Отворив коментари на фб, мазохист ај реков да ми умри некоја клетка. И, им се бендисва песната на Виктор бе. Научена сум да гледам негативни коментари, сега they actually like it. Така да, секоја чест за Виктор, си ја знај чоеко работата, знај како со нас македонскиот народ.
Замисли Бум Бум тек сега да ја промовираа како дел од изборов. Па во несвест ќе попаѓавме, победници одма
Ау Елени... Непребол со Фуего Таа година имаше супер песни, ама гласањето ошљака се... Нета бе, на толку убави песни. Колку и да сакам Евровизија делот со гласање нај ме плаши пошто не е секогаш коректно.
Баш. Замисли после Сељо настапува некоја од нашиве жалнопојки. Многу пресериозно се сфаќа гласањево, ко и онака со било која од овие ни во финале не влегуваме.
Последна македонска песна од евровизија, шо била нон-топ на replay во мое друштво е Нинанајна од Елена. Од тогаш па наваму или балада се праќа или нешто колку да помини.
Ја изнаслушав песнава, цел ден ми е на repeat Не е за Евровизија според мене, па гласав и навивам за Андреа. Но, дефинитивно ми е нај-fave од сите 6 песни.
И мене ептен ми се свиѓаат вакви комбинации од етно и модерна музика. Не е нешто на што сме навикнати и затоа се впечатливи и интересни. Штета, друга песна одбраа како претставник на Шпанија.
2 саати тагувам за резултатот. Ептен бев хајпнат, ова ќе ми беше топ 3 песна годинава, ако не и победничка. Не ме распнувајте, ама мене ова ми е маааалку боље од сељо.
Да и на Верка Сердучка не и одговараше зибен зибен ајлулу и тие костимите што ги носеа, ама песната беше скроз забавна и беше топ 5 ако не се лажам. Како не ви се смачи од жалопојки и баладишта, јас би нешто весело и се надевам ако е Виктор одбран дека ќе имат добра кореографија смислено. Лара ќе почни и на сон да ми излегва а отворам Youtube во sponsored ми излегва. Ептен ќе ми биди криво ако е местено.
Еее Бокица и сакаше да иде и се љутеше зошто не го пуштивме... Уште беше во Лепа Брена филм тогаш. Времиња...