update: ја отворив страната преку incognito на PC вклучен на хотспот - 4G од тел(оти само така ми отвара), а претходно глсав преку 4G од телефон и повторно ми даде да гласам. Значи сепак можи. RIP.
Не знам. Стварно не се разбирам... Ама самото тоа што моеш да гласаш колку пати сакаш остава простор за сомнеж. Да не праиме муабет колку им беше тапа платформата на старт. Пробав да видам дали ќе функционира истово на eurovision world и guess what не функционира Ако не можеле ова да го средат не верувам дека ќе можат да селектираат гласови.
Не ги знам песниве на другите, случајно на тик ток ми излезе песната на Виктор и не знам дали е заебанција или навистина е за избор да не преставува?
Не сме исплашени од нечиј успех туку ни е преку глава од упорно форсирање со сила, најчесто на мамини и татини. Девојчето нема харизма, факт. Еднолична е, и поголема антиреклама и прават со тие спонзорирани објави, уште од фрижидерот само што не ми излезе. (незборам за сега) Го има најдобриот тим, ама џабе кога нема емоција,премногу монотоно.
Мислам дека гласањето преку нет нема врска, ова е да е да види само на народот која песна му е допаѓа, но сепак тие ќе си одлучат кого ќе го пратат, да не се лажеме. Може веќе и се знае кој ќе биде пратен. Кога ќе се знае која песна е избрана?
Во петок ќе се знае. Инаку и мене така ми изгледа работава, дека сепак гласањето е како формалност, па затоа и не се потрудиле да биде најкоректно. Шо малку ме нервира, оти веќе со години едни те исти луѓе одлучуваат кој ќе оди на евровизија - нема смисла. Ја претставуваат државата, а не МРТ.
Се мислам за глас меѓу Андреа и Виктор. Најголем квалитет гледам во Андреа ама песната ќе се изгуби меѓу другите, нема да остави посебен впечаток. Од Виктор има крш текст и ни изгледа како брука ама останува во памет, впечатлива е. Всушност имало ваков тип песни на Евровизија, не дека некој ќе ни се смее дотолку. Праќале несериозни песни, онака баш за забава, шоу. Така што, баш ќе размислам меѓу овие две...