Спојлер: Ќумрам Следува исповед, многу ми тежеше на душата па ај да ви кажам. Полека умирам секогаш кога ќе се сетам. Мислам дека имав некои си 12 години, тогаш беше Македонски Идол на кој учествуваше и Виктор. Дека беа толку популарни, ги шетаа по градови и делеа автограми. Глупо дете бев јбг, презаљубена во Виктор и ко беа во Битола не стигнав навреме за автограм. Ги фатив на излегување, кога влегуваа во комбето, една сурија чупиња јуриш по него. Јас заедно со нив, 1 километар ТРЧАВМЕ по комбето во кое беше Виктор, ама никогаш не го стигнавме. Дома уште ме зафркават за ова, ама не е смешно, трагично е. Виктор беше мојот Ранду и Касандра. Ако го стигнев, можеби ќе беше мојот Супермен. Случка број 2: Виктор пееше на плоштад за Нова Година, и да, пак трчав за да се сликам. Сликани сме во тројка со другарка ми, и на двете ни стоеше на позадина. Така да без мајтап, си го поштовам чоекот, по комшиска линија.
Ај ќе ве молам тужба за овие двата, мајтап на маката ми прат! А ова шо му праев мемиња вчера уствари беше одбранбен механизам, дека не ми возврати на чувствата, години берена горчина. Конечно си го признав тоа. Од љубов сестро, од љубов. Која не би.
Спојлер И јас бев презаљубена во него дур беше мк идол, шо да прам зелена тинејџерка. Сакав Битола да дојдам специјално за него ама никогаш не го направив то. Се отепав од радување кога ми лајкна пост на фб каде му пишав 'христос воскресна' за Велигден.
Ау генерацијо, оти ме потсети, исто! Па кој стрес беше пред да му пишам. Кога ќе го сретнам по улица ми е срам да го гледам, резил.
Мене никогаш не ми бил симпатичен Виктор, а песнава е мегакринџ Само Андреа ми остави убав впечаток и гласав за неа, останативе мех...
Џабе се натегате познати се фаворитите уште пред 2 недели. Андреа политичко крило сдс и оној изгубениот јон политичко крило дуи (плус цело семејство во цивил, татко му сопственик на лајф радио ...). Кога работиве би се одвивале нормално и чесно кај нас реално е Лара да победи. Специфичен глас, не е ничив плагијат како Антонија и слични на неа, убаво изгледа ...
Виктор е влезен во некој дилф/секси професор филм... Прекринџ е. Андреа едно време кога немаше толку фолоуерс, ме имаше заследено и јас ја заследив назад. Се следевме некое време и навистина ми се допаѓаа коверите што ги објавуваше и скоро сѐ ѝ лајкнував. После нешто ко месец дена ме отследи. Girl, кога си small artist, треба да имаш респект кон тие 100 души што ти лајкнуваат, а не да ги отследуваш, ако веќе ги следиш. Веројатно за Лара ќе гласам?
Мислам дека Лара ќе победи, дека песната и е од Роберт Билбилов и Дарко Димитров, а и ми изгледа на некоја која има најмногу врски за да победи. Песната на Виктор ми е пресмешна, а онаа Андреа ми е преантипатична, не ја ни знаев до сега. Песните не им се ништо посебно, a онака најискрен, не фејк впечаток ми остави Yon Idy.
Муабетите ќе бидат муабети. Ако не ги бива и да отидат ќе се усерат и ќе се вратат. После години и години вртење исти личности конечно се појавува нова генерација, секој со свои квалитети и недостатоци, кои допрва ќе се покажуваат и докажуваат а вие им е**вте мамата... Квалитетот на крај ќе го каже своето, ако останат у државава, а ако не ќе ги глеаме и ќе им се восхитуваме откако некој од надвор ќе ги признае.