испадни. Амаа не, мора секоја година Енглез да будем.
Гзолижачи И ја сум ја македонски да биде.. Ама тоа е..Се газиме и пак нема да вроди со плод. Само ние се потценуваме
Ама зашо не на македонски? Колку земји има на свој јазик си пеат. Него како гзот да си го допродадеме
На македонски ако биде песната нема од другите држави да гласаат за нас пошто не ни го разбираат јазикот, најдобра опција е на англиски во целост.