Види ја чешката песна од пред 2 години...со сличен ритам и текст како на Виктор. Види каде беше на топ листите, види кое место освои на Евросонг. Закуцај малку на гугл, провери сличните песни како на Виктор како се рангирани. Не треси само зелени.
Ако го изберат Виктор, не кажувам дека сум од Македонија. Поглупа песна, во живот немам слушнато. Фаворит ми е Андреа.
Знаејќи дека Ахој е тука исто колку и ти, а на тема Евровизија, сигурно повеќе од тебе. И секогаш е поддршка на нашите претставници, сигурно не можеш да збориш дека во нечија корист зборува. Едноставно секој има право да има фаворит/и и мислење. Мислењата и желбата да ги споделуваме, не носат овде на форумов. Дај дебатирајте, не се расправајте за глупости.
Гласав за Лара, сакр сум за балади, иако не ги обожавам на евровизија. На Андреа песната гледам многу ја фалите и не знам колку пати ја преслушав никако не ми се лепи за уво. Има нешто во рефренот што ми иде малце како на нерви, ама не знам како музички да го интерпретирам, немам толкави познавања. Се надевам убав сценски настап ќе има, кој и да е, немам никакви очекувања од било кои од овие настапувачи, ако не се случи некое чудо, дефинитивно нема да влеземе во финале. Освен Виктор, останативе прв пат ги слушам, и поима немам како ќе се претстават, ама и најдобрите пејачи да се, песниве се.. мех
Баш дека ете знаеме како функционира сѐ кај нас и те прашувам. Ако победи Андреа истово ќе го збориш и зошто не? Извини вака ама си слушнала за сарказам и иронија?
Види, ако пратиш Евровизија, до сега треба да ти е јасно што сака Европа од нас. А најчесто ништо што ние нудиме. Ама небитно. А пратиш ли? Може само онака. Ако пратиш поактивно, ќе видиш дека Виктор не им се допаѓа. Ако сакаш успех, тогаш послушај ги. Јас така почнав да гледам на изборов.
Експресно ги спреми. Или имаш фолдер за секое можно сценарио? @Ajronmen пријателе, ти си по пишењето песни, оти те нема во текстописците за Евровизија? Ко има Супермен, фали и Ајронмен.
Ако можеше песната од Израел на Нета да победи, зошто не на Виктор. Некогаш луѓето се зачудувачко глупи.
По твитовите под овој и сите коментари може да се види што мислат другите земји за песната и како би поминала. Не мора по секоја цена да се глуми интересен.
Eпа братче не си видел, мене од Лара веќе ми излегува цел месец на инстаграм, во некоја тема ставив и screenshot, друго во секоја една емисија што беше на тв беше гост, и ја бутна татко и да рекламира накит…..џабе џабе кога нема харизма
Друже стварно не знам како ќе заспијам вечер пошто никад нема да ја засакаш Лара. Ти посочив само дека тресеш глупости затоа што глас не мутира после 17 години, особено не кај девојчиња. Ама изглеа ти си еден од исклучоците. Никаде не ја спомнав Лара, ти почна да напаѓаш. Ти реков кажи си не ми се свиѓа бре срање е и тоа е тоа. Извини што сакав да ти посочам дека се бламираш... Патем Виктор е пејачиште како и останатите деца, сите музички образовани и со сериозен труд зад себе на млади години. Е сеа тоа што ти не си мрднал подалеку од Каролина и Владо Јаневски и што немаш појма што се случува на македонската сцена последниве години е твој проблем не мој. И конечно треба темава да ја преименуваме во Лечење фрустрации со помош на МТВ и Евровизија, па здравје до година наместо радиодифузна да плаќаме придонеси за унапередување на психичко здравје, јер сите фрустрации излечени
Зошто не е само да се изглупираш, треба и тоа да знаеш како да го направиш. Текстот е стварно нешто што ја одвраќа публиката. А мелодијата и ако е гангнам стајл, може да пројде. Едит: земи го за пример царов