Според мене Кали има некако најуникатна песна што би можела да се пробие и со темата на евровизијата оваа година. Ама земајќи во предвид дека битката оваа година би била меѓу Лара, Виктор и Андреа, ќе гласам за Виктор. Да имаше елиминации пред евровизија се сомневам и дека воопшто би влегле, ама нека врви нешто. Песната на Лара ми е досадна, тие "маестрата" позади неа не успеале да го искористат нејзиниот потенцијал. Андреа не е лоша, но песната нема евровизиски пристап. Виктор, не знам, текстот е ужас, песната како таква сите не потсеќа на некоја друга. Дечкото како свесно да сакал да се пошегува на своја сметка и затоа ќе го поддржам него. Барем нема да останеме заборавени како со другите . Кој и да победи нема да се изненадам, само ќе се надевам да се извадат со revamp.
И Марија супер пее во живо, ама без искуство, пред толкава публика, притисокот од важноста на самиот настан, а со тоа и тремата, си го направија своето. Исто така и Кајмакоски, на страна сценскиот настап, и покрај некое да речам стекнато искуство во сала пред публика, се утепа од фалширање. Така што, и да е добра песната на Андреа, ми мириса на лоша изведба во живо. А не сакам да речам, ама осеќам некако дека на сите овие може да им се деси. Па ова и не се многу гласови, малку ми е нерелевантно. Башка сега ги гледам коментарите на Јутуб и сфаќам дека според публикава, сите песни се просечни, ниту една не ја гледаат во финале и сите имаат фалинка и потреба од ривамп. Како и да е, кого и да одберат од срце ќе си го поддржувам, како и секоја година.
На толку многу плукање и заебавање до бесвест, никој од искусната генерација не сака да оди мислам. И мислам дека освен Тоше, Каролина и Калиопи, сите останати беа и испратени и дочекани со дрва и камења. Така што... Да ги земеме за пример Васил, Тамара и Тијана еве, сите извонредни вокали, перфектно пренесени песните. Ама мислам дека уште еднаш не би помислиле на Евровизија, можда веќе не сакаат ни на тв да ја гледаат. Од друга страна младата публика, за овие над 30 години, вика дека биле од нафталин извадени и не дава никаква поддршка за нешто поискусно да се прати, ко божем животот почиња на 15 и завршува на 30. Ко само во таа доба да имаат право на живот, кариера и забава луѓето.
Нема врска, На Енко синовите се бушави во главата како Канго и се по 2 метра високи. Едниот е многу мал другиот се занимава со продукција немаат врска со пеење. Чиста дезинформација
Јас мислам нема врска ова. Тие баш и не беа лошо ич дочекани или критикувани. Ама реално за успех потребно е малку да се вложи, а нашиве не сакаат ич да вложуваат. Ви текнува Тоше дека кажуваше голем дел од трошоците и сам ги покрил? Епа веќе изградени пејачи нема да се замараат со натпревар во кој од старт им ставаат кочници. Вака млади и поанонимни гледаат да се пробијат. Па за нив секако е успех да испеат пред толкава публика.
Кај Енко ја прочитав објавата веројатно не измислува човекот. И не станува збор за децата на Енко, човекот се вика Крешник.
Енко ми е личен другар, познавајќи го, гарант се заебава, луѓе да паднат на финта Да, Енко е прв вокал, не е тој Крешник. Енко и брат му Сецко се и основачи на групата. Баш ме зачуди и мене, сега проверив. Се мисли на Крешник ( поранешен вокал на Ласт Експедишн) не на Енко
Мислам дека треба и ние еднаш да испратиме трол песна на Евровизија, како што е Супермен. Песната стана вирална за многу кратко време, што не е случај со другите песни. Колку е да е глупав текстот, музиката е catchy, интересен е денсот . Колку глупави песни на Евровизија влегле во финале, кога можеше да влезе Мата Хари лани во финале, зошто да не би можела и Супермен .
Си донесов некаков заклучок за изборов, онака размислувајќи. Ова е нешто како теорија на заговор. Некако ми се чини дека изборов е направен за побезболно да ја пратат Лара (што нема да ми смета). Да нема многу побуни, мала била, нова била, дрн дрн, па дека не сме биле прашани и сл. Амаааа Андреа и Виктор им ги измешаа брзините малку, па ќе видиме. За последново си во право. Ама дека Васил, Тамара и Тијана не беа наисплуканите наши преставници, не си. Или не си пратела или си заборавила. Па тоа беше ужас од злоба, простотија и малограѓанство. Јас и не знам како не се откажаа пред да настапат.
А таман сакав да те потсетам дека денеска немаш поднесено извештај до кај си со размислувањата Д фак???
Еј ама тврд орев Yon, не ми прави follow back на инста и бити. Штета, баш сум му фан бр.1 и мислев да трчам по комбе за него, како вие погоре што пишавте за Виктор. Ме изнасмеавте со сите memes низ темава, алал да ви е.